Uncategorized
Медведев: Ангела Меркел беше конструктивен партнер за Москва

Бидејќи германска канцеларка Ангела Меркел не беше лесен партнер за Москва, таа беше конструктивен партнер и партнер што има разбирање, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, во интервју за руските медиуми.
„Според мое мислење, таа беше за нас и за мене лично, но и за претседателот и за другите наши колеги што работеа со неа, сигурен сум дека не беше лесна, но конструктивна и на многу начини апсолутно партнер кој имаше разбирање“, рече тој, пренесе ТАС С.
Не ѝ беше лесно бидејќи често имаше став што многу се разликуваше од нашиот, особено по 2014 година“, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија за поранешната германска канцеларка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
(Видео) Пожар во складиште за нафта во Донецк, сепаратистите тврдат дека било погодено од украински проектил

Огромен пожар избувнал денеска во складиште за нафта во градот Макеевка во Донецк, регион во источна Украина.
Проруските сепаратисти, кои ја контролираат областа, изјавија дека складиштето било погодено од украински проектил.
Локалните власти соопштија дека на местото на настанот има 90-ина пожарникари, кои се обидуваат да го изгаснат пожарот.
Uncategorized
Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Денеска, времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови од земјата.
Ќе дува слаб до умерен, а по должината на Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.
Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен северозападен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Uncategorized
Во „Бриџертон“ се користат бизарни реквизити за жешките сцени да изгледаат пореално

Пред неполн месец на „Нетфликс“ почна втората сезона на „Бриџертон“.
Првата сезона на серијата, која веднаш го достигна врвот на популарноста во светски рамки, е прогласена за најжешка серија на оваа стриминг-платформа поради експлицитните сцени и фаталната привлечност помеѓу Дафне Бриџертон и војводата од Хестингс.
И втората сезона изобилува со жешки сцени. Ја следи љубовната приказна помеѓу најстариот брат Бриџертон, Ентони (Џонатан Бејли), и Кејт Шарма (Симон Ешли).
Бејли неодамна во интервју за „Радио тајмс“ говореше за токсичната машкост на неговиот лик, смеата на сетот и клучните реквизити што актерите ги користат за да ги прикажат секс-сцените што е можно пореално.
За да им олеснат на актерите, продуцентите ангажирале специјализирана координаторка, Елизабет Талбот, која режира интимни сцени и користи разни методи. Бејли откри дека на актерите во снимањето на жешките сцени им помага специјален реквизит, полунапумпана топка за нетбол, игра слична на кошарка, популарна во многу земји од Комонвелтот.
„Има нови трикови, како мали перници, и неверојатно е што можете да направите со половина надуена нетбол-топка. Ако две лица глумат секс-сцена, правилото е дека мора да имаат три бариери или препреки што ги делат. Полунадуената топка може да дозволи движење без физичка врска. Има интересни моменти што ги прави тие сцени помалку срамни“, откри актерот мислејќи на токсичноста на сопствениот лик.