Uncategorized
668 нови случаи на Ковид-19 и 7 починати
Направени се 3.974 тестови, а регистрирани се 668 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во Скопје – 340, Битола – 43, Куманово и Струмица – по 33, Охрид – 30, Прилеп – 23, Тетово – 22, Кавадарци, Велес, Штип и Кичево – по 15, Гевгелија – 11, Струга и Богданци – по 9, Гостивар, Неготино и Свети Николе – по 8, Ресен и Дебар – по 5, Кочани, Крива Паланка и Демир Капија – по 3, Радовиш, Делчево и Македонски Брод – по 2, Берово, Валандово, Виница, Кратово, Крушево и Демир Хисар – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (668), регистрирани се 81 реинфекции.
Регистрирани сe 887 оздравени пациенти од: Скопје – 621, Битола – 39, Куманово – 36, Кавадарци – 32, Велес – 31, Неготино – 19, Гевгелија – 13, Тетово и Кичево – по 11, Прилеп и Гостивар – по 10, Ресен – 8, Штип – 5, Охрид, Богданци, Свети Николе, Кочани, Крива Паланка и Демир Капија – по 4, Струмица, Радовиш, Делчево и Пробиштип – по 3, Берово – 2, Струга, Македонски Брод и Валандово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица: 3 починати лица од Прилеп (80г, 80г и 81г), 2 починати лица од Скопје (78г и 82г) и по едно починато лице од Куманово (75г) и Струга (60г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително нема пријавени починати лица.
Од вкупниот број на починати лица, кај 7 лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 3.974 тестови преку: ИЈЗ-270, ЦЈЗ Скопје-91, ЦЈЗ Битола-98, ЦЈЗ Прилеп-48, ЦЈЗ Тетово-2, ЦЈЗ Куманово-65, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–321, Жан Митрев (Филип Втори)-62, Авицена-71, Биотек-101, Систина-51, лабораторија Лаор-132, Синлаб-8, Ремедика-0, Плодност-41, Генеа-10, Никоб Лаб-295, ВФВ Медикал-43, Ели Медика-30, Ројал Медика–19, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб–20, Жан Митрев Струмица–15, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.153.
Досега во земјата се направени вкупно 1.870.093 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 293.328, бројот на оздравени пациенти е 276.835, на починати е 8.898 а бројот на активни случаи изнесува 7.595.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 135758, Активни 4205
Куманово 16013, Активни 333
Битола 14050, Активни 373
Прилеп 13429, Активни 244
Тетово 13300, Активни 290
Кавадарци 9982, Активни 234
Гостивар 9321, Активни 135
Велес 9293, Активни 297
Охрид 8459, Активни 176
Штип 7879, Активни 108
Струмица 7863, Активни 212
Кичево 5325, Активни 122
Кочани 4908, Активни 68
Струга 4615, Активни 83
Гевгелија 4166, Активни 111
Неготино 3582, Активни 111
Свети Николе 2615, Активни 43
Ресен 2554, Активни 67
Радовиш 2475, Активни 73
Крива Паланка 2348, Активни 40
Делчево 1879, Активни 19
Берово 1704, Активни 20
Дебар 1599, Активни 49
Валандово 1516, Активни 38
Виница 1362, Активни 18
Пробиштип 1281, Активни 6
Богданци 991, Активни 36
Кратово 924, Активни 20
Крушево 873, Активни 16
Демир Хисар 811, Активни 16
Македонски Брод 683, Активни 11
Демир Капија 541, Активни 9
Македонска Каменица 519, Активни 1
Пехчево 456, Активни 9
Дојран 254, Активни 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 Октомври – Светскиот ден на храната
Со мотото „Рака за рака за подобра храна и подобра иднина“, Агенцијата за храна и ветеринство (АХВ) се придружи на настанот што го организара Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – ФАО за одбележување на 16 Октомври – Светскиот ден на храната.
