Контакт

Забава

Алесандра Амброзио го прослави Денот на благодарноста на плажа на Хаваи

Објавено пред

На Алесандра Амброзио не ѝ е непознато да го живее џетсетерскиот живот како една од најдобрите светски модели.

А во четвртокот бразилската убавица го прослави својот Ден на благодарноста на тропско патување на Хаваи со своето семејство и партнерот Ричард Ли.

Нејзиниот одмор вклучува здраво јакнење на умот, телото и душата со помош на сесија јога и квалитетно време на плажа на островот Кауаи со оние што најмногу ги сака.

Забава

Адел го одложи престојот во Лас Вегас

Објавено пред

Адел сподели емотивно видео на Инстаграм во четвртокот, во кое со солзи во очите информира дека ги одложува концертите во Лас Вегас.

33-годишната пејачка заплака кога им соопшти на своите фанови дека е принудена да го одложи почетокот на нејзината многуочекувана серија концерти во познатиот хотел „Цезар Палас“ поради случаи на Ковид-19 во нејзината екипа.

Адел призна дека се чувствува многу потиштена што не може да се качи на сцената и дека е засрамена од доцнењето.

Таа во видео споделено на нејзините профили на социјалните мрежи рече: „Многу ми е жал, но мојот концерт не е подготвен.“

„Се обидовме апсолутно сè што можеме за да го подготвиме на време и да биде доволно добро за вас, но бевме апсолутно девастирани од коронавирусот. Половина од мојата екипа и тимот се заболени со Ковид и беше невозможно да се одржи концерт.“

Серијата концерти Weekends with Adele („Викенди со Адел“) беа објавени во ноември. Поп дивата требаше да има по два настапи секој викенд до 16 април, односно во период од 12 недели.

Сè уште е уште не е познато кој ќе биде новиот датум за почеток на серијата концерти.

Прикажи повеќе...

Забава

Надал ги изненади фановите кога откри како ја одржува својата фигура

Објавено пред

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал извојува победа над квалификантот Јаник Ханфман на Отвореното првенство на Австралија (Аус Опен) во средата, но фановите не можеа да престанат да коментираат за неговото интервју по натпреварот.

Победата не беше тема на коментарите на социјалните мрежи, туку разговорот со Џим Куриер, поранешниот гренд слем шампион кој сега е водител на програмата на големите турнири.

Куриeр праша како Надал се одржува во добра форма на 35 години, а Шпанецот ги запрепасти сите со својата фитнес исповед.

„Играм голф. Па, искрено, и тоа е вистината. Никогаш не сум бил љубител на теретана,“ одговори Надал и ја насмеа публиката.

Куриeр веднаш му рече: „Лажеш“. Но, Надал беше категоричен.

„Не сум голем љубител на сали за вежбање. Повеќе сакам спортување, сакам да практикувам различни спортови“, додаде тој.

„Бидејќи пред неколку години имав проблем со колената, па со стапалото, не можев да се занимавам со различни спортови како порано, а денес, се разбира, морам да бидам малку повеќе фокусиран на работи кои веројатно во минатото не сум бил.“

Американецот потоа го праша што ќе прави кога ќе се пензионира, а Надал му возврати со комплимент на коментаторот.

„Изгледаш одлично, јас би сакал да личам на тебе, на твоја возраст!“ се пошегува Надал.

Признанието на Надал дека не е голем љубител на бодибилдинг изненади многумина.

Откако Шпанецот влезе во АТП листата, неговите маици без ракави и бицепсите станаа дел од неговата тениска аура, коментираат таблоидите.

Прикажи повеќе...

Забава

Миленикот на тинејџерките во рамките на турнејата ќе настапи во Унгарија и Австрија

Објавено пред

Музичарот Хари Стајлс планира голема турнеја наречена Love on Tour 2022. Европскиот дел од турнејата почнува на 28 јануари.

Меѓу многуте европски градови во кои ќе настапува, како Париз, Лондон и Берлин, Стајлс ќе настапи на 13 јули во Будимпешта и три дена подоцна во Виена.

Love on Tour 2022 е втората голема турнеја на познатиот пејач. Турнејата почна во септември минатата година во САД и досега се покажа како многу успешна.

Турнејата требаше да почне во април 2020 година, но поради пандемијата на коронавирусот, беше одложена за февруари 2021 година. Но, и тогаш беше одложена, па дури сега фановите на Хари ќе имаат можност да присуствуваат на неговите концерти.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

ВМРО-ДПМНЕ и натаму инсистира на предвремени избори, СДСМ смета дека барањето е од пуста желба за власт

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска порача дека е неопходно да се одржат предвремени парламентарни избори. Тие инсистираат на брзи избори, без...

