Забава
Афлек и Де Армас покажуваат дека се жешка холивудска двојка
Бен Афлек и Ана де Армас беа забележани на прошетка во Лос Анџелес оваа среда.
На 48-годишната холивудска ѕвезда и неговата 32-годишна девојка им се придружи еден пријател кога решија да направат пауза од самоизолацијата еден ден пред Денот на благодарноста.

Двајцата се запознаа додека го снимаа еротскиот трилер „Длабока вода“, во режија на Адријан Лин, познат по блокбастерите „Девет и пол недели“, „Фатална привлечност“, „Непристоен предлог“ и „Неверна“.
A неделава беа во Њу Орлеанс на доснимување сцени од „Длабока вода“, филмот кој всушност ги спои. На паузата од снимањето нови сетови папараците ги уловија како се бакнуваат на еден балкон.

Таблоидите веднаш го забележаа дијамантскиот прстен на нејзината лева рака, но не се знае дали е во склоп на улогата во филмот или, пак, можеби тајно се свршиле.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Сидни Свини позира целосно гола инспирирана од Мерилин Монро
Сидни Свини позирала целосно гола за насловната страница на годишното издание на списанието W Magazine, посветено на најдобрите актерски остварувања. Фотосесијата е инспирирана од изгледот на Мерилин Монро, а актерката на фотографиите носи само накит.
Во интервју за списанието, Свини зборуваше за одвојувањето од улогите што ги толкува, посебно по трансформацијата за ликот на боксерката Кристи Мартин. Таа неодамна ги демантираше и гласините за естетски зафати, истакнувајќи дека не направила никакви операции.
View this post on Instagram
Забава
Најчестите грешки што ги правиме при подготовка на сарма
Сармата е едно од јадењата чија подготовка бара внимание на многу детали, бидејќи одредени грешки можат целосно да го расипат вкусот. Од изборот на зелката до начинот на готвење, ситниците ја прават разликата меѓу сочна, мека сарма и онаа преварена или без вкус.
Една од најчестите грешки се случува уште на самиот почеток – ако зелката е пресолена или претврда, тоа може да го уништи целото јадење. Листовите треба да се исплакнат под млаз вода и, по потреба, кратко да се натопат, но не толку долго за да го изгубат целиот вкус, пишува „Кликс“.
Друга честа грешка при подготовка на сарма е прескокнувањето на сечењето на дебелите жили. Ако не се истенчи средишниот дел од листот, сармата нема убаво да се свитка и ќе се вари нерамномерно.
Проблем може да биде и користењето премали листови зелка кои не се погодни за моткање, туку за редење на дното од садот. Форсирањето совршен облик на сармата често завршува со пукање на листовите. Освен тоа, голем дел од проблемите со сармата доаѓаат од филот. Најчеста грешка е пресув фил и преголема количина ориз.
Оризот во сармата има своја улога, но ако се додаде премногу, за време на готвењето ќе набубри, ќе ја впие течноста и ќе ја претвори сармата во тешка смеса без сочност.
Една од грешките е и користењето немасно месо или претерана штедливост со маснотијата. За да останат сочни, на сармите им е потребна маснотија бидејќи долго се варат. Филот мора да биде избалансиран – со доволно месо, умерена количина ориз и добри зачини.
Честа грешка при варењето на сармата е и нејзиното превртување, како и претерувањето со сосот, бидејќи сосот треба да ги поврзува вкусовите, а не целосно да го преземе јадењето.
Фото: pexels
Забава
Гвинет Палтроу за поранешните љубовници: „Афлек беше технички одличен“
Гвинет Палтроу и денес негува посебни чувства кон филмот „Добриот Вил Хантинг“, со Оскар наградената драма што ја напишаа и во која глумат нејзиниот поранешен партнер Бен Афлек и Мет Дејмон. Во недамнешно гостување во подкастот „Good Hang“, Палтроу ѝ откри на водителката Ејми Полер колку ѝ значи тој филм.
„Го обожавам тој филм“, изјави Палтроу. „Совршен филм е. Толку многу го сакам.“ Иако 53-годишната актерка претходно соработувала со Робин Вилијамс во 1991 година, со покојниот комичар станала пријателка дури кога Афлек и Дејмон го ангажирале за нивниот филм од 1998 година.
„Го запознав само накратко кога излезе ‘Добриот Вил Хантинг’, бидејќи тогаш бев во врска со еден од авторите и актерите на филмот“, изјави Палтроу за Вилијамс, кој почина во 2014 година.
Палтроу започнала врска со Афлек во 1997 година, по раскинувањето со Бред Пит. Двојката била во врска со прекини до 2000 година. Таа еднаш открила дека секој од нив донел нешто различно во спалната соба.
„Бред беше ‘голема хемија, љубовта на мојот живот’ во тоа време“, се пошегува Палтроу во подкастот „Call Her Daddy“ во 2023 година. „А Бен беше технички одличен.“
А каде во таа приказна се вклопува нејзиниот поранешен сопруг Крис Мартин, со кого ги има 21-годишната ќерка Епл и 19-годишниот син Мозес? Во играта „Fuck, marry, kill“, Палтроу рекла дека „очигледно“ би се омажила за фронтменот на „Колдплеј“ доколку мора да избира меѓу тројцата поранешни партнери.
„Тој ми ги даде моите две деца, кои се љубовите на мојот живот“, објасни Гвинет, која го финализирала разводот од Мартин во 2016 година, пред во 2018 да се омажи за Бред Фалчук. „Затоа сето тоа би го повторила.“
Меѓу Афлек и Пит, основачката на Goop го избрала Пит за опцијата „fuck“, додека за Афлек со шега додала: „Бог да го благослови.“
Фото: Depositphotos

