Uncategorized
Веганската исхрана го намалува ризикот од срцеви болести
Веганската исхрана со малку јаглени хидрати наречена ’Еко-Аткинс’ е ефикасна во намалување на телесната тежина во слабеењето, а ново истражување покажа и дека го намалува ризикот од срцеви болести.
Според д-р Дејвид Џенкинс од болницата „Сент Мајкл” во Торонто многу диети кои се засноваат на намалено внесување јаглени хидрати дават резултати во слабеењето. Меѓутоа, тие вообичаено подразбираат консумирање протеини и масти од животинско потекло, што го подигнуваат нивото на холестерол.
Од друга страна, диетите богати со протеини и растителни масла, се поврзуваат со намален ризик од срцеви болести, затоа што го намалуваат нивото на таканаречениот лош холестерол.
Имајќи предвид дека ‘Еко-Аткинс’ се состои од намирници сиромашни со јаглени хидрати, а богати со протеини и масла, тимот од „Сент Мајкл” сакал да провери дали таа го намалува и ризикот од болести на срцето.
За потребите на студијата објавена во магазинот BMJ Open, истражувачите испитале 39 мажи и жени со вишок килограми.
Учесниците биле поделени во две групи: едната се придржувала на ‘Еко-Аткинс’ диетата шест месеци, додека за тоа време другата група се држела до исхрана богата со јаглени хидрати, а сиромашна со масти.
Исражувачите и препорачале на првата група да внесува околу 60 проценти од препорачаната дневна енергетска вредност на храната. Освен тоа, целта била 26 проценти од дневната исхрана да ја сочлинуваат јаглени хидрати, 31 процент протеини и дури 43 проценти масти, претежно растителни масла.
На крајот на истражувањето, тимот открил дека учесниците кои се придржувале на ‘Еко-Аткинс’ диетата имаат 10 проценти понизок холестерол и изгубиле во просек два килограми повеќе во однос на другата група.
Научниците пресметале дека таквиот ритам го намалува ризикот од срцеви болести за 10 отсто во текот на десетгодишен период.
Според д-р Џенкинс, овие резултати може да се применат и на општата популација, затоа што учесниците имале слобода сами да ги бираат намирниците и големините на порциите.
Храната богата со влакна, како овес и јачмен, биле составен дел од ‘Еко-Аткинс’ диетата, како и зеленчукот со ниска содржина на скроб.
Коментирајќи ги резултатите, научниците заклучиле дека „Диетата со намалено внесување на јаглени хидрати и повеќе протеини од растително потекло, како глутен, соја и јаткасти плодови, со растителни масла, нудат можност за намалување на лошиот холестерол и телесната тежина, како и ризикот од срцеви болести”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

