Uncategorized
Поранешниот градоначалник на Крива Паланка незаконски држел на позиција директорка на детска градинка
Кумановската полиција до надлежното Основно јавно обвинителство поднела кривична пријава против три лица поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Станува збор за лицата А.А. (57) поранешен градоначалник на општина Крива Паланка, Л.З.(56) во својство на претседател на Управен одбор во детската градинка „Детелинка“ од Крива Паланка и Л.В. (39) во улога на вршител на должност директор на градинката.
Како што информираат од МВР, поранешниот градоначалник на општината во три наврати ја злоупотребил службената положба. Во првиот случај, А.А. попречил вршење инспекциски надзор за утврдување одговорност на вработена воспитувачка во детската градинка „Детелинка“, по пријавен настан за малтретирање дете и со тоа постапил спротивно од Законот за заштита на децата на незаконски начин.
Веднаш потоа, без објавување а оглас и без одлука на управниот одбор на градинката од Крива Паланка, ја разрешил поранешната директорка, која го пријавила споменатиот настан и на местото вршител на должност директор ја назначил Л.В. иако знаел дека таа немала лиценца за директор и немала работно искуство за вршење на функцијата. А.А. по вторпат ја злоупотребил службената положба кога по истекот на мандатот на Л.В. ѝ овозможил со поминат рок на решението да ја извршува функцијата уште два месеца, иако негова должност била три месеци пред истекот на мандатот да донесе одлука за распишување оглас за избор на директор на градинката.
А.А. по третпат ја злоупотребил службената положба кога по одлуката на Управен одбор по распишан оглас за избор на директор на детската градинка била отфлена пријавата на Л.В. поради неисполнување на условите и наместо да го поништи конкурсот и не ја прифати одлуката на Управниот одбор повторно да биде избрана поранешна директорка поради прикривање на пријавениот наста,н за што ѝ била разрешена, истиот повторно со решение ја поставил за директор на градинката.
Л.З., во својство на претседател на Управниот одбор во градинката, во два наврати ја злоупотребила службената положба и овластување на начин што го прифатила решението за избор на вршител на должност директор на детската градинка „Детелинка“ од Крива Паланка донесено од страна на А.А. иако знаела дека Л.В. не ги исполнува условите, а по истекот на мандатот од шесет месеци воопшто не го известила А.А. дека бил поминат рокот за вршител на должност на Л.В. Таа и по вторпат ја злоупотребила службената положба кога повторно без објавен јавен оглас и без одлука на Управниот одбор го прифатила решението со што на Л.В. ѝ било овозможено и понатаму да ја извршува оваа функција без соодветни квалификации и без лиценца за положен испит за директор.
Л.В., во својство вршител на должност директор на детската градинка „Детелинка“ од Крива Паланка, во периодот од 22и декември 2015 година сè до нејзиното разрешување на 4 август 2017 година, ја злоупотребила службената положба и овластување на начин што три месеци пред истекот на мандатот на 22 јуни 2016 година не го известила градоначалникот за денот на завршување на мандатот за да може да донесе одлука и Управниот одбор на градинката да распише јавен оглас за избор на директор. Л.В. ја извршувала оваа функција до 4 август 2017 кога со решение била разрешена поради неисполнети услови за директор по објавен оглас за избор на директор. На тој начин таа се стекнала со противправна имотна корист од 508.100 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Трагедија во Петровец: 23-годишно момче загина откако врз него паднал тежок предмет при изградба на објект
На 19.02.2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во индустриска зона на подрачјето на општина Петровец, при изведување работни задачи на објект во изградба на една фабрика, од висина паднал метален профил врз Е.А. (23) од Велес.
Од здобиените повреди тој починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, соопшти МВР.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. За настанот е известен трудов инспектор, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.
Uncategorized
Објавени сите досиеја на Епстин: на листата повеќе од 300 имиња на познати личности
Главниот обвинител на САД, Пам Бонди, објави дека сите досиеја на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин се објавени и дека во овие документи се наведени повеќе од 300 имиња на познати личности.
