Uncategorized
ЕУ за глобалното затоплување
Борбата против климатските промени, обновливите извори на енергија, како илиберализацијата на енергетскиот пазар, се главни теми на дводневниот пролетенсамит на Европската унија(ЕУ) во Брисел.
Борбата против климатските промени, обновливите извори на енергија, како илиберализацијата на енергетскиот пазар, се главни теми на дводневниот пролетенсамит на Европската унија(ЕУ) во Брисел.
Лидерите на 27 земји членки на ЕУ, денеска и утре, ќе се обидат да изнајдатначини како да се постигнат зацртаните цели.
Европските лидери уште на минатогодишниот самит во март ги утврдија целите до2020. година да ја смалат емисијата на штетни гасови за 20 отсто, да гозголемат уделот на обновливата енергија на 20 отсто, а делот на биогоривата на10 отсто од вкупното гориво што се троши во сообраќајот.
Во согласност со овие политички насоки, Европската комисија во јануари оваагодина предложи конкретни законски мерки за кои сега ќе се води расправа.
Според нацрт-заклучоците, што ги подготви словенечкото претседателство,климатско-енергетскиот законски пакет би требало да биде усогласен до крајот наоваа година.
Клучниот дел на климатско-енергетскиот пакет го сочинува шемата на тргување содозволи за испуштање на штетни гасови. Според таа шема, индустрискитезагадувачи би купувале дозволи за испуштање на штетни гасови на заедничка берзана ниво на ЕУ, а не во секоја земја посебно.
Меѓутоа, иако сите ги поддржуваат зацртаните цели, нема согласност како тоа дасе постигне.
Многу земји се плашат дека тие мерки насочени против глобалното затоплување биможеле да ја натераат индустријата да се пресели во трети земји кои немааттолку строги еколошки закони, што би предизвикало масовни отпуштања од работа.
За да ги отстрани овие стравувања, ЕУ ќе се обиде да договори такви еколошкистандарди и на светско ниво, а во случај на непостигање на меѓународен договор,не се исклучува можноста за воведување на посебни даноци на увоз од земјите коинемаат ограничување за испуштање на јаглерод диоксид, што би можело да доведедо трговска војна со САД.
Нема согласност ни околу биогоривото, со оглед на најновите научни студии, коипокажуваат дека ова гориво ја загадува атмосферата, а може да предизвика исмалување на производството на храна за сметка на горивото.
Европскиот совет ќе го разгледа и напредокот на полето на понатамошнаталиберализација на пазарот за електрична енергија и гас.
На првиот ден на самитот, вечерва, лидерите треба да разговараат и законтроверзната идеја на францускиот претседател Никола Саркози за формирање наМедитеранска унија.
Оваа идеја наиде на противење кај повеќе земји членки на ЕУ, сметајќи дека одтој проект би биле исклучени земјите што не излегуваат на Средоземното море.
Франција, која во втората половина на годината го презема претседавањето со ЕУ,планира на 13 јули во Париз да организира самит со земјите од јужниотсредоземски брег, од Мароко до Израел.
Идејата на Саркози многумина во ЕУ ја толкуваат како обид да се обезбеди алтернативночленство на Турција во медитеранската унија, со оглед на фактот дека Паризсилно се противи на членството на Турција во ЕУ.
/крај/хн/ст
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина иливо делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
„Најубавата мајка раѓа најубави деца“: Ана Курникова ги воодушеви фановите со семејна фотографија
Познатата тенисерка Ана Курникова (44) и Енрике Иглесијас (50) станаа родители по четврти пат. Иако името и полот на бебето сè уште се непознати, славниот пар покажа како изгледа.
Ана објави семејна фотографија од сите нивни деца, а секако немаше недостаток од убави коментари.
Многумина веќе ги нарекоа Ана и Енрике најубавиот пар на светот, а со тоа и нивните деца се „најубавите деца на светот“.
„Тие се прекрасни“, „Совршени деца“, „Вие сте најслаткото семејство на светот“, „Можете да видите колку го сакаат бебето“, „Нереални деца“, „Најубавата мајка раѓа најубави деца“, беа само дел од коментарите.
Не е познато кога Ана и Енрике ќе го откријат името на своето новородено бебе, но веројатно ќе се обидат да го чуваат во тајност што е можно подолго, со оглед на тоа што го правеле тоа со секое дете, а денес се познати како „обични“ родители кои се обидуваат да се осигурат дека нивните деца водат „нормален“ начин на живот и покрај тоа што се популарни на глобално ниво.
Ана Курникова ја заврши својата професионална кариера во 2003 година, а е во врска со Иглесијас од 2001 година.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

