Uncategorized
Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Денеска, времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови од земјата.
Ќе дува слаб до умерен, а по должината на Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.
Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен северозападен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Меѓународен фестивал на прозата денеска и утре во Куманово

Денес и утре, во Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе се одржи првиот Меѓународен фестивал на прозата.
Фестивалот е во организација на институцијата со финансиска поддршка на Министерството за култура и Општината на градот Куманово.
„Почнуваме манифестација, која се надеваме дека ќе опстане долго, манифестација по која ќе бидеме препознатливи и манифестација што ќе биде темел на случувањата од ваков вид“, велат организаторите на настанот.
Свеченото отворање е вечерва, со почеток во 20 часот, во фоајето на институцијата. Тема на првата фестивалска вечер е „Женското писмо и Балканот“, гости што нашироко ќе дебатираат на ова тема се: Јорданка Белева, Оливера Ќорвезироска и Лејла Каламујиќ, а Фросина Крушкаровска се јавува во улога на модератаор. Вечерта ќе биде збогатена со музика во изведба на Јован Цветковиќ.
Утрешниот ден е резервиран за втората фестивалска вечер, вечер во која гостите Николина Андова Шопова, Жарко Кујунџиски, Давор Стојановски, Лира Бојку, Александар Шпатов и Фејзи Бојку ќе читаат фрагменти по сопствен избор од книжевните остварувања што длабоко оставаат траги. Модератор на втората вечер е писателот Петар Андоновски.
Композицијата на визуелното општење за фестивалот е дело на дизајн проф. м-р Стефан Јакимовски.
Целта на манифестацијата е да се доближи книжевната прозна продукција до читателската публика, да е запознаат со домашните и странските авторите и нивните дела, што ќе придонесе до формирање едно критичко субјективно мислење, ќе се потикне и формира идниот читач.
На настанот се очекува да присуствуваат претставници од јавниот, културниот и од општествениот живот на Куманово.
Uncategorized
Пренџов: Власта пасивно го блокира Собранието, изборите се единствено решение

Владејачкото мнозинство на СДСМ и ДУИ заедно со претседателот Талат Џафери спроведуваат пасивна блокада на работењето на законодавниот дом, обвини на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов.
Како што рече, неколку недели наназад собранискиот сајт е во хаос и не функционира. На календарот за секојдневни активности на којшто има седници за комисии и пленарни седници недостасуваат материјалите коишто треба да бидат прикачени заедно со седниците, што е крајно недозволиво.
Исто така, изјави Пренџов, сајтот на е-парламент преку кој пратениците и собраниската служба имаат увид до пристигнати закони во Собранието и нивната собраниска процедура е нефункционален, така што се отежнува работата на пратениците и службата.
Од опозицијата обвинуваат дека дополнително зачестени се деновите кога или Собранието нема струја или се исклучува интернет-конекцијата со што се блокирани сите собраниски активности.
„Токму денес кога ја држам оваа прес конференција се случува да се гаси интернет-конекцијата така што имавме потешкотии и да ја најавиме до медиумите. Очигледно е дека ниту се работи за некаква случајност, ниту за некакви технички проблеми. Ова е пасивна блокада на законодавниот дом од страна на владејачкото мнозинство. Ние како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ‘Обнова на Македонија’ најавивме дека нема да дозволиме да се носат закони кои се на штета на граѓаните, па очигледно власта сфати дека позитивни законски решенија и реформи не се способни да изготват па најлесно им беше на ваков начин да ја блокираат работата на Собранието“, наведе Пренџов.
Во услови кога опозицијата активно ги блокира штетните закони во Собранието, а власта пасивно ги блокира сите закони ова само покажува дека предвремени парламентарни избори се единствено решение во овој момент, додаде тој.
Uncategorized
Франција: Денеска ќе биде објавен составот на новата влада

Составот на новата влада на францускиот претседател Емануел Макрон ќе биде објавен денеска попладне, јавува „Ројтерс“.
Првиот состанок на владата е закажан за в понеделник, соопшти утрово француското претседателство.
Нова премиерка на Франција ќе биде Елизабет Борн, која неодамна за првпат се појави во јавноста откако во понеделникот беше назначена на таа функција.
Оставката на поранешниот премиер Жан Кастекс на 16 мај доведе до долгоочекуваната реконструкција на владата по претседателските избори во април, на кои Макрон освои втор мандат.