Uncategorized
Јубилејна година на „Танец“ исполнета со богата концертна дејност
Секојдневната и концертната дејност годинава Ансам-блот за народни песни и игри на Македонија „Танец”,ќе ја посвети на значајниот јубилеј – шеесет години од основањето
Шест децении исполнети со самопрегор и високо професионален однос кон негувањто и афирмирањето на македонските фолклорни достоинства.Генерации и генерации уметници, играорци, песнопојци, инструменталисти и оние од техничко-раководниот персонал, од онаа првата, којашто ги удри темелите па се’ до денешнава, ги вградија своите придонеси во она што е “Танец”. Ансамбл достоен на името што го носи, да биде предводник, да се сочува, сценски надгради и афирмира еден од значајните сегменти на националниот културен код што Македонецот со векови го создавал, за себепрепознавање и опстојување на балканската ветрометина. Тоа е мисија што ги први горди не само “Танец”, туку и сите во Македонија и нашите во дијаспората, зашто, ако не беше тој, светот не ќе ги осознаеше непреценливите фолклорни вредности, што професионалните уметниците на ансамблот, секогаш ги манифестираат со високи уметнчки перформанси.Ансамблот „Танец” цели шест децении испишува светли страници во своето уметничко дејствување, гордо чекорејќи по врвиците на фолклорната уметност. Притоа секогаш со мислата најубавото од македонското народно творештво да допре со сиот свој сјај ,до секого, дома и насекаде во светот.Шестдецениското дејствување на ансамблот, е период исполнет со постојано истражување по се’ уште зачуваните фолклорни вредности и нивното оттргнување од времето на заборавот.„Танец” располага со богата и разновидна програма, која на изворен план претставува конзервација на автохтоните фолклорни белези и програма со значајни сценско-кореографски постановки и прикази на обредно-обичајната архаика. Со еден збор, повеќечасовни програми во кои се опфатени песни, инструментални творби, игри и оригинални костими од повеќе региони на етничка Македонија.Својот богат програмски репертоар со сите специфичности на македонскиот фолклрен израз, со високи естетско-уметнички дострели, ансамблот ги има манифестирано на повеќе од четири ијлади концертни и фестивалски сцени во земјава и на разни меридијани во светот.Ансамблот за кој многумина со право велат дека е подвижен музеј, е наш етно бренд и амбасадор на македонските културни достоинства.Секој негов концерт е ново уметничко насладување,нова приказна за културниот идентитет на Македонецот.Така се доживуваа концертите на „Танец” во изминативе шест децении, така ќе биде и во годините и децениите што следат.Затоа што тој ја има благородната мисија да биде секогаш со почитувачите на традициите и неговите изведби дома. Да биде мост на духовна врска на нашинците од дијаспората со родното огниште. Да биде културен мисионер во светот, на она што е наше, автохтоно, создавано со векови на македонската почва.Таква мисија ансамблот „Танец” ќе има и годинава, со пригодни концерти дома, на балканските простори и во Европа.А јубилејната културна мисија започнува деновиве, со гостување меѓу нашинците и тамошниот свет во Торонто, Канада, во Чикаго, Детроит, Њу Џерси, Клевленд, Колумбус, на северно-американскиот континент.Додека Народниот хор и оркестар при ансамблот „,Танец“, богатата песнопојна македонска традиција ќе ја претстават на меѓународен фолклорен фестивал во Маниса, Турција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

