Uncategorized
Маричиќ: Што поскоро да ги завршиме обврските за да го фатиме брзиот воз за членство во ЕУ
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во интервјуто за платформата #Деполаризирајсе рече дека продолжувањето на патот до ЕУ не зависи ниту од Софија, ниту од Атина, ниту од Париз, ниту од Берлин, ниту од никого, туку од одлуката дали сакаме да продолжиме со реформите и пристапните преговори.
– Сметам дека вистинското прашање е дали сакаме да го фатиме најбрзиот воз за членство во Европската Унија, а не е дали можеме да смогнеме сили да ги направиме неопходните уставни измени, што ги има во нашата преговарачка рамка, смета Маричиќ.
Тој посочи дека имаме време до ноември, до крајот на скринингот, да ги завршиме обврските и доколку тоа го направиме, со одговорност, зрелост, и свесност на сите политички актери, можеме да очекуваме во декември оваа година, или во јануари идната година, да ги започнеме преговорите за Кластер 1 и поглавјата во него.
Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ објасни дека „предноста на новата методологија е што во моментот кога ќе се отвори кластерот, се отвораат сите поглавја од тој кластер, и тоа ни дава можност да се тркаме во сите поглавја, да покажеме подобри резултати, па дури и да ги стигнеме државите коишто веќе десет години преговараат за членство како Србија и Црна Гора“.
Маричиќ смета дека се можни и остварливи уставните измени, само дека прашање е дали ќе успеат оваа година, иако времето покажало како што вели тој „дека што повеќе ги одлагаме обврските тие стануваат потешки и проблемите стануваат поголеми“.
– Мислам дека нам ни одговара што поскоро ова да го завршиме затоа што тоа ќе ни ја отвори вратата, дури и без да ја прашаме Бугарија – така пишува во заклучоците – автоматски се свикува втората меѓувладина конференција и веќе влегуваме во сосема друго ниво на односи со Европската Унија, рече Маричиќ.
Во интервјуто спроведено од Институтот за медиуми и аналитика ИМА Скопје, за целите на проектот „Преку деполаризација до демократски, стабилни, вклучувачки институции: придонес на граѓанското општество“, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Маричиќ зборуваше и за Патоказите и за реформата во јавната администрација, кои за прв пат се дел од скрининг за пристапување кон Европската Унија.
Маричиќ кажа дека од пред неколку дена ја добил табелата, односно примерокот како треба да изгледа Патоказот за владеењето на правото и дека во наредниот период, најпрво преку претставници на институциите, но и експерти видни од областа, од сите овие области што ги набројав, ќе треба да се направи листата на задачи која треба да се спроведе до членството во Европската Унија.
– Откако ние ќе изработиме определена, да речам верзија, на Патоказот, ќе го почекаме извештајот на Европската комисија, скрининг извештајот за првиот кластер. Во тој скрининг извештај за првиот кластер ќе се содржат и забелешките или задачите за овој патоказ. Ќе треба да видиме дали ние сме ја завршиле работата и да споредиме. Дали треба нешто да се додаде или одземе, и кога ќе го завршиме тој процес, ќе бидат тие документи подготвени за формално усвојување од страна на Советот на министри на Европската Унија. Кога тие ќе бидат усвоени, и во овој, и другите два патокази, практично ние ќе ги исполниме условите за отворање на првиот кластер, објасни вицепремиерот Маричиќ.
Тој за Реформата на јавната администрација рече дека ќе биде една од најисцрпувачките теми за нашиот систем, генерално, и за граѓанското општество, и за политичарите, и за институциите.
– Реформата на јавната администрација е нешто за што се зборува триесет години. Она што треба да го одговориме низ тој Патоказот е како да се задржат добрите работници и квалитетните кадри во јавната администрација од една страна, а како на оние што се непрофесионални, неквалитетни, и го рушат имиџот на целата јавна управа, да им се најде начин да бидат отстранети од тој систем, смета Маричиќ.
Тој посочи дека бараат начин како да ги задржат квалитетните кадри, луѓето коишто работат во преговорите со ЕУ да ги мотивираат да останат, а други да привлечат и да се обучат.
– Многу е тешко да се задржат оние луѓе коишто работат на ИПА проектите и што ги имплементираат, повиците, тендерите, но и спроведувањето на тие проекти. Многу е тешко да се задржат кадрите коишто работат во делот на финансии, јавни набавки, бидејќи се многу специјализирани, ги знаат тие процедури и се многу барани. Ревизори, исто така, тешко се наоѓаат. Програмери, луѓе што работат во ИТ индустријата, што треба да го одржуваат ИТ системот на државата, многу тешко се наоѓаат, истакна Маричиќ.
Маричиќ кажа и дека предизвик ќе биде и Патоказот за функционирање на демократски институции, особено во функционирањето на Собранието.
– Знаеме дека имаме актуелни проблеми на таа тема. Сите оние блокади, бескрајни амандмани, бескрајно одолговлекување, закони коишто стојат и по две години во собранието. Тие прашања ќе се дискутираат. Жан Моне дијалогот во Собранието, како да се воспостави една средина којашто нема да биде поларизирана до таа точка, да не функционира собранието заради тоа, потенцираше Маричиќ.
