Контакт

Uncategorized

Отворен е дневен центар за лица со церебрална парализа во ООУ „Киро Глигоров“

Објавено пред

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ заедно со вицепремиерката задолжена за економски прашања, Мила Царовска , дополнителната заменска министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ и директорката на училиштето го пуштија во употреба новиот центар за лица со церебрална парлиза, кој се наоѓа во рамки на центарското основно училиште „Киро Глигоров“.

Центарот претставува прв инклузивен центар за вакви лица кој се протега на површина од 305 м2 и истиот е опремен со антибактериски подови, тоалети адаптирани за потребите на лицата со церебрална парализа, кујна по хасап стандарди, рампи за пристап до ботаничката градина и спортските терени во училиштето, клинео плафони, адаптибилно загревање и интерактивни табли.

„Станува збор за прво инклузивно училиште, како што беше најавено на самото отворање на ООУ ‘Киро Глигоров’. Изминатиов период, заедно со Министерството за труд и социјална политика напорно работевме и успеавме да го завршиме овој центар за лицата со церебрална парализа. Дневниот центар официјално ќе почне со работа за 15 дена а вкупниот капацитет на лица кои ќе членуваат во овој дневен центар ќе биде четириесет“ – изјави градоначалникот Богдановиќ.

„Во овој дневен центар децата ќе ја добијат целата поддршка согласно нивните индивидуални потреби, ќе имаат на располагање стручен кадар и како што можете да видите, центарот е опремен со најсовремени средства и дидактички материјали. Ова е голем чекор којшто ќе допринесе до она што е крајна цел во нашето општество, а тоа е, едно општество за сите и инклузија за сите деца со попреченост. “ -изјави дополнителната заменска министерка Шкријељ .

„Навистина е важно да се развиваат услуги на локално ниво со цел да ги поддржиме сите граѓани во заедницата кои имааат одредена потреба од поддршка на институциите. Кога зборуваме за сервисни услуги за граѓаните, директно зборуваме и за развој на економијата. Кога отворате услуга, во тој момент отворате и нови работни места. Додека, од друга страна овозможувате жените, кои се јавуваат во 50% од неактивното население во нашата земја, добиваат можност да бидат вработени. Затоа што улогата, се уште во нашата држава е дека за лицата со попреченост за возрасни лица и децата, се уште се грижат жените во семејството. Доколку се обезбедат услови како градинки, социјални сервиси, во тој момент се ослободува улогата на жената и таа се активира на пазарот на труд.“ – изјави вицепремиерката Царовска.

 

Uncategorized

Ливерпул испратиле понуда за Саул Нигез

Објавено пред

Ливерпул испратиле понуда до Атлетико за Саул Нигез. „Црвените“, бараат замена за Вајналдум, се решиле за Саул, откако пропадна обидот за размена на релација Атлетико-Барселона, која Саул би го однела на „Ноу Камп“ и би го вратила Гризман во Мадрид.

Англиските медиуми тврдат дека Ливерпул за Саул понудиле пари и еден фудбалер. Саул има договор со Атлетико до 2026 година, за него Ливерпул биле подготвени да платат 40 милиони евра.

Медиумите на Островот објавија дека од Ливерпул биле подготвени да го испрата и Џердан Шачири, чија вредност на фудбалскиот пазар изнесува 15 милиони евра. Помалку неверојатно звучи и информацијата дека Ливерпул би можеле да го понудат и капитенот Џордан Хендерсон, кој одбива да го продолжи договорот.

Саул од јуниорските денови е во Атлетико. Долги години беше стандарден во тимот на Диего Симеоне. Работите се сменија минатата сезона, во која Атлетико ја освои Ла Лига. Саул настапи на 33 натпревари, но само 11 пати беше во почетниот тим.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Австралиските власти најавија продолжување на заклучувањето

Објавено пред

Речиси половина од 25 милиони жители на Австралија се заклучени во своите домови поради ширењето на делта-сојот на коронавирусот вклучувајќи ги и граѓаните на Сиднеј, најголемиот град во земјата.

Австралиските власти денеска објавија дека во државата Викторија ќе биде продолжено заклучувањето поради Ковид-19 во наредните денови и покрај благиот пад на бројот на новозаразени.

