Контакт

Uncategorized

Презентирана анализата за детектирање на проблемите во Министерството за земјоделство

Објавено пред

Експертите од Светската банка денеска ги презентираа наодите од спроведената функционална анализа на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Оваа анализа ги детектира главните проблеми во организацијата и функционирањето на министерството, коишто влијаат на ефикасното функционирање на секторите.

„Анализата покажа кои организациони единици се соочуваат со преоптовареност или, пак, со недоволно работни обврски. Тој податок помага подобро да се дефинираат одговорностите, да се идентификува кои делови ги извршуваат деловните процеси помалку ефикасно од другите и како резултат на тоа, кои организациски единици би требало да се дополнат, променат или да се спојат со други единици со цел да се зголеми ефикасноста на работните процеси“, изјави министерот Димковски.

Функционалната анализа е спроведена со цел да се достигнат целите на националните и европските политики.
Никола Бертолини, раководител на Секторот за соработка во Делегацијата на Европската Унија заедно со Силвија Маури, висок специјалист за земјоделство од Светска банка, изјавија дека се задоволни од соработката со вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Од Министерството велат дека функционалната анализа ќе биде двигателот на процесот на подобрување на ефикасноста и ефективноста на државните службеници вработени во секторот, позитивен инпут ќе има во сите области од секторот: подобро искористување на странските и домашните фондови, рурален развој, модернизација на земјоделско производство, маркетинг на земјоделски производи, зголемување на конкурентноста на македонските земјоделски производи на странските пазари.

Uncategorized

Владата ги донесе протоколите за работа на хотелите во услови на пандемија

Објавено пред

На денешната владина седница е донесен протоколот за работа на угостителските објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување) и тој почнува да важи од понеделник, 22 јуни, оваа година.

Протоколот ги уредува процедурите за хотелско-сместувачкиот дел на објектите, потоа препораките и мерките за прием и сместување на гостите, ресторанските процедури, употребата на тоалетите, како и препораките за гостите и за постапување при појава на случај со симптоми на Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Северна Кореја продава песок и заработува милиони долари

Објавено пред

Северна Кореја во своите води ископува песок и кршејќи ги санкциите на Обединетите нации, заработува милиони долари од неговата продажба, пренесува Си-ен-ен.

Аналитичари од вашингтонскиот Центар за унапредување на одбранбените студии, непрофитна организација, која анализира безбедносни прашања, забележале пред една година повеќе од 100 брода во водите кај пристаништето Хаеџу во Северна Кореја. Во рамките на својата работа двајца аналитичари го следеле сообраќајот во водите на Северна Кореја и североисточна Азија.

Повод за нивната работа се наводите дека Пјонгјанг продава јаглен и други вредни стоки, некогаш и во многу големи количини на отворено море, за да ја избегне царината, која мора да ги примени санкциите на ОН кон Северна Кореја.

Наместо да ја префрлат стоката во пристаниште пред трговијата, Севернокорејците наводно ја префрлаат стоката од еден на друг брод и го прикриваат нејзиното потекло, пишува Си-ен-ен.

Двајцата аналитичари откриле масовна операција, наводно вредна неколку милиони долари, во која учествувале 279 броди, кои ги заобиколиле санкциите на ОН.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Осми ден од протестите во САД – илјада уапсени, ранети петмина полицајци

Објавено пред

Продолжуваат протестите против полициската бруталност и системски расизам во САД, кои започнаа поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Градовите се подготвуваат за потенцијално нови немири, по заканите на Трамп за примена на поголема сила.

Демонстрантите маршираа по улиците на Вашингтон, Њујорк и Лос Анџелес. Стотина се собраа крај поставената ограда која им оневозможува да влезат во паркот во близина на Белата куќа, каде во понеделникот мирните демонстранти беа растерани со солзавец, за да американскиот претседател Доналд Трамп може да пројде до црквата во близина и да се фотографира со Библијата во рака.

Според информациите, четворица полицајци се ранети со огнено орује во Сент Луис и еден во Лас Вегас, за време на судирите со демонстрантите.

Уапсени се илјада демонстранти во градовите низ САД, а има и повредени.

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската во градовите и сојузните држави за да ги смири нередите. Гувернерите на Њујорк, Масачусетс, Мичиген и Илиноис се меѓу оние кои го отфрлија повикот на Трамп на посилен одговор на протестите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата...

Македонија5 часа

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Македонија5 часа

„Водовод“ не најде бактерии во градската мрежа во Скопје по паниката што се прошири на социјалните мрежи

Водата од градскиот водовод во скопски Бутел нема бактерии и исправна е за пиење, а веста што се прошири на...

Свет7 часа

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември, е одложен за 1 и 2 октомври,...

Македонија10 часа

Пет лица починаа од коронавирус, потврдени се 88 нови случаи во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на...

Македонија11 час

(Видео) Филипче: Состојбата со вирусот повторно се влошува, ако е потребно ќе има рестрикции

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека за есенва се размислува за воведување на повеќе мерки како...

Македонија12 часа

Мицкоски ги повика граѓаните утре да излезат на протест против неправдата и мафијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на нов протест што ќе се одржи утре во 18.30 часот. Како што порача...

Економија13 часа

(Видео) Бектеши: Субвенциите за етнички вработувања се дел од изгласаната владина програма

Вработувањата кои ќе поттикнат добри меѓуетнички односи се вметнати во Владината програма која е изгласана од Собранието, изјави министерот за...

Свет13 часа

Русија очекува до 15 октомври да регистрира втора вакцина против коронавирус

Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата ТАСС повикувајќи...

Европа15 часа

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го...

Спорт15 часа

Италијански судија убиен во својот дом

Италијанскиот фудбалски судија Даниеле Де Сантис (33) и неговата девојка Елеонора Манта (30) биле убиени во домот на судијата во...

Македонија15 часа

Училишниот час ќе трае пократко од 40 минути, постои можност и учебната година да заврши порано

Собранието вчера вечерта ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на...

Македонија16 часа

Од почетокот на пандемијата во Македонија починаа 700 лица

Од почетокот на пандемијата досега починаа 700 лица, откако вчера беше потврдена смртта на уште 7 пациенти. Меѓу починатите вчера...

Свет16 часа

„Сите мораме да соработуваме“, порачаа светските лидери на годишнината на Обединетите нации

Светските лидери за време на специјалната сесија на ООН посветена на 75-годишнината од основањето на таа организација се согласија дека...

Македонија17 часа

Собраниска седница за избор на заменик-министри во Владата

Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменик-министри во Владата....

Македонија17 часа

Пендаровски: Неопходни се силни Обединети нации, реформирани и прилагодени на новата реалност

Претседателот Стево Пендаровски преку видеопорака се обрати на настанот на високо ниво, што по повод 75-годишнината од формирањето на Организацијата...

Македонија18 часа

Димитров во прва работна посета на Брисел од формирањето на новата Влада

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска ќе престојува во работна посета на Брисел, што всушност е...

Македонија1 ден

Игор Јанушев се повлече од функцијата

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва избра нови членови на Извршниот комитет на партијата. Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, се...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Предложив вонреден конгрес на кој јас нема да бидам претседател, но предлогот беше одбиен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер, каде што тој нема да се кандидира,...

Македонија1 ден

Седум лица починаа од коронавирус, потврдени се 45 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на...

Досие