Uncategorized
„Сè е филм, во множина“ – богата програма на 13 издание на Филозофскиот филмски фестивал од 2 јуни во Кинотеката
Годинешната максима „Сè e филм, во множина“, на ниво на синтакса, повторува една Годарова постапка: брзиот и неочекуван монтажен засек. Затоа и запирката, која не е чест гостин во слогани, тука се чини и сосема посакувана.
Филозофскиот филмски фестивал, кој ја негува и промовира мисловната, филозофско-eстетичка димензија на седмата уметност, годинава 13. пат ќе се одржи од 2 до 9 јуни во Кинотеката на С. Македонија. Во рамките на ова фестивалско издание предвидено е да бидат прикажани 40-ина филма, ќе се одржат 50-ина настани, ќе има 18 гости и 20 учесници на втората интернационална конференција „Филозофија и филм“.
Мотото на годинешното издание на ФФФ е „Сè е филм, во множина“, инспирирано од големиот француски филмски великан од новиот бран – Жан-Лик Годар (1930-2022) за кого Фестивалот подготвува специјален сегмент „Фокус Годар“.
„Во годаровски манир, по малку поигрувајќи си со историјата/историите, или приказната/приказните на филмот, оваа година со омаж на Годар како една неизбежна одредница и лик во светската филмска историја приказна, со радост ви го најавуваме 13. издание на нашиот и ваш ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ, во кој централно место ќе има токму ‘Фокусот Годар’, со неколку ретки и исклучително вредни синефилски уживања што ги подготвивме за нашата верна публика. Годинешната максима „Сè e филм, во множина“, на ниво на синтакса, повторува една Годарова постапка: брзиот и неочекуван монтажен засек. Затоа и запирката, која не е чест гостин во слогани, тука ни се чини и сосема посакувана“.
Богатата филмска/фестивалска програма е организирана во: Ревијална програма: филм-филозофија, двете компетитивни програми: Официјална селекција на долгометражни филмови и Официјална селекција на краткометражни филмови, Ретроспектива, Придружна програма (со „Фокус Годар“), Едукативна програма и интернационална конференција „Филозофија и филм“, а Фестивалот работи и на два издавачки проекта.
Како традиционални настани што ѝ претходат на главниот дел од програмата во текот на минатиот месец ФФФ ја почна едукативната програма. Tаа e поделена на три сегменти: Средношколска видеолектира, Работилници за млади и Фил(м)озофија со деца. Од почетокот на април, па сè до крајот на фестивалот има настани од оваа програма на повеќе локации во Македонија.
Средношколската видеолектира почна на 4 април во Младинскиот културен центар во Скопје за учениците од Скопје (6 гимназии) и во Велес се одржа проекција на филмот ДУХОТ НА УЛИШТЕТО (El espiritu de la colmena/The Spirit of the Beehive, 1973) на Виктор Ерисе, а потоа во периодот од 5 до 11 април проекции се одржаа и во други градови. Учество зедоа околу 420 ученици од 16 училишта во 11 града. Учениците ги испраќаат своите есеи најдоцна до 5 мај, а од сите од нив, тричлената стручна комисија, во состав: Вангел Ноневски, Марија Тодороска и Владимир Мартиновски, ќе ги избере трите најдобри есеи за ова издание. Доделувањето на наградите ќе се одржи на специјален настан во Кинотеката (27 мај, 16 ч).
Во втората половина на април и почетокот на мај, во рамките на Фестивалот, одржани се и 7 работилници за млади во повеќе градови на актуелни општествени теми со филмска подлошка. Во рамките на оваа програмска линија/овој програмски сегмент ќе се одржат и работилници за млади заинтересирани за естетиката на филмскиот јазик на возраст од 17 до 19 години. На работилницата, која ќе се одржи од 20 до 27 мај, ќе може учествуваат десетина учесници, ќе ги води нашиот филмолог д-р Атанас Чупоски, а сите заинтересирани ќе може да се пријават преку социјалните мрежи на Фестивалот.
И последниот сегмент од ЕП (фил(м)озофија со деца) е наменет за најмалите филозофи и филмофили, учениците од 9 до 11 години, и е поврзан со гледање филм на децата и потоа одржување дискусија и фил(м)озофска работилница (физички во Скопје и онлајн за децата во Македонија). Годинава, деца од 9- до 11-годишна возраст, под менторство на д-р Мартин Поповски, ќе го гледаат јапонскиот анимиран филм „Мираи“ (Mirai 2018) и ќе дискутираат на избрана тема. Оваа работилница ја користи токму имагинацијата како импулс за детското автентично размислување (без наметнување туѓи ставови и гледишта) за важни прашања за семејството, љубовта, љубомората, разбирањето, емпатијата… прашања што го отвораат патот кон „Другиот“ и кон сопственото растење и созревање. Сите заинтересирани ќе може да се пријават преку социјалните мрежи на фестивалот.
