Контакт

Uncategorized

Невидена побарувачка за турнејата на Тејлор Свифт ја урна веб-страницата „Тикетмастер“

Објавено пред

Милиони фанови на Тејлор Свифт ја преплавија веб-страницата „Тикетмастер“ на „Лајв нејшн ентертејнмент“ во вторникот барајќи места за нејзината прва турнеја по пет години предизвикувајќи периодични прекини и долги чекања на интернет, кои често завршуваа со разочарување.

dobivaj vesti na viber

Во вторникот наутро страницата за продажба на билети ги информира фановите, преку соопштение на „Твитер“, дека се соочува со повремени проблеми на кои компанијата итно работи да ги реши.

Подоцна, „Тикетмастер“ твитна дека имало „историски невидена побарувачка“ од милиони луѓе за турнејата на Свифт, The Eras, нејзина прва од 2018 година. Продажбата на билети за концертите на Западниот Брег беше одложена за три часа.

Фановите пријавија дека чекаат во онлајн-редици до осум часа, а многумина открија дека доцнат да купат билети, кои чинат помеѓу 49 и 449 долари.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Мицкоски: Арсовска и Ковачевски нека побараат попуст за милионскиот договор за нафта и ќе има пари за превозниците

Објавено пред

Мојата порака и до градоначалничката и до Ковачевски е кога ќе се среќаваат на тие тајни средби во Владата е да договорат суштински работи кои ќе им помогнат на превозниците, затоа што така им помагаат на скопјани. Хаосот кој се случува сите тие луѓе ги фрустрира, ги прави нервозни и тоа не е добро и затоа треба барем кога ќе се состануваат на тие тајни средби за кои што потврди Ковачевски да излезат од тие средби со некакво решение, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како го коментира протестот на приватните превозни и одбивањето на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска да седне на маса и да разговара со нив за изнаоѓање на решение и стопирање на хаосот во градот со јавниот превоз.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски потенцираше дека тендерот за набавка на нафта во ЈСП Скопје не содржи член за рабат односно попуст како што содржале сите претходни договори, укажувајќи дека доколку попустот е 6 денари за еден литар нафта и доколку ЈСП троши дневно по 25 илјади литри тогаш ќе заштеди 2.500 евра дневно, на месечно ниво би заштедиле 75.000 евра, додека на годишно ниво би заштедиле 900.000 евра, односно како што рече доволно за да се подмират приватните превозни и да се прекине сообраќајниот хаос.

„Изминатите денови во јавноста дел од партиските соработници на Ковачевски излегоа со договорот кое што ЈСП го има потпишано за набавка на нафта. Излегоа против нивниот партиски другар, кој што е директор на ЈСП бидејќи тој е член на централното раководство на СДСМ. И таму за волја на вистината погрешно го цитираат членот 3 и велат дека има фиксна цена, што не е точно. Ако го прочитате подолу, бидејќи не го читаат до крај или ги мрзи или пак сакаат да спинуваат, во договорот ќе видите дека цената која ја плаќа ЈСП ја плаќа врз основа на утврдената малопродажна цена на Регулаторна комисија и таа се нивелира од ден за ден. Но, точно е тоа дека има фиксна цена, но што не содржи овој договор? Овој договор не содржи рабат или попуст кој што го содржале сите договори на сите минати раководства, дури и во времето на Петре Шилегов, и во времето на Коце Трајановски. А тој рабат е 6 денари за еден литар. Ако дневно троши ЈСП 25 тона нафта, тоа се 25 илјади литри, со овие 6 денара тоа е 150.000 денара, или 2.500 евра на ден рабат односно попуст. Помножено со 30 дена тоа е 75.000 евра месечно, помножено со 12 месеци тоа е околу 900.000 евра. Еве ги парите за приватните превозници кои што ЈСП им ги должи“, порача Мицкоски и додаде дека наместо парите да завршат кај приватните превозници тие завршуваат кај луѓе блиски до дуото Ковачевски и Арсовска.

Е сега овие пари завршуваат кај лица блиски до дуото Ковачевски и Арсовска, роднини, соработници во делот на сметководството кои што секојдневно се наоѓаат во ЈСП и кажуваат кои фактури да се платат, а кои не се платат. Ако овие 6 денара беа дел од овој договор, еве ги парите и ќе бевме ние сите скопјани заштитени од ова што денес ни се случува, рече Мицкоски.

Договорот кој што е потпишан е 2 годишен и вклучува 14 ипол милиони литри, тоа значат рабат од 1 ипол милион евра, еве ги парите само не треба да се крадат и да се местат тендери за резервни делови за семејството, треба да се вратат кај луѓето, дециден е Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Германскиот претседател Штајнмајер утре во дводневна посета на Македонија

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски утре и задутре ќе му биде домаќин на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, кој ќе престојува во дводневна официјална посета на земјата.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Штајнмајер на официјална церемонија ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Штајнмајер и пленарен состанок на делегациите на Македонија и Германија.

