Uncategorized
Спасовски на седница на локалниот совет за превенција на Дојран
Локалниот совет за превенција како меѓуинституционално тело претставува извонредна можност за навремено и точно детектирање на сите предизвици важни за функционирањето на една локална средина, но уште повеќе – можност за локално стратешко планирање и нудење сеопфатни решенија, кои ќе бидат целосно во интерес на сите жители на општината, рече министерот Оливер Спасовски на денешната седница на локалниот совет за превенција на општина Дојран.
„Партиципацијата на полицијата во работата на локалниот совет за превенција за нас во Министерството за внатрешни работи е од исклучителен интерес како во поглед на продлабочување на комуникацијата со граѓаните,така и во поглед на интензивирање на таа соработка, особено во контекст на нашата примарна цел да ја етаблираме полицијата како реален сервис на граѓаните. Само преку блиска, секојдневна и отворена комуникација меѓу граѓаните и полицијата можеме да претендираме на подинамично зголемување или подобрување на квалитетот на живеење од аспект на проблематиките и работите за кои законски е обврзана и надлежна полицијата. Всушност, токму блискоста и соработка го сочинуваа темелот на ефикасното превентивно дејствување“, рече министерот Спасовски.
Оттаму, рече Спасовски, а во контекст на претходно изреченото, сметам дека оваа средба денес претставува одличен пример за тоа како локалната самоуправа треба да се справува и да дејствува не само во насока на благовремено превенирање на сите потенцијални проблеми, туку и во насока на севкупно подобрување на стандардите и сигурноста на живеење на сите граѓани во рамките на општината.
„Се разбира, секоја локална самоуправа има свои специфики, што тргнуваат од различитоста на потенцијалите и капацитетите со кои располага која било локална средина. Тие специфики, пак, ја детерминираат условно кажано агендата на работа и функционирање на локалниот совет за превенција, како што е впрочем случајот и со локалниот совет при Општина Дојран, особено за теми како што се, на пример, туристичката сезона, која веќе почнува, или превенцијата и заштитата од пожари, исто така горлива и важна тема што ја тангира Општина Дојран“, рече Спасовски.
Министерот имаше средба и со градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, на која разговараа за меѓусебната соработка во корист на граѓаните од оваа општина, како и за обновувањето на врската меѓу локалната заедница и полицијата, нешто на што ова раководство на МВР работи во целиот овој период откако е во Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.
Uncategorized
Австралија воведува построги закони за оружје по масакрот во Сиднеј
Долниот дом на австралискиот парламент денес усвои закони со кои се воведува програма за откуп на оружје и построги контроли за лиценцирање како одговор на масовното пукање за време на еврејскиот празник Ханука кон крајот на минатата година.
Законите беа усвоени од Претставничкиот дом со 96 гласа „за“ и 45 „против“ и сега се испраќаат до Сенатот.
„Нападот на плажата Бонди, во кој загинаа 15 лица, беше дело на поединци со омраза во срцата и оружје во рацете“, рече министерот за внатрешни работи Тони Бурк додека ги претставуваше законите.
„Оваа трагедија бара одговор од целата влада. Мора да направиме сè што можеме за да се соочиме и со мотивацијата и со методот“, рече министерот.
Новите мерки вклучуваат национална програма за откуп за намалување на бројот на оружје кај населението. Покрај тоа, постојат планови за воведување построги проверки пред државите да издаваат дозволи за оружје, користејќи информации што ги поседува Австралиската безбедносно-разузнавачка агенција.
Според владини бројки, минатата година во Австралија имало 4,1 милион парчиња огнено оружје, од кои 1,1 милион во Нов Јужен Велс, најнаселената држава каде што се случи пукањето на Ханука.
Покрај тоа, Нов Јужен Велс донесе свој сет закони со кои се ограничува бројот на огнено оружје по лице на четири. Исклучок се земјоделците, кои се ограничени на десет. Понатаму, сопствениците на огнено оружје ќе мора да ги обноват своите дозволи по две години, наместо сегашните пет.
„Бројот на огнено оружје што моментално циркулира во австралиската заедница е неодржлив“, рече Бурк.
Опозицијата ја критикува владата
Поддршката не ја дадоа конзервативните пратеници од опозицијата, кои ја обвинија лабуристичката влада на премиерот Ентони Албанез дека не успеала соодветно да се справи со растечкиот антисемитизам.
Парламентот, на барање на премиерот, го прекина летниот одмор за да дебатира за законите. На дневен ред е и предлог со кој би се намалил прагот за гонење на говорот на омраза.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.

