Забава
(Видео) Тина Тарнер открива досега невидени снимки од својот живот во трејлер за новиот документарец

Таа е култен изведувач која со генерации беше инспирација за љубителите на музиката.
А сега Тина Тарнер ќе биде тема на сосема нов и интимен документарец за „Ејч-би-о макс“, кој доаѓа следниот месец.
Во најавниот тизер за документарецот, 81-годишната музичка дива говори за својот живот и пред и откако стана славна.
Таа се навраќа на сеќавањата од детството, со посебен акцент на мајка ѝ , а потоа снимките од нејзината матична држава Тенеси набрзо се претвораат во исечоци од нејзиниот ран живот на сцената.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Британски медиуми: Тројца членови на кралското семејство го игнорираа Хари на погребот

Тројца членови на кралското семејство го игнорираа принцот Хари на погребот на принцот Филип, изјави извор за „Дејли мејл“.
Принцезата Ана, принцот Едвард и неговата сопруга Софи го одбегнуваа Хари и не сакаа да имаат никаков контакт со него, а недостигот на интеракција беше потврден од бројни камери, кои не ја снимија нивната средба или разговор.
Ова беше првпат Хари да зачекори во Велика Британија откако тој и Меган Маркл дадоа интервју за Опра Винфри во кое тие ја обвинија „фирмата“ за ширење лаги и тврдат дека еден член на кралското семејство бил „загрижен“ колку ќе биде темна кожата на Арчи пред да се роди момчето. Интервјуто, кое беше прикажано низ целиот свет минатиот месец, се верува дека придонело за раздор меѓу Сасекс и кралското семејство.
Изворот рече дека Хари бил пречекан на дворот со голема воздржаност и дека биле доста ладни кон него.
„Сите мислат дека неговото однесување е неприфатливо и се залагаат за кралицата.“ Иронично, единствениот што се однесуваше убаво кон него беше принцот Ендрју, затоа што тој знае како е да се биде аутсајдер, рече изворот.
И покрај овие обвинувања, браќата принцот Вилијам и принцот Хари беа снимени како разговараат по погребот, а некои тврдат дека разговорот траел два часа и дека им се придружил и нивниот татко, принцот Чарлс.
Забава
Роберт Де Ниро мора да работи напорно поради животниот стил на поранешната сопруга

Начинот на живот на поранешна сопруга на Роберт Де Ниро го принудува да работи постојано, тврди адвокатскиот тим на холивудската легенда.
Ѕвездата на „Ирецот“ се разведува од Грејс Хајтауер, а неговиот правен тим открива дека тој мора да работи со „неверојатно темпо поради жедта на поранешната Стела Мекартни“.
Во текот на виртуелното рочиште за развод во петокот (16 април), адвокатката Керолајн Краус рече: „Господин Де Ниро има 77 години и иако го сака својот занает, тој не треба да биде принуден да работи со вакво ненормално темпо затоа што така мора. Кога ќе престане тоа?“
„Кога ќе има можност да не го прифаќа секој проект што ќе му го понудат, и да не мора да работи шест дена во неделата по 12 часови во денот за да може да биде во чекор со жедта на госпоѓата Хајтауер за Стела Мекартни? Тој може да се разболи утре, и забавата ќе заврши.“
Ова доаѓа откако Де Ниро тврдеше дека претрпел финансиски удар поради пандемијата на коронавирусот.
Холивудската sвезда (77) се отвори за своите финансии на суд откако неговата отуѓена сопруга Грејс Хајтауер побара итен налог за зголемување на нејзиниот месечен кредитен лимит од 50. 000 долари на 100. 000 долари.
Тој се појави на суд преку Скајп, а неговите адвокати рекоа дека ѝ го преполовил лимитот за кредитни картички откако синџирот ресторани „Нобу“ и хотелот „Гринич“ – во кои тој има удели – беа затворени или делумно затворени со месеци среде пандемија. Адвокатката му рече на судијата дека синџирот ресторани изгубил 3 милиони долари во април и следните месеци дополнителни 1,87 милиони долари.
Таа додаде дека во предбрачниот договор на Де Ниро и Хајтауер од 2004, јасно е наведено дека тој ќе и исплатува 1 милион долари годишно доколку заработи 15 милиони долари или повеќе, а неговите исплати ќе се намалуваат пропорционално со неговиот приход.
„Според сметките и според неговиот деловниот менаџер, во најдобар случај, односно ако сè започне да се врти оваа година, господин Де Ниро ќе има среќа ако заработи 7,5 милиони долари оваа година,“ рече адвокатката.
Актерска легенда: Импресивната листа на филмски остварувања на Де Ниро го прави еден од најголемите актери на неговата генерација.
Забава
Бред Пит сакал да го промени имиџот на убаво момче на почетокот на својата кариера

Бред Пит се обиде да го избрише имиџот на убаво момче порано во својата актерска кариера со многу посеризна улога улога во филмот „Калифорнија“ од 1993 година.
Во видеоклип од претстојната серија E! True Hollywood Story („Вистинска холивудска приказна“) за животот на холивудските ѕвезди пред и откако станале славни, режисерот на „Калифорнија“, Доминик Сена и други режисери и автори ја објаснуваат динамиката на раната кариера на Пит по неговото појавување во хитот „Телма и Луиз“ од 1991 година.
Авторот на „Култ на славните“, Купер Лоренс, за медиумите раскажува за изненадниот отскок во кариерата на тогашниот ерген Пит во раните 90-ти.
„Одеднаш тој стана лице кое постојано беше на насловната страница на списанијата“, вели Лоренс, „и сите сакаа да знаат за неговиот социјален живот, со кого излегува и дали има девојка“.
Режисерот Доминик Сена го објасни синџирот на настани што доведоа до тоа актерот, кој сега има 57 години, да добие погруба улога во филм како Early Grayce за да го смени на лакот на својата кариера.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион4 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?