Македонија28 минути

Снег и забрана за товарни возила на дел од патиштата

Утрово поради обилни врнежи од снег, воведена е забрана за тешки товарни возила кај планинскиот премини Стража, патниот правец Деве...

Свет38 минути

Властите во Калифорнија предлагаат тинејџерите да се вакцинираат без согласност од родителите

Калифорнија треба да дозволи вакцинација на деца на возраст од 12 и повеќе години без согласност од родителите, предложи синоќа...

Македонија13 часа

Загина 24-годишна девојка – автомобил ја прегази на пешачки пред Сити мол

Загина 24-годишна девојка откако вечерва беше прегазена на пешачки премин во близина на Сити мол во Скопје. Девојката преминувала улица...

Економија14 часа

ЕСМ ќе управува со БЕГ заради континуирано обезбедување топлинска енергија

Владата донесе одлука за обезбедување дополнителни количини топлинска енергија во услови на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија. „...

Свет15 часа

Бајден со нова закана кон Путин: Русија ќе плати висока цена

Американскиот претседател Бајден рече дека јасно му кажал на рускиот претседател Владимир Путин дека секое движење на руските воени сили...

Свет15 часа

Шведска ги менува препораките – лицата со слаби симптоми на настинка не мора ни да се тестираат

Под силен притисок од ширењето на омикрон и зголемениот број на заразени и здрави, но изолирани, кои почнаа да ги...

Македонија18 часа

Нови 13 починати и 1.172 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 4.021 тестови,...

Македонија19 часа

(Видео) Катица Јанева сака лично да ги следи судењата во кои Камчев ѝ бара да му врати дел од милионот

Експецијалната јавна обвинителка, Катица Јанева, има желба и самата да присуствува на судењата против неа, Бојан Јовановски-Боки 13, Зоран Милески-Кичеец,...

Македонија20 часа

Камчев не сака Кичеец да му врати дел од милионот, парите ги бара од Јанева, Боки-13 и државата

Бизнисменот Орце Камчев нема да бара од Зоран Милевски-Кичеец, осуден во случајот „Рекет“, да му врати дел од 1,5 милион...

Свет21 час

Си-ен-ен: Папата Бенедикт XVI знаел за злоупотребата на деца во Црквата

Папата Бенедикт Шеснаесетти знаел за свештеници што злоупотребиле деца додека тој бил надбискуп во Минхен од 1977 до 1981 година,...

Македонија22 часа

Бектеши: Нема да се намалува топлината на парното

Министерот за економија, Крешник Бектеши, тврди дека нема да се скратат часовите во кои скопјани ќе добиваат топлинска енергија. Од...

Македонија22 часа

Радев: Има позитивни сигнали од посетата на Кирил Петков во Скопје, но да не ги заборавиме главните прашања

Секој чекор што ја продлабочува нашата врска мора да биде поддржан, изјави бугарскиот претседател Румен Радев, прашан за посетата на...

Свет23 часа

Москва одговори на заканите на Бајден: Санкциите повеќе ќе ја погодат Америка отколку Русија

Забраната на руските банки да користат долари повеќе ќе ѝ нанесе удар на Америка отколку на Русија бидејќи големите светски сили,...

Свет24 часа

(Видео) Еколошка катастрофа во Перу – по ерупцијата во Тонга, дошло до силно излевање нафта

Властите во Перу соопштија дека излевањето нафта кај брегот на земјата предизвикало еколошка катастрофа. Имено, од рафинеријата „Ла Пампила“ протекоа...

Спорт24 часа

Ѓоковиќ ќе ја тужи Австралија за 3.800.000 евра

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ќе ја тужи Владата на Австралија. Ѓоковиќ. во неделата, беше депортиран од Австралија. Федералниот суд...

Европа1 ден

Британскиот министер за здравство: 20.000 луѓе годишно умираат и од грип, па не ја затвораме земјата

Британија мора да научи да живее со Ковид-19 бидејќи болеста може да остане меѓу нас засекогаш, рече британскиот министер за...

Македонија2 дена

Регистрирани 2.051 нов случај на коронавирус, починаа 14 лица

Во последните 24 часа направени се 6.353 тестови, а регистриран е 2.051 нов случај на Ковид-19: Скопје – 1.027, Битола...

Македонија2 дена

„Спијте мирно, нема да ни го земат Банско“, рече Борисов по посетата на Петков

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов рече дека по вчерашната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје спиел мирно, бидејќи...

Македонија2 дена

Петков по посетата во Скопје: Постигнавме огромен успех

Вчерашната посета на Скопје беше огромен успех, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков пред новинарите во Народното собрание. „Од една страна...

Досие