Uncategorized
Вработените во „Југохром“ бараат рестартирање на фабриката
Претставници на Синдикатот на вработените во „Југохром Алзар“ во петок, ќе предадат писмо – ургенција до Второстепената комисија на Владата, како охрабрување и поттик комисијата да одговори позитивно на жалбата против, според нив неоправданото изскучување од работа на фабриката.
„Југохром“ ги изгаси печките на почетокот од ноември по одлука на Министерството за животна средина кое посочи дека компанијата ги пробила роковите за изградба на пречистителна станица за издувните гасови кои го загадуваат воздухот во регионот.
Од тогаш, неколкупати вработените во фабриката протестираа, со цел да се рестартира фабриката, а тие да се вратат на работа.
Беше најавено дека до крајот на декември Синдикатот на вработените во „Југохром“ ќе преговара со раководството на компанијата, со цел работниците да ги задржат работните места.
„Одлучив заедно во кореалција со менаџментот, вработените да останат сите без исклучок, без ниту едно отпуштање во работен однос во фабриката. Се разбира дека оваа мерка ја превземавме, повторно на еден месец“, рече Васил Скендеровски, генерален директор на Југохром, минатиот месец.
Тогаш, претседателот на синдикатот на работниците на „Југохром“, Бајрам Амити, побара од Министерството за животна средина и Државниот инспекторат да ја повлечат одлуката за затворање на комбинатот, во спротивно тие ќе продолжат со протестите.
Од компанијата најавуваат дека системот на отпрашување ќе биде завршен кон крајот на април, а досегашните одлагања се должат единствено на долгото чекање на дозволи и мислења од државните институции.
Според Скендеровски, одлуката на Државниот инспекторат за затворање е тенденциозна. Од фабриката покажаа податоци според кои загадувањето на Тетово и натаму е високо, без оглед што комбинатот не работи, што за нив е доказ дека не се главни загадувачи./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