Фестивалот е во организација на Филозофското друштво на Македонија и ќе се одржи со поддршка на Агенцијата за филм и Министерството за култура на РС Македонија, во соработка со Кинотеката на С. Македонија, Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје, Амбасадата на Шпанија во Скопје, како и многубројни други долгогодишни соработници и пријатели на Фестивалот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Трагедија во Петровец: 23-годишно момче загина откако врз него паднал тежок предмет при изградба на објект
На 19.02.2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во индустриска зона на подрачјето на општина Петровец, при изведување работни задачи на објект во изградба на една фабрика, од висина паднал метален профил врз Е.А. (23) од Велес.
Од здобиените повреди тој починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, соопшти МВР.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. За настанот е известен трудов инспектор, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.
Uncategorized
Објавени сите досиеја на Епстин: на листата повеќе од 300 имиња на познати личности
Главниот обвинител на САД, Пам Бонди, објави дека сите досиеја на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин се објавени и дека во овие документи се наведени повеќе од 300 имиња на познати личности.
Пам Бонди тврди дека никакви записи поврзани со истрагата за Џефри Епстин не се објавени „поради срам, повреда на угледот или политичка чувствителност“, објави „Фокс њуз“.
Во писмо од саботата таа објави дека сите досиеја на Епстин се објавени во согласност со Законот за транспарентност на документите.
Според написите „Фокс њуз“ го добиле писмото адресирано до претседателот на Комитетот за правосудство на Сенатот, Чак Грасли, републиканец од Ајова, конгресменот Дик Дарбин, демократ од Илиноис, претседателот на Комитетот за правосудство на Претставничкиот дом, Џим Џордан, републиканец од Охајо, и конгресменот Џејми Раскин, демократ од Мериленд.
Писмото, како што е неведено од медиумот, содржи список од повеќе од 300 имиња на познати личности, вклучувајќи го американскиот претседател Доналд Трамп, поранешниот претседател Барак Обама и поранешната прва дама Мишел Обама, британскиот принц Хари, основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс, актерот Вуди Ален, сопственикот на „Фејсбук“ Марк Закерберг, пејачот Курт Кобејн и Брус Спрингстин.
Некои од споменатите имиња имале обемен директен контакт преку е-пошта со Епстин или неговата соработничка Гислен Максвел, додека други биле споменати во дел од документот (вклучувајќи пишување во печатот) кој на прв поглед не е поврзан со прашањата за Епстин и Максвел, се наведува во писмото.
Документот наведува широк спектар на материјали, вклучувајќи информации за организации и мрежи за кои се тврди дека се поврзани со трговијата со луѓе и финансиските операции на Епстин во корпоративните, непрофитните, академските и владините сфери, како и интерни е-пораки, меморандуми и белешки од состаноците на Министерството за правда за тоа дали да се покрене обвинение, да се отфрли или да се продолжи истрагата.
Документите, исто така, вклучуваат записи поврзани со потенцијалното уништување или прикривање на релевантен материјал и документација поврзана со притворањето и смртта на Епстин, вклучувајќи извештаи за инциденти, интервјуа со сведоци и извештаи од медицински испитувач и обдукција.
Во писмото се наведува дека лицата чии имиња беа редигирани поради чувствителност не беа вклучени, се додава во писмото, додавајќи дека процесот на редигирање бил обемен, вклучувајќи консултации со жртвите и нивните адвокати.
Кембел спомената стотици пати
Името на британската манекенка Наоми Кемпбел се појавува стотици пати во документите на Министерството за правда на САД за осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, а истражувањето на документите покажува дека Кемпбел побарала лет со приватниот авион на Епстин, била видена во неговата вила во Њујорк и на островот, но нејзиниот адвокат тврди дека таа не била свесна за неговите злосторства и дека никогаш не учествувала во несоодветно однесување.
Во милионите документи објавени по смртта на Епстин во 2019 година, беа прикажани е-пошта и преписка што покажуваат дека Кемпбел побарала да се сретне со Епстин во неговата вила во Њујорк и ја користела неговата мрежа за да присуствува на луксузни настани низ целиот свет, пишува Њујорк Тајмс (NYT).
Во една од е-поштата испратена до асистентката на Епстин, Кемпбел навела дека „сака да го види Џефри“, а на крајот од пораката се потпишала како „исцрпена убавица“.
Во интервјуата со федералните истражители, неименуваните жртви на Епстин рекле дека тој ги запознал со Кемпбел на друштвени настани и дека ја виделе во неговата вила и на неговиот остров.
Документите покажуваат дека моделот останал во својата околина и во контакт дури и откако Епстин беше осуден во Флорида во 2008 година за охрабрување на малолетници да се занимаваат со проституција.
Адвокатот на моделот Кемпбел, Мартин Сингер, рече дека неговата клиентка немала сознанија за „страшните кривични дела“ на Епстин сè до неговото апсење во 2019 година и дека таа немала никаков контакт со него потоа.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)

