Свет
Несреќа во Унгарија: возило полно со мигранти се судри со друго и се запали – има загинати и повредени

Тројца мигранти загинаа, а 11 се повредени во сообраќајна несреќа на југот на Унгарија, соопшти полицијата.
Возилото со 15 патници не застанало на полицискиот пункт и директно се судрило со друго возило, а потоа се запалило. Двајца патници починале на самото место, а третиот починал во болница. Уште 11 се префрлени во болници.
Возачот, државјанин на Грузија, е уапсен на местото на настанот поради сомнение за трговија со луѓе и невнимание, што довело до сообраќајна несреќа со смртни последици. Судирот се случил во близина на селото Боча, 122 километри јужно од Будимпешта, соопшти полицијата и додаде дека Грузиецот сакал да прошверцува 15 илегални мигранти.
Владини извори соопштија дека од почетокот на годината до границата со Унгарија стигнале 157.000 мигранти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Ердоган: Нема да дозволиме терористите да дишат внатре, но и надвор од нашите граници

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека оваа земја нема да дозволи терористите да дишат во нејзините граници, но не и надвор од неа, пренесуваат агенциите.
Зборувајќи за борбата против тероризмот, Ердоган подвлекол дека Турција продолжува со решителната борба против терористите и внатре и надвор од нејзините граници.
„Како што не дозволуваме терористичките организации да дишат во нашите граници, така ќе направиме се за да ги исушиме терористичките мочуришта и надвор од нашите граници“, изјавил Ердоган.
Тој зборувал и за енергетската криза и истакнал дека додека Европејците размислуваат како да ја преживеат зимата, Турција веќе спроведува стратешки студии за да ги обезбеди своите потреби за снабдување со енергија.
Потсетил дека оваа недела испловил турскиот брод „Абдулхамид Хан“, кој во моментов бара ресурси во Средоземното Море.
„Верувам дека бродот „Абдулхамид Хан“ ќе донесе добри вести за нашиот народ, како што е нашето откритие на 540 милијарди кубни метри гас во Црното Море“, кажал тој.
Најавил и формирање фабрика за производство на барут, патрони и капсули со инвестиција од шест милијарди во градот Корум, а првата фаза од фабриката, која ќе се состои од три фабрики, ќе биде пуштена во мај 2023 година.
Европа
Подољак: Преговори со Русија ќе значат само едно – дека Русија победи

Мировните преговори со Русија ќе значат вистинска загуба на Украина, Европа и демократските вредности, изјавил Михаил Подољак, шеф на кабинетот на Владимир Зеленски, пренесуваат светските агенции.
Тој ги коментирал зборовите на британскиот експерт за Украина, Тимоти Еш, дека мировните преговори меѓу Москва и Киев би можеле да продолжат оваа есен.
„Денешните преговори со Руската Федерација ќе значат само едно: дека Русија победи. Ова е забележан пораз на Украина, евидентиран пораз на Европа, на демократските вредности како такви“, изјавил Подољак, а пренесува „Комерсант“.
Според него, мировните преговори со Москва би можеле да ја „поправат цивилизираната катастрофа“, а по нивното започнување ќе следи „колапс на целиот глобален безбедносен систем“.
Украина веќе плати висока цена, што е „многу повисока од можноста за итен прекин на огнот“, заклучил Подољак.
Европа
Турција првпат назначи жена генерал

Турската армија назначи прва жена генерал, објавено е денеска во Службениот весник на оваа земја.
Како што пренесува „Anadolu Agency“, Озлем Јилмаз е унапредена во бригаден генерал од позицијата виш полковник. Сега таа ќе биде потпретседателка на Академијата за жандармерија и крајбрежната стража.
Другите унапредувања вклучуваат двајца генерал-полковници, 16 генерал-мајори и 13 бригадни генерали.