Тој додаде дека и прашањето на изборите, изборниот законик, исто така, се дел од функционирање на демократските институции и прашањата поврзани со препораките на ОБСЕ/ОДИХР за слободни избори, но и изборен модел доколку сметаме дека таа тема треба да се отвори.
Секако, тука ќе влезат и оние, народен правобранител, и сите оние институции коишто ги штитат правата на граѓаните и помагаат за функционалност, антидискриминација, и помагаат за функционалност на демократијата.
Интервјуто беше спроведено од страна на Институтот за медиуми и аналитика ИМА Скопје, за платформата #Деполаризирајсе што е дел од проектот „Преку деполаризација до демократски, стабилни, вклучувачки институции: придонес на граѓанското општество“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Трагедија во Петровец: 23-годишно момче загина откако врз него паднал тежок предмет при изградба на објект
На 19.02.2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во индустриска зона на подрачјето на општина Петровец, при изведување работни задачи на објект во изградба на една фабрика, од висина паднал метален профил врз Е.А. (23) од Велес.
Од здобиените повреди тој починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, соопшти МВР.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. За настанот е известен трудов инспектор, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.
Uncategorized
Објавени сите досиеја на Епстин: на листата повеќе од 300 имиња на познати личности
Главниот обвинител на САД, Пам Бонди, објави дека сите досиеја на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин се објавени и дека во овие документи се наведени повеќе од 300 имиња на познати личности.
Пам Бонди тврди дека никакви записи поврзани со истрагата за Џефри Епстин не се објавени „поради срам, повреда на угледот или политичка чувствителност“, објави „Фокс њуз“.
Во писмо од саботата таа објави дека сите досиеја на Епстин се објавени во согласност со Законот за транспарентност на документите.
Според написите „Фокс њуз“ го добиле писмото адресирано до претседателот на Комитетот за правосудство на Сенатот, Чак Грасли, републиканец од Ајова, конгресменот Дик Дарбин, демократ од Илиноис, претседателот на Комитетот за правосудство на Претставничкиот дом, Џим Џордан, републиканец од Охајо, и конгресменот Џејми Раскин, демократ од Мериленд.
Писмото, како што е неведено од медиумот, содржи список од повеќе од 300 имиња на познати личности, вклучувајќи го американскиот претседател Доналд Трамп, поранешниот претседател Барак Обама и поранешната прва дама Мишел Обама, британскиот принц Хари, основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс, актерот Вуди Ален, сопственикот на „Фејсбук“ Марк Закерберг, пејачот Курт Кобејн и Брус Спрингстин.
Некои од споменатите имиња имале обемен директен контакт преку е-пошта со Епстин или неговата соработничка Гислен Максвел, додека други биле споменати во дел од документот (вклучувајќи пишување во печатот) кој на прв поглед не е поврзан со прашањата за Епстин и Максвел, се наведува во писмото.
Документот наведува широк спектар на материјали, вклучувајќи информации за организации и мрежи за кои се тврди дека се поврзани со трговијата со луѓе и финансиските операции на Епстин во корпоративните, непрофитните, академските и владините сфери, како и интерни е-пораки, меморандуми и белешки од состаноците на Министерството за правда за тоа дали да се покрене обвинение, да се отфрли или да се продолжи истрагата.
Документите, исто така, вклучуваат записи поврзани со потенцијалното уништување или прикривање на релевантен материјал и документација поврзана со притворањето и смртта на Епстин, вклучувајќи извештаи за инциденти, интервјуа со сведоци и извештаи од медицински испитувач и обдукција.
Во писмото се наведува дека лицата чии имиња беа редигирани поради чувствителност не беа вклучени, се додава во писмото, додавајќи дека процесот на редигирање бил обемен, вклучувајќи консултации со жртвите и нивните адвокати.
Кембел спомената стотици пати
Името на британската манекенка Наоми Кемпбел се појавува стотици пати во документите на Министерството за правда на САД за осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, а истражувањето на документите покажува дека Кемпбел побарала лет со приватниот авион на Епстин, била видена во неговата вила во Њујорк и на островот, но нејзиниот адвокат тврди дека таа не била свесна за неговите злосторства и дека никогаш не учествувала во несоодветно однесување.
Во милионите документи објавени по смртта на Епстин во 2019 година, беа прикажани е-пошта и преписка што покажуваат дека Кемпбел побарала да се сретне со Епстин во неговата вила во Њујорк и ја користела неговата мрежа за да присуствува на луксузни настани низ целиот свет, пишува Њујорк Тајмс (NYT).
Во една од е-поштата испратена до асистентката на Епстин, Кемпбел навела дека „сака да го види Џефри“, а на крајот од пораката се потпишала како „исцрпена убавица“.
Во интервјуата со федералните истражители, неименуваните жртви на Епстин рекле дека тој ги запознал со Кемпбел на друштвени настани и дека ја виделе во неговата вила и на неговиот остров.
Документите покажуваат дека моделот останал во својата околина и во контакт дури и откако Епстин беше осуден во Флорида во 2008 година за охрабрување на малолетници да се занимаваат со проституција.
Адвокатот на моделот Кемпбел, Мартин Сингер, рече дека неговата клиентка немала сознанија за „страшните кривични дела“ на Епстин сè до неговото апсење во 2019 година и дека таа немала никаков контакт со него потоа.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)