Во рамките на настанот, кој во организација на ФАО се одржа во скопскиот Градски парк, а беше посветен и на одбележувањето на осумдесетгодишнината од основањето на ООН и ФАО, претставници на АХВ на граѓаните им подели едукативен материјал со совети за безбедна храна – летоци, лифлети и торбички.
ФАО во рамките на Светскиот ден на храната годинава повикува на глобална соработка за создавање мирна, одржлива, просперитетна и безбедна иднина со храна. Со заедничка работа преку владите, организациите, секторите и заедниците активно се работи на трансформирање на земјоделско-прехранбениот сектор во насока на обезбедување услови секој граѓанин да има пристап до здрава исхрана живеејќи во хармонија со планетата.
Агенцијата за храна и ветеринарство и оваа година ја поддржа кампањата на ФАО за одбележување на Светскиот ден на храната истакнувајќи го ставот дека граѓаните во државава јадат безбедна храна. АХВ како институција е дел од синџирот за контрола на безбедноста на храната во земјата од домашно производство и од увоз водејќи сметка таа редовно да се контролира во рамките на редовните и вонредните контроли и многубројните мониторинг-програми, кои се спроведуваат во АХВ, чии досегашни анализи потврдуваат дека македонските граѓани јадат безбедна храна.
Uncategorized
Турција: Нашата дипломатија го спречи доаѓањето на Нетанјаху на самитот во Египет
Турската влада соопшти дека Анкара одиграла клучна улога во спречувањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да присуствува на самитот за Газа во Египет.
„По иницијатива на претседателот Реџеп Таип Ердоган и благодарение на турските дипломатски напори, Нетанјаху нема да учествува на состанокот“, изјавил владин претставник за германската агенција „ДПА“.
Израел пак тврди дека Нетанјаху не отпатувал поради еврејскиот празник Симхат Тора, иако претходно беше најавено негово присуство.
Самитот во Шарм ел-Шеик го предводи американскиот претседател Доналд Трамп, а учествуваат најмалку 20 светски лидери.
Uncategorized
Кадриу: Османи одобрил договор од 56 милиони денари за возила за ОБСЕ, цените трипати повисоки
Претставникот на „Влен“, Арбер Кадриу, презентираше договор за изнајмување возила за потребите на Министерството за надворешни работи (МНР) за време на организацијата на министерскиот совет на ОБСЕ во декември 2023 година, нарекувајќи го „доказ за коруптивниот начин на кој работел тогашниот министер Бујар Османи“.
Кадриу истакна дека договорот е склучен на износ од 56.640.000 денари за само два дена настан, без механизми за контрола и потврда на бројот на ангажирани возила.
„Во него јасно се гледаат астрономските цени што државата ги плаќала: VIP автомобил 29.000 денари на ден, возило од средна класа 23.000 денари, а миниван 19.200 денари на ден, без ДДВ,“ рече Кадриу, посочувајќи дека само еден месец претходно истата компанија склучила договор со МНР за редовни потреби по цена од 9.500 денари за ист тип возило.
„Тоа значи дека државата платила три пати поскапо за исти возила, од истата компанија, во исто време,“ додаде тој.
Од ВЛЕН обвинуваат дека во договорот „нема записник или доказ колку возила биле користени, нема внатрешна контрола, ниту службена потврда на реализацијата“.
„Ова е класичен модел на излевање на јавни пари во приватни џебови. Ова е начинот како работел Бујар Османи како министер за надворешни работи,“ истакна Кадриу, додавајќи дека ваквите тврдења се нотирани и од Државниот завод за ревизија.
ВЛЕН бара отворање кривична истрага за сите лица вклучени во овој договор, како и активирање на Државниот завод за ревизија за целосна проверка на набавките во МНР за време на мандатот на Османи.
„Бујар Османи е должник пред граѓаните. Овој договор го потпишал во свој мандат и со свој потпис ја одобрил астрономската цена. Не може да се крие зад службеници и процедури,“ рече Кадриу, повикувајќи медиуми, граѓански организации и јавноста да го погледнат договорот.

