Забава
(Видео) Четирипати пукал во сопругата, но пиштолот не реагирал
Камерите за набљудување во продавница во Итакоатар, Бразил, снимиле маж што извадил пиштол и го вперил во главата на жената зад благајната, која била негова сопруга. Неколку секунди пред тоа тој опуштено разговарал со други луѓе во продавницата.
Етимерсон де Соуза Моура (31) сакал да пука дури четирипати, но пиштолот не реагирал. При петтиот обид го турнала една минувачка и пиштолот пукнал, но во воздухот. Бидејќи не успеал да ја застрела, ја удрил сопругата по главата, јавува „Мирор“.
Полицијата го уапсила за обид за убиство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа со песната „Miracle“ ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2025
Македонската Радио Телевизија со гордост ја претставува песната „Miracle“, во изведба на Нела Манческа, со која ќе настапи на овогодинешното издание на Јуниорскиот Евросонг 2025.
Создадена од Лазар Цветкоски (музика) и Магдалена Цветкоска (текст), „Miracle“ не е само песна — тоа е чувство. Таа раскажува приказна за храброст, надеж и верба во себе – за моментот кога ја пронаоѓаме сопствената светлина дури и во најтемните мигови. Со својот емотивен вокал и искрена интерпретација, младата Нела Манческа ја оживува пораката дека секое дете, секој човек, има сила да засвети и да остави свој траг.
Видеоспотот, во режија на Огнен Шапковски, преку кинематографски кадри и топли златни тонови, го претставува патувањето од нежност до сјај – создавајќи моќна визуелна симболика на пораката што ја носи песната.
На 13 декември во Тбилиси, Грузија, Нела Манческа ќе настапи десетта по ред, носејќи ја светлината на „Miracle“ на 23-то издание на Јуниорскиот Евросонг.
Забава
Роналдо отворено зборуваше за свршеницата: Таа е единствена, се грижи за мене и за куќата – тоа е она што го барам
Кристијано Роналдо неодамна конечно се сврши со својата долгогодишна партнерка, Џорџина Родригез, а сега зборуваше подетално за нивната врска.
Прославениот фудбалер Кристијано Роналдо и неговата свршеница Џорџина Родригез често се предмет на медиумско внимание. Убавата Џорџина обожава да привлекува внимание со својот изглед, а луксузот со кој се опкружени е секогаш во центарот на вниманието.
Сепак, тие, како и многу други, имаа тешки моменти низ кои поминаа како семејство. Роналдо зборуваше за ова во гостување кај Пирс Морган.
Фудбалерот откри дека трагичната загуба на нивниот син Анхел, кој почина веднаш по раѓањето, ги зближил многу.
„Чувствувам дека секогаш се поддржуваме еден со друг. Понекогаш во врската имате добри моменти, а понекогаш и тешки моменти. Тоа е дел од патувањето, но веројатно ја зајакнавме нашата врска уште повеќе во тој период. Мора да најдете рамнотежа за сè, и во добрите и во лошите моменти“, беше искрен фудбалерот.
Роналдо призна дека децата многу го промениле и дека научил многу, дури и од болни ситуации.
„Искрено, научив многу. Го видов животот од поинаква перспектива, мојата ќерка сега има три години и таа е кралица на семејството, таа е онаа што ја прави куќата среќна. Сè се случи со причина, верувам во тоа. Ние сме благословено семејство, верувам во тоа“, заклучи Роналдо.
Тој се осврна и на Џорџина. „Има толку многу добри работи кај неа што ги сакам. Верувам дека е единствена по тоа што се грижи за мене, што е многу важно. Се грижи за семејството, за куќата, а тоа бара многу работа. Таа е посебна за мене затоа што, покрај нејзините квалитети, нејзиното тело и сè што сакам, таа е личност што ме разбира. Тоа е она што го барам“, рече Роналдо.
фото: ЕПА
Забава
(Видео) Објавени првите пет минути од новата сезона на Stranger Things: сè се враќа на почеток
„Нетфликс“ ги објави првите пет минути од долгоочекуваната петта и последна сезона на хит серијата „Stranger Things“, дополнително поттикнувајќи ја возбудата кај обожавателите пред нејзината премиера овој месец.
Видеото ги враќа гледачите во 1983 година, на самиот почеток на приказната кога Вил Бајерс првпат исчезна. Премиерната епизода, насловена како „Ползењето“, започнува со сцена сместена во злокобниот The Upside Down, каде што во близина се крие Демогоргон.
Атмосферата станува исклучително напната кон крајот на клипот, кога се појавува главниот негативец Векна. Тој го заробува Вил, му се приближува и го допира по лицето со злокобните зборови: „Конечно, можеме да започнеме. Ти и јас, ќе правиме толку убави работи заедно.“
На премиерата, што се одржа вчера во Холивуд, се собра целата екипа. Ѕвезди и гости прошетаа по црвениот тепих, меѓу кои и Мили Боби Браун, Дејвид Харбор, Винона Рајдер и многу други. Петтата сезона на „Stranger Things“ ќе започне да се емитува на 26 ноември.

