Uncategorized
МЗШВ ја презентираше новата предлог програма за следната година

Во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа работен состанок на подсекторските групи за новата предлог програма за директни плаќања во земјоделството за следната година. На состанокот присуствуваа 50-тина претставници од земјоделски здруженија, стопански комори, компании од агро-секторот и надлежните институции. Овој состанок се одржува со цел да слушнат предлозите на сите чинители од секторот за земјоделство и ефикасно да се направи план за распределба на субвенции за мерките од земјоделските сектори.
На состанокот од страна на претставниците на МЗШВ беше презентирана новата предлог програма за следната година, со предлозите и планираните новитети од страната на МЗШВ. Дел од новините кои се предложени од МЗШВ се однесуваат на издвојување на оризот од досегашаната категорија на растително производство како посебна култура. На овој начин, велат од министерството, се зголемува субвенцијата за ориз од сегашните 6.000 денари по хектар за безсеменски ориз на 18.000 денари, а за семенски ориз од 12.000 денари на 30.000 денари по хектар за следната 2019 година.
Во секторот градинарство, се воведува критериум за пријавување на збирни култури, односно при аплицирањето земјоделеците ќе ја прикажуваат збирната површина на различните засадени земјоделски култури. МЗШВ предлага промена на критериумот за приноси кај сончогледот, од сегашните 1.800 на 1.500 килограми,со цел поголемо производство и искористеност на субвенцијата за површини засеани со сончоглед.
Од министерството најавија дека в година ќе продолжат со зголемената финансиска поддршка од 20 отсто кај растителното и 10 отсто кај сточарското производство за развојните категории на земјоделци.
„Овие предлози беа позитивно прфатени од подсекторската група, чии што претстваници дадоа и свои предлози и сугестии кои ќе бидат разгледани од страна на МЗШВ. Субвенциите за мерките во предлог програмата за директни плаќања во земјоделство за 2019 година, се креирани така да овозможат развој на земјоделството, зголемување на површините и на производството и создавање на производи со поголема додадена вредност“, велат од министерството.
Во следните денови подсекторската група ќе одржат и посебни работни состаноци на кои ќе ги финализираат своите предлози и ќе ги достават до МЗШВ. Воедно подсекторската група ќе одржи и работен состанок за предлог програмата за рурален развој за 2019 година. Откако ќе бидат финализирани предлог програмите за следната година, истите ќе бидат доставени на усвојување до Владата на Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Во обилните дождови во Пакистан загинаа над 300 луѓе

Пакистански спасувачи на северот од земјата денеска вадат затрупани тела од урнатини, кал и буици, каде што невообичаено интензивен монсунски дожд за само 48 часа предизвика смрт на над 320 лица.
Во текот на изминатите два дена, смртоносни поројни дождови погодија неколку области на планинската северна покраина Хајбер-Пахтунхва, каде што се регистрирани 307 смртни случаи, половина од сите смртни случаи оваа сезона на монсуни, покажуваат податоците на Управата за управување со катастрофи.
Повеќето од жртвите беа однесени од поројните поплави и починаа кога нивните куќи се урнаа, од електричен удар или удари од гром.
Во оваа покраина што граничи со Авганистан и каде што сè уште има обилен дожд, повеќе од 2.000 спасувачи работат на пронаоѓање преживеани или извлекување на тела закопани под урнатините, изјави денеска Билал Ахмад Фаизи, портпарол на службата за спасување на покраината, пренесен од француските медиуми.
-Обилните дождови, лизгањето на земјиштето и блокираните патишта го отежнуваат пристапот на амбулантните возила, а спасувачите се движат пешки, додаде тој.
Uncategorized
(Фото) По разводот, Ана Ивановиќ не може да ја симне насмевката од лицето, се јави од Мајорка

Српската тенисерка Ана Ивановиќ овие денови максимално го ужива летото судејќи според нејзините објави на „Инстаграм“.
Таа објави неколку фотографии на социјалните мрежи. Позира на плажа и во еден бар, облечена во кафеав фустан од Poupette St Barth со шапка од Hermès и очила за сонце Celine.
Пред тоа таа се пофали и со фотографии од плажа покажувајќи како се сонча и излегува со пријателите, но и дека не ја заборавила својата најголема љубов – тенисот. На сите фотографии во последно време Ивановиќ не симнува насмевка од лицето.
View this post on Instagram
Адвокатот на Ана Ивановиќ, Кристијан Шерц, потврди во изјава за германскиот весник „Билд“ кон крајот на минатиот месец дека поранешната српска тенисерка и светскиот шампион во фудбал, Бастијан Швајнштајгер, се разделиле. Во писмото, кое го доби и германската новинска агенција ДПА, се наведува дека раскинувањето се должи на непомирливи разлики“.
фото: принтскрин
Uncategorized
Голем број битолчани го искористија бесплатниот скрининг за Хепатитис и болести на црниот дроб

По повод Светскиот ден за борба против хепатитис, во Битола се реализираше бесплатен скрининг за хепатитис Б, Ц и ХИВ, како и еластографија, спроведени со мобилната медицинска единица од Скопје.
Настанот беше дел од националната кампања, организиран во партнерство со: Хепар Центар Битола, Министерството за здравство, Клиниката за гастроентерохепатологија, Клиниката за инфективни болести – Скопје, Официјалната комисија за хепатоцелуларен карцином, Општина Битола, Центарот за јавно здравје – Битола и Клиничката болница Битола.
Граѓаните покажаа исклучителен интерес за скринингот, кој поради зголемената посетеност продолжи еден час подолго од планираното – сè до 13:15 часот – со цел да им се овозможи на сите заинтересирани да се тестираат.
Особено значајна беше поддршката од страна на градоначалникот Тони Коњановски, кој лично ја посети мобилната единица и ја поздрави оваа важна здравствена иницијатива.
Националната кампања за бесплатен и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дроб се реализира во 10 градови во државата. Целта е подигнување на свесноста за црнодробните болести, како што се црнодробен карцином, замастување на црниот дроб од алкохолна и неалкохолна природа, цироза и ретки болести на црн дроб.