Uncategorized
Галичка свадба без галичани?
Часовникот се враќа назад секоја година во селото Галичник, каде што традиционалниот свадбен ритуал ги оживува обичаите од минатото
Петровден, одењето на вода, канењето на мртвите, бричењето на зетот, стројот по невестата, величественоста на обредите сведочи за големата ризница на друховни вредности за човештвото со која се одликува овој настан…
Овогодишната 46-та галичка свадба само покажа дека има космополитска определба со самиот факт дека младенците немаа галичко потекло. Младенци годинава беа 32-годишната Вања Ристовска и 37-годишниот Горан Гаврилоски од Скопје. Тие беа избрани на конкурс на кој биле пријавени шест двојки. По 15-годишната врска, се одлучија за нешто несекојдневно, нешто што уште долго ќе остане во нивните сеќавања, своевиден спој од христијанските и паганските обичаи, со акцент на црквата, традицијата и фолклорот. Започнување на заедничката иднина присетувајќи се на минатото, време кога Галичник имаше живост, а животот беше поинаков.Гордите младоженци, почитувајќи ги богатите обичаи на Мијачијата, својот брак го крунисаа во црквата „Св. Петар и Павле“. Со големата чест да се венчаат во духот на своите корени, тие достојно ги поминаа 30-тината обреди кои некогаш се изведувале со недели, а сега се изведуваат од сабота навечер, до недела напладне. Невестата обредите ги помина со галичка народна носија тешка 21 килограм, својствена за минатото, кога дури и по 30 свадбени церемонии се изведувале во селото пред да биде целосно напуштено поради емиграции за подобар живот.Доказ дека многумина се заинтересирани за овој настан и дека има потенцијал да се доведе до ниво на туристичка атракција говори и широкиот спектар на заинтересирани за овогодишната церемонија. Публиката со силен аплауз го проследи „Тешкото оро“, симбол на печалбарската сага и непокор. Многубројните посетители кои ги имаше од земјава и светот не го криеја восхитот на оваа исконска традиција, како и желбата за нејзино продолжување.„Навистина ова е етносот на Македонија. Јас сум од Турција, многу е убаво. Прв пат сум на Галичник на оваа прекрасна манифестација. Одличен фестивал, многу сум среќен што сум овде“, рече еден посетителит.„Настан на љубовта, настан на верноста, чувството, на жената кон мажот“, изјави Коста Граоркоски, член на одборот на Галичка свадба.На 10 јули, во пресрет на Галичката свадба, ќе почне Галичкото културно лето, кое ги опфаќа традиционалните Галичка книжевна колонија, од 2 август, и Галичката ликовна колонија, од 19 август.Галичкото културно лето ќе понуди и филмски проекции, промоција на книгата „Света Петка заштитничка на Галичник“, а првпат се воведува нова културна содржина на Летото – биенална манифестација на етнолошка фотографија и филм.Вековната традиција поддржана од екот на зурлите и тапаните и овој викенд го оживеа Мијачкиот крај. Галичката свадба, богата со многу оригинални и неповторливи свадбарски обичаи, е потврда на македонската историска култура, што го покажува вековното постоење на галичката свадба и нејзината неизмерна вредност. И после толку време се уште е актуелна пораката од народната песна која вели: Каде и да си, за Петровден дома да си.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

