Контакт

Забава

Викторија Бекам отпушта 20 луѓе за да се спаси од криза

Објавено пред

Поранешната членка на поп-групата „Спајс грлс“ и сопруга на поранешниот професионален фудбалер Дејвид Бекам (45), Викторија Бекам (46), ќе отпушти 20 вработени од својата модна империја, која пропаѓа, со цел да се спаси од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот и тоа само неколку месеци по поништувањето на одлуката за отпуштање 30 лица.

Компанијата на Викторија Бекам, со својата водечка продавница „Мејфаир“, која продава фустани во вредност од 2.000 фунти и чанти од 1.000 фунти, исто така ќе го преполови и бројот на годишни модни колекции затоа што е тешко погодена од кризата предизвикана од Ковид-19.

Ударот за вработените се случува само два месеца откако Викторија наиде на осуда за одлуката да отпушти 30 вработени во услови на криза. Лутината и осудата на јавноста ја натераа да ја поништи одлуката инсистирајќи на тоа дека благосостојбата на нејзиниот тим значи сè за неа.

Богатството на Викторија и нејзиниот сопруг, поранешниот фудбалер Дејвид, се проценува на 355 милиони фунти.

Забава

Макрон на скутер и јахта за време на одморот со сопругата

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон во моментов летува со семејството на југот на Франција, каде ужива во друштвото на неговата сопруга Брижит, нејзината ќерка, зетот и внуката.

Тие се одмараат недалеку од островот Поркерол, а на фотографиите и видеата се гледа како Макрон вози скутер и се дружи со семејството на јахта.

Вниманието на медиумите го привлекоа и сопругата на Макрон, Брижит и нејзината ќерка кои уживаат во костуми за капење.

Островот Поркерол е познат по прекрасните плажи и заливи и на него живеат околу 200 луѓе.

Прикажи повеќе...

Забава

Криси Тајген првпат во јавност со трудничкиот стомак

Објавено пред

Криси Тајген откри дека очекува трето дете со сопругот Џон Леџенд со спот за неговата нова песна „Wild“, кој беше објавен во четвртокот.

По премиерата на видеозаписот, Тајген на Твитер сподели насмеан, заљубен емотикон, навестувајќи ја нејзината возбуда околу веста. Таа, исто така, наговести дека музичкото видео завршува со убаво изненадување.

Ова беше необичен начин да ја открие третата бременост, а само неколку часа по споделувањето на романтичното видео, 34-годишната манекенка го покажа своето трудничко стомаче за прв пат.

Мал шопинг во Вест Холивуд: Криси го одржува својот едноставен изглед, комбинирајќи го со црна јакна во воен стил.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Драма со Хју Грант и Никол Кидман во најава

Објавено пред

Лимитирана драмска серија од шест епизоди The Undoing, најнов проект на сценаристот на Big Little Lies („Големите мали лаги“), Дејвид Кели, набргу ќе почне да се прикажува на „Ејч-би-о макс“.

Никол Кидман, Хју Грант и Доналд Сатерленд се во главните улоги на драмата во најава – сторија за жена чиј живот и успешна кариера на психијатар почнува да се распаѓа кога нејзиниот сопруг исчезнува, а на површина излегуваат тајните за неговиот вистински идентитет.

Драмата мистерија е телевизиска адаптација на популарниот роман „Требаше да знаеш“ (You Should Have Known) на американската писателка Џин Харф Корелиц. Сценариото е на Дејвид Кели, со кој Кидман веќе соработуваше во серијата Big Little Lies.

Премиерата првично беше закажана за август, но беше одложена поради пандемијата на Ковид-19. Драмата пристигнува на „Ејч-би-о макс“ на 25 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Aлијанса и Алтернатива: Сѐ уште не сме во преговори со Заев

Коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива на прес-конференција рекоа дека засега немале средби со СДСМ и лидерот Заев околку евентуалното коалицрање....

Македонија3 часа

Србија воведе задолжителен ПЦР-тест за македонските граѓани

Странците што доаѓаат во Србија од одредени земји ќе мора да имаат негативен ПЦР-тест не постар од 48 часа, одлучи...

Топ4 часа

Воз удри во „ситроен“ во Тетово, две лица се повредени

Две лица се тешко повредени кога воз удрил во „ситроен“ пред влезот на железничката станица во Тетово. Како што информира...

Топ5 часа

Убиство во Инџиково – му барале пари, па го застрелале пред сопругата

Четириесет и деветгодишен жител на скопското село Инџиково синоќа бил убиен во својот дом. Според информациите на полицијата, зад убиството...

Македонија5 часа

Апасиев најавува предлог-мерки за реформа на банкарскиот сектор, ќе бара и канцеларија во Собранието

Пратеникот од Левицата, Димитар Апасиев, најави дека партијата набгру ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор по случувањата со...

Македонија6 часа

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ6 часа

Уапсен тетовец, кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата „ЕВН Македонија“, на две одвоени...

Свет7 часа

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати глоба од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена со 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет7 часа

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет9 часа

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет18 часа

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Свет18 часа

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат...

Европа20 часа

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест...

Македонија21 час

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија21 час

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита...

Топ23 часа

Женско тело извадено од водите на Пчиња

Безживотно женско тело било забележано во водите на реката Пчиња. Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под...

Македонија23 часа

Американската амбасадорка му го честита мандатот на Заев

Американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, му го честита мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за состав на нова влада....

Економија1 ден

Пропаѓањето на Еуростандард банка го блокира платниот промет во „Македонска пошта“

Поради пропаѓањето на Еуростандард банка, платниот промет во „Македонска пошта“ е блокиран, соопшти генералниот директор Ејуп Рустеми. Тоа значи дека...

Македонија1 ден

141 нов случај на Kовид-19 во земјата, починале 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Досие