Контакт

Забава

Антонио Бандерас со ќерката Стела на филмскиот фестивал во Сан Себастијан

Објавено пред

Ќерката на Мелани Грифит, Стела дел Кармен Бандерас, викендов се појави на свеченост со нејзиниот татко Антонио Бандерас.

Тие беа фотографирани на церемонијата на отворање на 69. меѓународен филмски фестивал во Сан Себастијан, Шпанија, во петокот.

24-годишната русокоса убавица ги воодушеви присутните со едноставен, а сепак елегантен црн фустан.

Таа е најмладото дете на Мелани и полусестра на Александар Бауер и Дакота Џонсон, од браковите на Мелани со Стивен Бауер и Дон Џонсон.

Мелани ја започна својата врска со таткото на Стела, Антонио Бандерас, во 1996 година, за време на снимањето на нивниот филм Two Much. Двојката се венчаше подоцна истата година во Лондон, откако ги финализираа разводите со Дон Џонсон и Ана Леза.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Пиштолот на Алек Болдвин испукал оловен проектил, вели шерифот

Објавено пред

Револверот „колт“ со калибар 45, користен на сетот на филмот „’Рѓа“, не бил темелно проверен пред да му го дадат на актерот Алек Болдвин, кој испукал оловен куршум во фаталната несреќа минатата недела во Ново Мексико, според официјални лица и нов судски поднесок.

Нови детали за инцидентот се појавија во средата за време на прес-конференција на шерифот на округот Санта Фе, Адан Мендоза, и окружната обвинителка Мери Кармак-Алтвис, како и во новиот поднесок од одделот на шерифот.

Мендоза им рече на новинарите дека на сетот постоел „самозадоволен став во однос на безбедноста“ пред пукањето минатиот четврток во кое беше убиена снимателката Халина Хачинс за време на пробата.

Хана Гутерез, член на персоналот задолжена за оружје, им кажала на истражителите дека го проверила пиштолот и во него немало т.н. „жешки куршуми“, односно жива муниција пред пукањето.

Дејв Холс, асистент на режија, им рекол на истражителите дека требало да го провери оружјето пред дa му го даде на Болдвин, но дека тој не го сторил тоа.

Мендоза и Кармак-Алтвис рекоа дека иако не се поднесени кривични пријави, тие не ја исклучуваат таа можност.

„Сите опции се на маса… Никој не е исклучен во овој момент“, рече обвнителката.

Прикажи повеќе...

Забава

Аманда Сејфрид се справува со постпородилна депресија во новиот филм

Објавено пред

Холивудската актерка Аманда Сејфрид даде сè од себе нејзиниот нов филм за постпородилната депресија да се појави во кината.

Заснован на истоимената книга од Ејми Копелман (2003), која пишува за сопственото искуство, филмот A Mouthful of Air се реализираше откако Копелман слушна жена како зборува на радио дека ја има оваа состојба.

Писателката стапила во контакт со актерката Сејфрид за да види дали можат да снимат филм за да ја расветлат оваа појава.

Сејфрид и Копелман успеаја да обезбедат финансиски средства за филмот, но кога тој тргна во продукција, Сејфрид сфати дека треба да надмине уште една пречка.

„Морав да ѝ погледнам на сопствената ментална болест во очи. Страдам од OCD и напади на паника“, рече таа. „Морав да го прикажам тоа на екранот и тоа беше незгодно. Но, чувствував дека сум безбедна со Ејми да го направам тоа“.

Според студија на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, една од осум жени претрпела депресивни симптоми во текот на постпородилниот период.

Прикажи повеќе...

Забава

Сопругата на Вил Смит проговори за нивниот сексуален живот

Објавено пред

Џејда Пинкет Смит вели дека е тешко да се одржи добар сексуален живот со нејзиниот сопруг Вил Смит, бидејќи тие се одлучни да комуницираат за своите потреби.

50-годишната актерка е со Вил речиси три децении и рече дека двајцата многу веруваат во преземањето „одговорност и комуникација“, наместо да очекуваат еден од друг да си ги читаат мислите.

Џејда нагласува дека и таа и Вил сакаат да бидат искрени кога станува збор за сексот, иако на двајцата им е тешко да ги кажат своите желби и потреби во спалната соба без да се чувствуваат непријатно.

Во своето фејсбук-шоу Red Table Talk, интимна серија разговори на црвената маса, каде што ѝ се придружи нејзината мајка, Адриен Банфилд-Норис, и гостинската ѕвезда Гвинет Палтроу, таа рече: „Тешко е. Ние почнавме со ова на многу млада возраст, 22 години.“

Коментарите на Џеда доаѓаат откако Вил (53) неодамна изјави дека тој и неговата сопруга си даваат доверба и слобода во бракот.

