Uncategorized
Мицкоски не може да убеди сестрински партии за Резолуција, а не за нешто повеќе, велат од СДСМ

„Германскиот Бундестаг донесе посебна Резолуција за поддршка на членството во ЕУ и признание за македонскиот јазик, идентитет, култура и посебност“, велат од СДСМ.
Тие во соопштението додаваат:
„Тоа е уште еден успех на македонската дипломатија, на државничкиот однос на СДСМ.
За Резолуцијата, во Бундестагот гласаше сестринската партија на СДСМ, додека сестринските партии на ДПМНЕ беа категорично против Резолуцијата.
Христијан Мицкоски е единствениот кој не лобирал за Резолуцијата во германскиот Бундестаг.
Тоа е истиот Мицкоски кој јавно зборува дека е можно да се смени преговарачката рамка, кој вели дека може да издејствува подобар договор.
Ете колку може. Мицкоски не може да убеди сестринските партии да ја поддржат Резолуцијата за македонскиот идентитет во германскиот Бундестаг а не нешто повеќе.
Тој не може ништо да издејствува позитивно за земјата, за граѓаните, ниту за македонскиот народ, но откако ги прифати уставните измени, сега има историска шанса да се престрои на вистинската страна.
Се што Мицкоски треба да стори е да предложи тим што ќе учествува во дијалогот и ќе ја обезбеди европската иднина на државата“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР ќе поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје против И.Ф., вработен во Регионалниот центар за гранични работи Север, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од КЗ, кој побарал и примил 2000 денари од лице за да му издаде документ за привремен престој, иако претходно лицето редовно си ги платило сите потребни издатоци за да му биде издаден документот.
По добивањето на пријавата, преземени се соодветни мерки и активности и И.Ф. на 30.11.2023 е лишен од слобода, а од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе биде поднесен и предлог за дисциплинска постапка и отстаранување од работното место до нејзиното завршување.
Uncategorized
Штекли објави фотографија од раната и напиша: Бог ги сака храбрите

Раде Трајковски-Штекли на својот „Инстаграм“ објави „стори“ со раните што ги добил од куршумите кога пред неполн месец беше пукано во него во трговскиот центар „Ист гејт мол“.
Под фотографијата што ја сподели со јавноста напиша:
„Благословен сум“, „Една од петте“ и „Бог ги сака храбрите“.
МВР сè уште нема осомничени, ниту уапсени за овие случаи. Раде Трајковски-Штекли се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев.
Uncategorized
(Видео) Македонија до реми против Англија ги заврши квалифиакции за ЕУРО 2024

Foto/ EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Англија доминираше во поседот во текот на целиот натпревар, особено тоа беше изразено во првото полувреме, кога Македонија само неколку пати успеа да мине на противничкиот дел од теренот, но и со таква игра стигна до предност.
Англичаните од големиот посед на топката, во првото полувреме не добија апсолутно ништо. Најблиску до гол беше Деклан Рајс кој во 14.минута ја погоди стативата.
Македонија поведе по пеналот што го изнуди Миовски, по невнимателниот старт на Рико Луис. Играчот кој утре ќе наполни 19 години, го удри со рака по лицетот напаѓачот на Македонија, откако успеа да интервенира.
Пеналот на Барди во 41.минута го одбрани Пикфорд, но одбиената топка се врати кај капитенот на Македонија, кој од втората шанса не пропушти да ја реализира.
Во судиското надополнување на времето, во првото полувреме, Трент шутираше, а Димитриевски одбрани исфрлувајќи ја топката во корнер.
На стартот на второто полувреме, Гришиш постигна гол во 47.минута. ВАР долго ја провруваше таа ситуација и пресуди дека играчот на Манчестер сити бил во офсајд.
Англија изедначи веднаш по влегувањето на Хари Кејн на теренот. Капитенот на „Гордиот Албион“ тргна на нафрлената топка од корнер, но таа го погоди Атанасов и заврши во голот.
До крајот немаше некои поголеми возбудувања. Во 87.минута Серафимов се обиде, но ударот заврши над голот на Пикфорд.