Uncategorized
Фон дер Лајен: ЕУ ќе воведе нови санкции кон Русија доколку Путин не ја прекине војната
Европската Унија е подготвена да усвои дополнителни санкции против Русија доколку претседателот Владимир Путин не ја запре војната во Украина, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
„Знаеме дека овој конфликт е далеку од завршен, и да бидеме многу јасни, подготвени сме да преземеме дополнителни драстични мерки доколку Путин не ја прекине војната што ја започна“, рече таа заедно со американскиот државен секретар Ентони Блинкен (Антони) во Брисел.
„Благодарение на оваа координација (со Соединетите Американски Држави), заедно дизајниравме, развивме и имплементиравме санкции во рекордно време. Санкции кои ја покажуваат нашата решеност да го принудиме Путин да ја плати цената за неговата војна. Овие мерки не ги преземаме лесно, но јасно е дека треба да дејствуваме“ – додаде таа.
Фон дер Лајен рече дека повеќе од 40 земји сега се „делумно или целосно“ во согласност со санкциите, велејќи дека тоа е „доказ за решеноста на глобалната заедница да ја отфрли оваа инвазија“.
UN Commission President Ursula von der Leyen says "Europe is seeing destruction and displacement on a scale not seen the darkest days of the last century".
Latest: https://t.co/X3flQUBL0r
? Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 and YouTube pic.twitter.com/9NgHaysEsk
— Sky News (@SkyNews) March 4, 2022
Зборувајќи по неа, Блинкен ја пофали Европската Унија за нејзиниот одговор кон Русија, велејќи: „Оваа унија е силна, обединета и активна“.
„ Ако дозволиме да се прекршат овие принципи неказнето, тогаш ја отвораме Пандорината кутија, во секој агол на светот дека тоа се случува повторно и повторно и повторно“ – рече Блинкен, предупредувајќи дека војната во Украина „можеби не е завршена наскоро“ и дека САД и европските сојузници мора да го издржат силниот притисок врз Русија додека не заврши сè.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.
Uncategorized
Австралија воведува построги закони за оружје по масакрот во Сиднеј
Долниот дом на австралискиот парламент денес усвои закони со кои се воведува програма за откуп на оружје и построги контроли за лиценцирање како одговор на масовното пукање за време на еврејскиот празник Ханука кон крајот на минатата година.
Законите беа усвоени од Претставничкиот дом со 96 гласа „за“ и 45 „против“ и сега се испраќаат до Сенатот.
„Нападот на плажата Бонди, во кој загинаа 15 лица, беше дело на поединци со омраза во срцата и оружје во рацете“, рече министерот за внатрешни работи Тони Бурк додека ги претставуваше законите.
„Оваа трагедија бара одговор од целата влада. Мора да направиме сè што можеме за да се соочиме и со мотивацијата и со методот“, рече министерот.
Новите мерки вклучуваат национална програма за откуп за намалување на бројот на оружје кај населението. Покрај тоа, постојат планови за воведување построги проверки пред државите да издаваат дозволи за оружје, користејќи информации што ги поседува Австралиската безбедносно-разузнавачка агенција.
Според владини бројки, минатата година во Австралија имало 4,1 милион парчиња огнено оружје, од кои 1,1 милион во Нов Јужен Велс, најнаселената држава каде што се случи пукањето на Ханука.
Покрај тоа, Нов Јужен Велс донесе свој сет закони со кои се ограничува бројот на огнено оружје по лице на четири. Исклучок се земјоделците, кои се ограничени на десет. Понатаму, сопствениците на огнено оружје ќе мора да ги обноват своите дозволи по две години, наместо сегашните пет.
„Бројот на огнено оружје што моментално циркулира во австралиската заедница е неодржлив“, рече Бурк.
Опозицијата ја критикува владата
Поддршката не ја дадоа конзервативните пратеници од опозицијата, кои ја обвинија лабуристичката влада на премиерот Ентони Албанез дека не успеала соодветно да се справи со растечкиот антисемитизам.
Парламентот, на барање на премиерот, го прекина летниот одмор за да дебатира за законите. На дневен ред е и предлог со кој би се намалил прагот за гонење на говорот на омраза.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.