Инаку, двајцата и претходно јавно дискутираа за својот брак во т.н. „Разговор на црвената маса“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија44 минути

Лични карти ќе можат да се подигнат и во сабота и недела

Во пресрет на одржување на вториот круг од локалните избори, што ќе се одржи в недела, на 31 октомври 2021...

Свет2 часа

Рекордни 48 милиони внатрешно раселени лица во светот

Бројот на внатрешно раселените лица поради конфликтот ширум светот достигна 48 милиони на крајот на 2020 година, што е највисока...

Регион2 часа

Во Србија сè поголем број деца заразени со Ковид-19, на респиратор приклучени и бебиња

Уште 64 лица починаа од инфекција со коронавирус во Србија вчера. Истиот ден шест деца биле приклучени на респиратор и...

Европа2 часа

(Видео) Ураганот продолжува да ја уништува Сицилија, драматични сцени од поплави

Југот на Италија се подготвува за уште два дена разорни дождови и поплави, додека реткиот медитерански ураган наречен Медикен го...

Свет14 часа

(Видео) Тројца ракувале со пиштолот со кој пукаше Болдвин – пронајден смртоносниот куршум

Полицијата тврди дека поседува куршум испукан од пиштолот што го користел актерот Алек Болдвин кога случајно ја застрела и уби...

Македонија18 часа

Регистрирани нови 444 случаи на Ковид-19, починале осум луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.210 тестирања,...

Свет21 час

Шпанија ќе им ги врати парите на граѓаните казнети за прекршување на карантинот

На сите шпански државјани што беа казнети поради прекршување на мерките за време на минатогодишното тримесечно заклучување ќе им бидат...

Македонија23 часа

(Видео) Петровска: Данела Арсовска има и бугарска лична карта

Данела Арсовска, освен бугарско државјанство, има и бугарска лична карта, издадена во 2017 година, тврди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска....

Македонија23 часа

(Видео) „Името го добив по дедо ми Дане“ – Арсовска тврди дека не го менувала своето име и нема бугарско државјанство

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, и денеска на прес-конференција ги негира обвинувањата дека поседува...

Македонија23 часа

Италија забрани туристички патувања за нашите државјани, Данска ги олесни ковид-правилата за влез

Со најновата одлука на италијанските власти Република Северна Македонија се преместува од листата Д во листата Е, со што не...

Свет1 ден

Два процента од богатството на Илон Маск ќе го реши гладот ​​во светот

Мала група исклучително богати поединци може да помогнат во справувањето со гладот ​​во светот само со мал дел од нивното...

Регион1 ден

САД размислуваат за укинување на визите за Бугарија

Бугарија е една од земјите за кои американскиот министер за внатрешна  безбедност, Алехандро Мајоркас, изјави дека САД размислуваат да ги...

Македонија1 ден

Бројот на заразени од коронавирус од почетокот на пандeмијата во Македонија надмина 200.000 лица

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата веќе изнесува 200.412 по вчерашните потврдени нови 511...

Македонија1 ден

Заев: Куманово повторно ќе држи лекции, сочувајте го социјалдемократскиот дух на Куманово

„Куманово и на овие избори ќе одржи лекција по социјалдемократија по прогресивност и, секако, по обединување и ќе даде пример...

Свет1 ден

Вакцината на „Фајзер“ за деца од 5 до 11 години одобрена од експерти на американската агенција за лекови

Советодавниот одбор на американската Администрација за храна и лекови (ФДА), составен од реномирани американски здравствени експерти, ја одобри употребата на...

Македонија2 дена

Од 15 ноември во ресторани, молови и клубови со потврда за примени две дози вакцина

Владата донесе одлука со која се дозволува влез во секаков вид објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти (кафетерии,...

Македонија2 дена

Дозволено организирање настани во затворено до 50 проценти исполнетост

Владата на денешната редовна 115-та седница, на предлог на Комисијата за заразни болести донесе одлука со која се дозволува организирање...

Македонија2 дена

Шилегов: Во моментов Скопје работи на три најсложени инфраструктурни проекти во својата историја

Скопје по повеќе децении добива нов мост кој овозможува брза врска на најнаселената општина во Скопје, Аеродром, со Гази Баба,...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: Кај Шилегов единствено нешто што му се гледа повеќе од ароганцијата е стравот дека ќе загуби

Одговорот на Заев и Шилегов на дебаклот што им се случи во првиот круг од изборите било да донесат струмичка...

Свет2 дена

Меркел формално разрешена од должноста канцелар

Официјално заврши мандатот на Ангела Меркел како канцелар на Германија, а претседателот на Републиката Франк-Валтер Штајнмаер ѝ се заблагодари за...

Досие