Пам Бонди тврди дека никакви записи поврзани со истрагата за Џефри Епстин не се објавени „поради срам, повреда на угледот или политичка чувствителност“, објави „Фокс њуз“.
Во писмо од саботата таа објави дека сите досиеја на Епстин се објавени во согласност со Законот за транспарентност на документите.
Според написите „Фокс њуз“ го добиле писмото адресирано до претседателот на Комитетот за правосудство на Сенатот, Чак Грасли, републиканец од Ајова, конгресменот Дик Дарбин, демократ од Илиноис, претседателот на Комитетот за правосудство на Претставничкиот дом, Џим Џордан, републиканец од Охајо, и конгресменот Џејми Раскин, демократ од Мериленд.
Писмото, како што е неведено од медиумот, содржи список од повеќе од 300 имиња на познати личности, вклучувајќи го американскиот претседател Доналд Трамп, поранешниот претседател Барак Обама и поранешната прва дама Мишел Обама, британскиот принц Хари, основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс, актерот Вуди Ален, сопственикот на „Фејсбук“ Марк Закерберг, пејачот Курт Кобејн и Брус Спрингстин.
Некои од споменатите имиња имале обемен директен контакт преку е-пошта со Епстин или неговата соработничка Гислен Максвел, додека други биле споменати во дел од документот (вклучувајќи пишување во печатот) кој на прв поглед не е поврзан со прашањата за Епстин и Максвел, се наведува во писмото.
Документот наведува широк спектар на материјали, вклучувајќи информации за организации и мрежи за кои се тврди дека се поврзани со трговијата со луѓе и финансиските операции на Епстин во корпоративните, непрофитните, академските и владините сфери, како и интерни е-пораки, меморандуми и белешки од состаноците на Министерството за правда за тоа дали да се покрене обвинение, да се отфрли или да се продолжи истрагата.
Документите, исто така, вклучуваат записи поврзани со потенцијалното уништување или прикривање на релевантен материјал и документација поврзана со притворањето и смртта на Епстин, вклучувајќи извештаи за инциденти, интервјуа со сведоци и извештаи од медицински испитувач и обдукција.
Во писмото се наведува дека лицата чии имиња беа редигирани поради чувствителност не беа вклучени, се додава во писмото, додавајќи дека процесот на редигирање бил обемен, вклучувајќи консултации со жртвите и нивните адвокати.
Кембел спомената стотици пати
Името на британската манекенка Наоми Кемпбел се појавува стотици пати во документите на Министерството за правда на САД за осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, а истражувањето на документите покажува дека Кемпбел побарала лет со приватниот авион на Епстин, била видена во неговата вила во Њујорк и на островот, но нејзиниот адвокат тврди дека таа не била свесна за неговите злосторства и дека никогаш не учествувала во несоодветно однесување.
Во милионите документи објавени по смртта на Епстин во 2019 година, беа прикажани е-пошта и преписка што покажуваат дека Кемпбел побарала да се сретне со Епстин во неговата вила во Њујорк и ја користела неговата мрежа за да присуствува на луксузни настани низ целиот свет, пишува Њујорк Тајмс (NYT).
Во една од е-поштата испратена до асистентката на Епстин, Кемпбел навела дека „сака да го види Џефри“, а на крајот од пораката се потпишала како „исцрпена убавица“.
Во интервјуата со федералните истражители, неименуваните жртви на Епстин рекле дека тој ги запознал со Кемпбел на друштвени настани и дека ја виделе во неговата вила и на неговиот остров.
Документите покажуваат дека моделот останал во својата околина и во контакт дури и откако Епстин беше осуден во Флорида во 2008 година за охрабрување на малолетници да се занимаваат со проституција.
Адвокатот на моделот Кемпбел, Мартин Сингер, рече дека неговата клиентка немала сознанија за „страшните кривични дела“ на Епстин сè до неговото апсење во 2019 година и дека таа немала никаков контакт со него потоа.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)