Во рамките на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје, претседателот Штајнмајер и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Променливо облачно и ветровито, попладне и во текот на ноќта дожд

Објавено пред

Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен, а во источните делови и по должината на Повардарието засилен, повремено силен ветер од југоисточен правец (70 км/ч.) Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 20л/м2). На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје променливо облачно со засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Утре ќе има повремен локален дожд, а од четврток ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури и со услови за појава на магла во одделни котлини.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Кривична за малолетник од Скопје за „тероризам“, за дојавите на бомби во скопски училишта

Денеска (05.12.2022) Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал...

Економија1 час

Кремљ: Европејци, подгответе се за високи цени

Кремљ предупреди дека новото ограничување на цената на руската нафта наметнато од ЕУ ќе ги „дестабилизира глобалните енергетски пазари“, но...

Македонија2 часа

Јовановски: Ова не е бавча на Арсовска, граѓаните треба да ѝ се лутат на неа

Ленин Јовановски од „Слобода превоз“ кажа дека блокадите не само што остануваат, туку и ќе ги прошират сè додека не...

Македонија2 часа

Весна Дамева е нова претседателка на Судскиот совет

Весна Дамева е нова претседателка на Судскиот совет. Дамева беше избрана со десет гласа за и еден против. Од гласањето...

Македонија2 часа

Герасимовски поднесе оставка од функцијата директор на Академијата за судии и обвинители

Судијата Зоран Герасимовски поднесе оставка од функцијата в.д. директор на Академијата за судии и обвинители, а поради конфликт на интереси,...

Свет3 часа

Меркел: Ако Путин ја нападнеше Украина во 2008 година, ќе ја прегазеше

Ангела Меркел пред околу една година ја напушти функцијата германска канцеларка како хероина на слободниот свет. На прошталната церемонија на...

Македонија3 часа

Охрид меѓу петте најпотценети градови на Балканот

Угледниот магазин „Форбс“ објави листа на петте најпотценети градови на Балканот. Балканскиот Полуостров, опремен со живописни плажи, прекрасни планини и...

Македонија4 часа

Дојави за бомби во училишта во Кавадарци

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска околу 07 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса...

Свет4 часа

(Видео) Експлозија на руски аеродром: Се запали резервоар за гориво, има загинати и повредени

Три лица загинаа во експлозија на резервоар за гориво на аеродромот во близина на рускиот град Рјазан. Шест лица се...

Европа4 часа

Макрон: Имам директен контакт со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека одржува редовни разговори и директен контакт со рускиот претседател Владимир Путин. „Секогаш одржувам редовни...

Економија5 часа

На сила стапија ограничувањето на цената на руската нафтата и забраната за увоз во ЕУ

Денеска стапи на сила ограничувањето на цената на руската нафта од 60 долари за барел договорено од ЕУ, Г7 и...

Свет5 часа

Убиен чеченски блогер во Шведска, голем критичар на Кадиров

Познатиот чеченски антирежимски блогер Тумсо Абдурахманов е убиен во Шведска, потврди чеченското опозициско движење 1ADAT. Според извештаите, Абдурахманов бил убиен...

Свет5 часа

Дојава за бомба во авион за Бристол, летот пренасочен кон Прага

Летот на компанијата „Изиџет“ од Краков, Полска, до Велика Британија безбедно слета откако беше пренасочен кон Прага поради извештаи за...

Македонија5 часа

Блокирани клучните крстосници во Скопје поради протест на превозниците

Поради протестот на приватните автобуски превозници, денеска во Скопје од раните утрински часови има посебен сообраќаен режим. „Министерството за внатрешни...

Македонија24 часа

Османи смета дека уставните измени треба што побрзо да стигнат во Собранието и темата да биде затворена

Темата за уставните измени треба што побрзо да биде отворена во Парламентот вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој...

Регион1 ден

Остри реакции во Бугарија по ветото од Холандија

Најавата на Холандија дека одлучила да го блокира приемот на Бугарија во Шенген зоната без гранична контрола предизвика остри реакции...

Свет1 ден

Огромна победа за жените во Иран, укината полицијата за морал, можеби ќе падне и задолжителниот хиџаб

По неколкумесечните протести во кои загинаа повеќе од 300 луѓе, Иран одлучи да попушти и да ја укине моралната полиција....

Економија1 ден

Бо Буџетот за следната година 800 милиони евра капитални инвестиции

Капиталните инвестиции во Буџетот за 2023 се проектирани на 800 милиони евра. Владејачкиот СДСМ коментира дека буџетот за наредната година...

Економија1 ден

Бислимоски: Домаќинствата со 16,32 проценти помала потрошувачка на струја

Домаќинствата за 16,32 проценти ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во скапа (висока) тарифа откако се воведени блок тарифите, покажуваат...

Македонија1 ден

Најстудено на Попова Шапка, снег во Маврово

Утрово најстудено е на Попова Шапка (минус еден степен), а најтопло во Гевгелија (9 степени). Управата за хидрометеоролошки работи соопшти...