Uncategorized
ЕУ одлучи да продолжи ратификацијата на Лисабонскиот договор
Лидерите на ЕУденеска постигнаа согласност за продолжување на процесот на ратификација наклучниот, но задоцнет, Лисабонски договор, и го одложија до октомвридонесувањето одлуки за тоа како да се надмине референдумското одбивање на Договоротво Ирска.
Лидерите на ЕУденеска постигнаа согласност за продолжување на процесот на ратификација наклучниот, но задоцнет, Лисабонски договор, и го одложија до октомвридонесувањето одлуки за тоа како да се надмине референдумското одбивање на Договоротво Ирска.
Анонимни извори изјавија дека на дводневниотсамит, ЕУ го надминала противењето на Чешка, прифаќајќи ратификацијата во овааземја да се одложи додека судот не реши дали Лисабонскиот договор го кршиУставот.
Договорот е замислен да овозможи темелни измени воначинот на раководење со Унијата и да ја засили нејзината улога во светскирамки. Ирска е единствената земја која организираше референдум за Лисабонскиотдоговор, и нејзиното одбивање ги запре реформите во ЕУ.
Канцеларката на Германија АнгелаМеркел и претседателот на Франција Никола Саркози извршија силен притисок врзЧешка да се посвети на ратификација на Договорот заедно со останатите земјичленки – стратегија која би го спречила понатамошното одбивање со цел да и сеовозможи на Унијата да продолжи некако да го турка Договорот, кој е веќератификуван во 19 земји.
Саркози и останатите лидерипредупредија дека нема да има понатамошно проширување на Унијата, додека не серазреши политичката криза предизвикана од ирското одбивање.
Документот е доведен во опасност иво Чешка, каде Уставниот суд треба да утврди дали тој задира во суверенитетотна земјата.
Чешкиот премиер призна деканајголемата владеачка партија отворено се спротивставила на текстот наДоговорот во националниот парламент.
Чешка ќе го преземеПретседателството со ЕУ на 1 јануари 2009 г.
Претставниците на ЕУ посочија наСамитот дека ниту еден од лидерите на земјите членки не побарал комплетнаревизија на Договорот.
Договорот е клучен, бидејќи горегулира начинот на функционирање на Унијата, која во моментов брои 27 членки,и има намера да прими уште балкански земји заедно со Турција, во следниведецении.
Тој исто така предвидува ипоефикасен систем на донесување одлуки и укинување на правото на вето вополитичките области како функционирање на полицијата и имиграцијата.
/крај/мв/ег/
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстовне смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