Премиерот на државата Викторија, Даниел Ендрус, потврди дека правилата за заклучување нема да бидат укинати бидејќи има нови случаи на Ковид-19, а повеќе детали тој најави за утре.

Во државата Викторија, втора по бројност во Австралија, чиј главен град е Мелбурн, денес беа потврдени 13 локални случаи на инфекција, три помалку од претходниот ден.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

„Не потценувај го заморот – вози одморен!“

Објавено пред

Покрај брзото возење и алкохолот, заморот е една од главните причини за предизвикување сообраќајни незгоди во летниот период. Особено критична е делницата од граничниот премин Табановце до Гевгелија и обратно, каде што секоја година се случуваат по неколку сообраќајни незгоди со тешки последици.

Една од причините за ваквата состојба е токму фактот што станува збор за европски коридор по кој поминуваат голем број  возила и возачи кои по долги часови патување, како последица на заморот губат концентрација и внимание, неретко и заспиваат позади управувачот и како последица на тоа предизвикуваат сообраќајни незгоди со страшни последици.

Имајќи ја предвид ваквата состојба, МВР и РСБСП во текот на летниот период, во двата правци на коридорот 10, ќе организираат превентивно едукативни активности под мотото „Вози одморен“.

Целта на кампањата „Вози одморен“ е да се потсетат возачите за влијанието на заморот, за последиците од сообраќајните незгоди предизвикани од заморот и да се поттикнат да прават повеќе паузи, да консумираат повеќе течности, да патуваат одморени и наспиени и да го запрат своето возило веднаш штом ги почувствуваат првите знаци на замор.

Согласно наведеното МВР во соработка со РСБСП продолжува со едукативни, сообраќајно превентивни активности, но и со засилени контроли од страна на сообраќајната полиција.

„Сакам да потсетам само на податокот дека на територијата на целата држава во текот на јули минатата година 17 лица беа жртви на сообраќајни незгоди, додека, пак, во минатиот август таа бројка изнесуваше 19. Иако минатата година беше година со рекордно најмал број жртви – 125, сепак, евидентно е дека во летниот период овие бројки се поголеми споредено со другите периоди од годината. По Коридорот 10, како паневропски коридор, фреквенцијата на возила е драстично зголемена, посебно во летниот период, а заморот, кој е причина за пад на концентрацијата, може да има фатални последици, така што се одлучивме, заедно со РСБСП, превентивно да ги потсетиме возачите на потенцијалните опасности од заморот, но и на ризиците од пребрзото возење, управувањето на возило под дејство на алкохол и на други сообраќајни прекршоци кои се причини за тешки сообраќајни незгоди. Овој автопат е главната артерија која ја поврзува нашата држава со соседна Србија, така што граѓаните од пријателска Србија, како чести учесници во сообраќајот, главно, по Коридорот 10, но и граѓаните од другите држави кои го користат, се секогаш добредојдени гости во нашата земја. Ќе ја искористам оваа пригода да им посакам среќен пат и пријатен престој, без разлика дали поминуваат транзит или токму нашата држава им е дестинацијата каде што сакаат да го поминат одморот, но и да апелирам кон сите учесници во сообраќајот секогаш да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за безбедни патишта. Зголемувањето на безбедноста во сообраќајот е императив и во наредниот период продолжуваме со активности со цел да го намалиме бројот на жртви на патиштата“, рече министерот Спасовски.

„Сообраќајните незгоди кои се последица на заморот најчесто завршуваат фатално затоа што отсуствува можноста возачот да преземе какви било дејствија со цел барем делумно да се амортизираат последиците од сообраќајните незгоди. Апелирам до возачите да бидат внимателни и концентрирани кога учествуваат во сообраќајот, да не го потценуваат заморот, да прават минимум 15 минути пауза на секои два часа возење и да застанат и да одморат веднаш штом ги почувствуваат првите знаци на замор“- изјави Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП.
Важно е да се потенцира дека минатата година беше најбезбедна досега, со најмал број загинати лица во сообраќајни незгоди. Трендот на подобрување на безбедноста во патниот сообраќај е евидентен веќе неколку години наназад и целта на МВР и РСБСП е овој тренд да продолжи и во иднина.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион10 часа

Вишеградската група со поддршка за „Отворен Балкан“, соработката ќе придонесе за регионална стабилност

Земјите од вишеградската група (Унгарија, Чешка, Словачка и Полска) го поздравија формирањето на иницијативата „Отворен Балкан“ (поранешен минишенген) од страна...

