Uncategorized
Германците се незадоволни од канцеларот Шолц и неговите економски политики
																								
												
												
											Мнозинството Германци се незадоволни од раководството на канцеларот Олаф Шолц првпат откога тој ја презеде функцијата во 2021 година, покажа истражувањето на јавниот телевизиски канал ЗДФ.
Педесет и еден процент од испитаниците на истражувањето изјавија дека не се задоволни од работата на канцеларот.
Само 43 отсто од испитаниците посочиле дека се задоволни од работата на Шолц на чело на коалицијата меѓу неговата централнолевичарска СПД, либералната ФДП и зелените, а 6 отсто се неопределени.
Во средата владата на Шолц не успеа да усвои закон со кој се нудат корпоративни даночни олеснувања во вредност од милијарди евра откако беше ставено вето од министерот на зелените, кој бара милијарди евра дополнителни пари за детски бенефиции.
И покрај наодите од истражувањето, Шолц останува вториот најпопуларен политичар во Германија зад министерот за одбрана Борис Писториус, кој со месеци е на врвот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Uncategorized
(Видео) Се урна дел од кулата Торe деи Конти во центарот на Рим – еден работник заробен под урнатините, четворица спасени
														Дел од кулата Торе деи Конти во центарот на Рим, која во моментот се реконструира, се урна денеска, објавија италијанските медиуми. Објектот се наоѓа во близина на римскиот Форум. Според првичните информации, еден работник е повреден, а четворица, кои биле блокирани во горниот дел од кулата, се спасени.
Околу 13 часот се случило второ уривање додека спасувачките екипи и полицијата веќе биле на терен поради првиот инцидент, кој се случил околу 11.20 часот, пренесува „Кориере дела сера“.
Paura in centro a #Roma, vicino ai Fori imperiali. Intorno alle 11.20 è crollata parte della Torre dei Conti in largo Corrado Ricci, attualmente in ristrutturazione. Secondo le prime informazioni ci sarebbero delle persone bloccate sotto le macerie.#Tg1 pic.twitter.com/Xj43qlQUqH
— Tg1 (@Tg1Rai) November 3, 2025
Работникот кој сè уште е заробен под урнатините е државјанин на Романија. Специјалната единица на пожарникарите (SAF) се обидува да му пристапи преку мал прозорец од левата страна на кулата. Тој се наоѓа на првиот кат, свесен, е одговара на повици и соработува со спасувачите.
Во моментот кога пожарникарите се обидувале да го извлечат заробениот работник се случило ново уривање на внатрешниот дел од структурата. Кулата сега е нестабилна и постои ризик од целосно уривање. Целото подрачје е евакуирано и обезбедено, а облак од прашина ги покрил спасувачите и случајните минувачи, но без потешки последици.
Еден од спасените работници, стар 64 години, е итно пренесен во болница.
Uncategorized
Нови првични резултати: Ѓорѓиевски води во Скопје, Герасимовски во Центар, во Карпош Лукровски
														Според првичните резултати од вториот круг на локалните избори 2025, во Скопје води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски со над 71.875 гласа наспрема Амар Мециновиќ од Левица со 41.522 гласови од пребројани вкупно 77,53 отсто од избирачките места.
Во повеќето општини водство има Ѓорѓиевски, освен во Карпош и Центар, каде повеќе гласови има Мециновиќ.
Во Карпош, од 62,22 отсто обработени гласови Стевчко Јакимовски има 42,56 отсто или 7.641 гласови, додека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Сотир Лукровски 47,65% или 8.555 гласови.
Во Центар од 75,15% обработени гласови, кандидатот на ЗНАМ Мирослав Лабудовиќ има 38,63% или 6.138 гласови, додека кандидатот на СДСМ, Горан Герасимовски има 52,39% или 8.325 гласови.
Uncategorized
АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 Октомври – Светскиот ден на храната
														Со мотото „Рака за рака за подобра храна и подобра иднина“, Агенцијата за храна и ветеринство (АХВ) се придружи на настанот што го организара Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – ФАО за одбележување на 16 Октомври – Светскиот ден на храната.
Во рамките на настанот, кој во организација на ФАО се одржа во скопскиот Градски парк, а беше посветен и на одбележувањето на осумдесетгодишнината од основањето на ООН и ФАО, претставници на АХВ на граѓаните им подели едукативен материјал со совети за безбедна храна – летоци, лифлети и торбички.
ФАО во рамките на Светскиот ден на храната годинава повикува на глобална соработка за создавање мирна, одржлива, просперитетна и безбедна иднина со храна. Со заедничка работа преку владите, организациите, секторите и заедниците активно се работи на трансформирање на земјоделско-прехранбениот сектор во насока на обезбедување услови секој граѓанин да има пристап до здрава исхрана живеејќи во хармонија со планетата.
Агенцијата за храна и ветеринарство и оваа година ја поддржа кампањата на ФАО за одбележување на Светскиот ден на храната истакнувајќи го ставот дека граѓаните во државава јадат безбедна храна. АХВ како институција е дел од синџирот за контрола на безбедноста на храната во земјата од домашно производство и од увоз водејќи сметка таа редовно да се контролира во рамките на редовните и вонредните контроли и многубројните мониторинг-програми, кои се спроведуваат во АХВ, чии досегашни анализи потврдуваат дека македонските граѓани јадат безбедна храна.

