Uncategorized
Се дефинираат мерките против Иран
Иран денеска е светска тема бр.1, откако за нуклеарната програма на оваа земја реагираше и Советот за безбедност, а големите сили одржуваат самит во Берлин.
Иран денеска е светска тема бр.1, откако за нуклеарната програма на оваа земја реагираше и Советот за безбедност, а големите сили одржуваат самит во Берлин.
Советот за безбедност на Обединетите нации синоќа му даде рок на Иран од 30 дена да ги запре активностите за збогатување на ураниумот, јавуваат американските медиуми.
Ова е првпат Советот за безбедност директно да бара Техеран да ги расчисти сомнежите дека изработува нуклеарно оружје.
Необврзувачката изјава е усвоена едногласно, откако за неа се преговараше со недели.
Иранскиот амбасадор во ОН изјави дека владата ќе ја разгледа изјавата на Советот, но оти Техеран е алергичен на притисоци и ултиматуми. Од друга страна, иранскиот претставник повтори дека неговата земја останува приврзана кон мирно решавање на проблемот
Во насока на надминување на проблемот, Иран денеска им предложи на Русија, Франција и Германија да формираат заедничко претпријатие за збогатување на ураниум на иранска територија.
Според Вишиот совет за национална сигурност на Иран, Али Лариџани, во интервју дадено за француските медиуми, на тој начин би се постигнал принципиелен договор, а и многу лесно би се нашло место за градење на таквото нуклеарно претпријатие на иранска територија. Тоа, воедно, според официјален Техеран, би биле и гаранции за мирниот карактер на иранската нуклеарна дејност.
Самит посветен на иранското нуклеарно прашање треба да одржат денеска во Берлин и петте постојани земји – членки на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) и Германија.
Германија, во пресрет на самитот, изрази надеж дека шестте страни ќе постигнат согласност за резолуција на ОН за Ирак, што ја кочи недоразбирањето меѓу САД и Русија.
За нуклеарната програма на Иран денеска во Берлин ќе разговараат американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, заменикот министер за надворешни работи на Кина Даи Бингџуо, као и шефовите на дипломатиите на Франција, Велика Британија и Германија,Филип Дуст – Блази, Џек Строу и Франк-Валтер Штајнмаер.
На средбата ќе учествува и високиот комесар на Европската унија за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана.
Германскиот печат толкува оти не е за верување дека шефовите на дипломатиите на шесте земји би се состанале денеска во Берлин, доколку претходно веќе не е прецизирано посакувано решение.
Според медиумите, засега, неразјаснети остануваат две прашања – должината на рокот што треба да му се остави на Иран да ја прекине нуклеарната програма, и прашањето дали, во случај Иран да не ги исполни барањата, мерки итно ќе преземе Советот за безбедност на ОН, или прво Советот на гувернери на Меѓународната организација за атомска енергија (ИАЕА).
/крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

