Забава
Бил Козби повторно пред судот во Пенсилванија
Повторното судење на американскиот актер и комичар, Бил Козби, би требало да почне денеска во Пенсилванија, објави Би-Би-Си. Козби (80) негира дека ја дрогирал и сексуално ја нападнал Андреа Констанд пред 14 години. Првото судско рочиште, во јуни минатата година, заврши кога судот неуспеа да донесе пресуда.
Актерот, кој почна со кариерата во 80-те во тв серијата „Шоуто на Козби“, се соочи со обвиненија од десетици други жени, кои тој ги отфрли. Козби уживаше углед во семејството со години, пред да се појават бројните тужби за сексуални напади во 2015-та година.
Повторното судење се случува во светло на движењето „И јас“, кое ја поддигна свеста за сексуалните напади од страна на моќни медиумски фигури.
Од страна на обвинителот во Пенсилванија, Козби е обвинет за тежок непристоен напад, кривично дело од втор степен. Обвинението би можело да донесе казна затвор до 10 години.
Неговите адвокати рекле дека Козби и Констанд имале романтична врска.
Околу 60 жени во текот на пет децении, јавно го обвиниле актерот дека е сексуален предатор. Но статутот на лимитирање на законите значи дека може само едно обвинение да биде доведено на суд.
Повторното судење ќе биде пред истиот судија и окружен правобранител како и на првото судење. Судијата овојпат ќе им дозволи и на другите обвинители да презентираат докази, дополни Би-Би-Си.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Нејзината среќа не може да се скрие: Џенифер Анистон покажа како ги слави празниците со своето момче
Една од омилените актерки, Џенифер Анистон, ги воодушеви обожавателите претходно оваа година кога беше откриено дека е во врска со гуруто за љубов Џим Кертис. Ако им се верува на странските медиумски извори, актерката е пресреќна во својата нова врска и конечно ја пронајде љубовта што ја бараше.
Колку е заљубена, сведочи и фактот дека често зборуваше за Кертис во своите интервјуа, што претходно не го правеше и речиси никогаш не откриваше детали од нејзиниот приватен живот.
Сега таа се придружи на „трендот“ на социјалните мрежи и покажа како изгледаат празниците во нејзиниот дом, а во серија фотографии, онаа на која Кертис држи бебе во раце привлече најголемо внимание.
„Ви ја испраќам целата љубов, среќни празници“, напиша Џенифер.
Порано овој месец, извор изјави за списанието People дека новиот холивудски пар планира да го прослави Божиќ со повеќе патувања.
„Празниците се време кога Џенифер забавува, навистина ужива во својот дом и поминува време со луѓето што ги сака. Таа е многу среќна што оваа година го поминува со Џим“, рече изворот, откривајќи дека актерката секоја година има вистинска елка за празниците, никогаш вештачка.
Забава
Припадниците на 2 хороскопски знаци можат да очекуваат љубов оваа зима
Зимата е време на интроспекција и повлекување за некои хороскопски знаци. Но, за два знака, овој декември и јануари, доаѓа емотивен пресврт.
Иако можеби не барале љубов, таа би можела да ги пронајде – спонтано, топло и тивко. Еве ги хороскопските знаци со најголеми шанси да влезат во нова, искрена љубовна приказна оваа зима.
Риби
Рибите често сонуваат за големи љубовни приказни, но понекогаш тешко им е да ја разликуваат желбата од реалноста. Оваа зима, токму кога најмалку се обидуваат да му угодат на некого, животот ќе им ја испрати вистинската личност.
По предизвикувачки период на преиспитување и повлекување, Рибите се отвораат кон нова емоционална динамика. Тие зрачат топлина и ранливост што некој сега може да ја препознае како вистинска вредност.
Нова врска може да се развие од пријателство или преку неочекувана средба, но едно е сигурно – ќе биде искрена.
Јарец
Јарците ретко ја отвораат вратата на своите срца без размислување. Сепак, оваа зима, доаѓа неочекуван пресврт. Комбинацијата од планетарни влијанија и лични искуства ќе ги направи подготвени за љубовни предизвици.
Љубовна приказна е можна со личност која ќе ги види под површината, зад дисциплината и контролата. Јарецот може да биде изненаден од своите реакции, но ова ќе биде знак дека нешто вистинско се случува. По период на емоционална стагнација, доаѓа топлина што ги брише сомнежите.
Забава
Гвинет Палтроу откри зошто одбила 18+ сцена со Итан Хок
Гвинет Палтроу откри дека во филмот „Големи очекувања“ одбила да сними експлицитна 18+ сцена со Итан Хок, бидејќи се плашела како на тоа би реагирал нејзиниот татко.
Во заедничко интервју, речиси три децении по снимањето, Палтроу и Хок се присетија на моментот кога режисерот Алфонсо Куарон предложил сцена со експлицитна сексуална содржина. Актерката веднаш ја одбила идејата, велејќи дека помислила дека нејзиниот татко „би добил срцев удар“.
Палтроу призна дека во раната фаза од кариерата била многу самосвесна и оптоварена од тоа што семејството би можело да гледа такви сцени, иако денес повеќе не би размислувала на ист начин. Хок истакна дека таа одлука ја донела мирно и достоинствено.
И покрај поделените критики, филмот имал комерцијален успех, а двајцата актери и денес велат дека, и покрај Холивуд, успеале да останат верни на себе.
Фото: depositphotos