Регион12 часа

Српски автобус се преврте во Германија, повредени најмалку 19 лица

Најмалку 19 лица се повредени при превртување патнички автобус на германскиот автопат А13 помеѓу Стааков и Фрајвалде во правец на...

Македонија14 часа

Поради неправилности во работењето, сменет директорот на Националната библиотека „Свети Климент Охридски“

Директорот Фремзим Даути се разрешува од должноста директор на Националната установа, Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје...

Македонија15 часа

Илинден на Мечкин Камен без говор на Пендаровски, но првпат со Ахмети

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, нема да оди да го чествува Илинден на Мечин Камен на 2 Август иако шефот...

Македонија15 часа

Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик, смета дека има нелогичности

Претседателот Стево Пендаровски нема да потпише указ за прогласување на измените на Изборниот законик со кој се бараат потписи од...

Македонија18 часа

Двајца починати и 74 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Македонија18 часа

Фирма казнета со 20.000 евра за испуштање мазут во Вардар

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги...

Топ19 часа

Пешак загина, велосипедист тешко повреден – и во двата случаја возачите што ги удриле побегнале

Пешак во Скопје загина, а велосипедист е тешко повреден во два одделни случаја во кои биле удрени од автомобили, при...

Топ20 часа

Возачот кој усмрти пешак во Куманово бил пијан

Седумдесетгодишниот возач М.П. кој удри во пешаци во Куманово, од кои едниот почина, бил пијан, утврди кумановското обвинителство. Несреќата се...

Свет20 часа

Во Кина се појави ново жариште на коронавирус, најголемо по Вухан

Жариште на Ковид-19 откриено во кинескиот град Нанџинг се прошири во пет кинески провинции и главниот град Пекинг, а кинеските...

Топ21 час

Во гостилница во Арачиново специјалците уапсија меѓународен наркодилер кој побегнал од затвор

Во акција во угостителски објект во скопско Арачиново, утрово околу 6 часот и 45 минути бил уапсен 43-годишен арачиновец кој...

Свет22 часа

Сè поголем притисок врз невакцинираните војници и државни службеници во САД

Американскиот претседател, Џо Бајден, донесе серија мерки за поттикнување на вакцинацијата во САД, вклучително и задолжителна вакцинација за милиони федерални...

Свет22 часа

Израел почнува со вакцинација со трета доза од вакцината

Израелскиот премиер, Нафтали Бенет, објави дека земјата ќеапочне да дава трета доза од вакцината против коронавирус на лица постари од...

Македонија23 часа

СДСМ објави уште петмина кандидати за градоначалници

СДСМ објави уште пет имиња на кандидати за градоначалнци за претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври. Партијата...

Свет1 ден

Американски дипломат 14 години дрогирал и силувал жени, му се заканува доживотен затвор

Поранешен службеник на американската амбасада во Мексико се изјасни за виновен за дрогирање и сексуална злоупотреба  на најмалку 23 жени...

Свет1 ден

(Видео) Три лица загинаа, десетици се повредени во големиот пожар кај Анталија

Три лица загинаа, а повеќе десетици се во болница во шумскиот пожар што се прошири во одморалиштето Манагвата, во близина...

Свет2 дена

Истрагата утврди дека државата е одговорна за убиството на малтешката новинарка

Истрагата за убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција во 2017 година покажа дека државата е одговорна за нејзината смрт,...

Македонија2 дена

300.000 денари од Град Скопје како награда за олимпискиот вицепрвак Дејан Георгиевски

Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија...

Македонија2 дена

Мицкоски: Некои Резолуцијата ја поддржаа искрено, други помалку искрено, но благодарност до сите

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува донесувањето на Резолуцијата во македонското Собрание со која јасно се оцртуваат национални и државни позиции во однос...

Македонија2 дена

Регистрирани нови 54 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на...

Досие