Бизарно
Бразилскиот претседател поради духови се исели од резиденцијата

Бразилскиот претседател, Мишел Темер со семејството се одлучил да ја напушти неговата службена резиденција во бразилската престолнина Бразилија поради лошите вибрации и духовите, пишуваат тамошните медиуми.
Со младата, 33-годишна сопруга Марсела и седумгодишниот син, 76-годишниот бразилски претседател Мишел Темер има намера од раскошната Алворада, која ја изгради славниот бразилски архитект Оскар Ниемејер, да се пресели во помала резиденција.
Двојката се одлучила за селењето, бидејќи во споменатата резиденција не се чувствуваат пријатно.
„Почувствував нешто многу необично. Не спијам добро во таа палата од првиот ден. Енергијата во неа е многу лоша“, вели претседателот Темер за весникот Veja.
„Но и Марсела почувствува слично лошо вибрирање, па се запрашавме: дали тука има духови? Само на нашиот син Мишелзињо ништо не му пречи и многу сака да трча од едниот крај на платата на другиот“, оддава Темер.
Весникот Globo пишува дека Марсела Темер во резиденцијата неодамна повикала и свештеник за од палатата да ги истера злите дуси, но ни тоа не помогна.
Семејството Темер ќе се пресели во елегантната палата Жабура во којашто живееле додека ја извршуваше функцијата потпретседател./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно
Филмска кражба во Париз: Крадци украле камион од модната куќа „Балмен“, однеле десетици парчиња облека

Француската модна куќа „Балмен“ остана без десетици парчиња облека што требаше да бидат претставени на ревијата во Париз подоцна овој месец, откако крадци украдоа камион што ја превезуваше облеката, изјави креативниот директор на модната куќа Оливие Рустон.
Тој на Инстаграм напиша дека крадците зеле возило кое превезувало околу 50 предмети од новата колекција на „Балмен“ меѓу парискиот аеродром и седиштето на модната куќа во Париз, наведувајќи дека возачот на камионот е безбеден.
Својата колекција пролет-лето за следната година „Balmen“ треба да ја претстави на 27 септември за време на модната недела во Париз, каде ќе учествуваат и модните куќи Луј Витон, Диор, Шанел и Херме.
Бизарно
Украле древна кинеска вазна од музеј во Швајцарија и се обиделе да ја продадат на инспектори

Судот во Лондон прогласи двајца мажи виновни за обид да украдат неколку порцелански предмети од кинеската династија Минг (1368-1644) од музеј во Швајцарија. Уште еден маж веќе се изјасни за виновен за делото.
Сите тројца се обидоа да продадат вазна вредна два милиони фунти украдена од Музејот на уметноста на Далечниот Исток во Женева во 2019 година. Тие биле фатени во стапица кога истражители во цивилна облека се претставиле како потенцијални купувачи, соопштија од полицијата викендов.
Вазната е вратена во музејот. Казната ќе им биде изречена на 13 октомври, информираат од полицијата. Од трите предмети украдени во 2019 година, еден сè уште недостасува – кригла со мотив од пилешко. За информации за случајот се нуди награда од 10.000 фунти.
Вториот предмет беше продаден на аукција во Хонг Конг во 2019 година, но подоцна беше вратен во музејот. Украдените предмети биле проценети на вкупна вредност од 3,5 милиони фунти.
Бизарно
Како се рекламираат милионери: Маск не се откажува од тепачка со Закерберг

Борбата меѓу Зак и Маск ќе се пренесува во живо на платформата „Х“, а целиот приход ќе оди во хуманитарни цели за ветераните, напиша на поранешен „Твитер“ сега Х, новиот сопственик на мрежата Илон Маск.
Zuck v Musk fight will be live-streamed on 𝕏.
All proceeds will go to charity for veterans.
— Elon Musk (@elonmusk) August 6, 2023
Не се знае што точно сакал Маск да каже со ова. Објавата беше објавена рано наутро во неделата, без да се наведат дополнителни детали.
Марк Закерберг, првиот човек на „Мета“ и Маск не се во најдобри односи.
Нова провокација меѓу двајцата ривалски милијардери се случи откако Маск на крајот на јуни почна да се расправа со шефот на „Фејсбук“ Марк Закерберг. Потоа ја исмејуваше неговата компанија „Мета“ која се обидува да лансира платформа за „микро-блогирање“ која е конкурент на „Твитер“.
„Сигурен сум дека Земјата едвај чека да биде исклучиво под палецот на Цукерберг без други опции“, напиша тогаш Маск на „Твитер“ и додаде дека е за „тепачка во кафез“ со сопственикот на Фејсбук, „ако и тој е за тоа“.
Закерберг одговори на Инстаграм, пишувајќи: „Испрати ми ја локацијата“.
Инаку, Закерберг е мајстор во боречката вештина џуџицу.