Контакт

Забава

Дакс Шепард проговори за својата битка со зависноста од лекови

Објавено пред

Американскиот актер и комичар Дакс Шепард се чини дека има тешкотии во долгогодишниот пат до ослободување од зависноста од јаки седативи и опијати.

Повеќе од една деценија 45-годишниот актер се бори со зависноста од опијати, а деновиве призна дека по неодамнешната несреќа со мотоцикл, тој повторно почнал да зема „викодин“.

Воведувајќи ја темата на неговиот поткаст-канал „Армчеар експерт“, тој рече: „Имам огромен страв од тоа. Можеби некои луѓе ќе почувствуваат предавство затоа што проповедаме чесност, а јас бев неискрен“.

Дакс продолжи да раскажува дека сообраќајната несреќа со мотоциклот во август имала удел во рецидивот, но и дека тој се бори со рецидиви од 2012 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

Полицаец бил убиен од петел откако упаднал на нелегална борба со птици на Филипините

Објавено пред

Филипински полицаец бил убиен од петел за време на рација на нелегална борба со петли во провинцијата Северен Самар.

Полицаецот Кристен Болок бил прободен од остар предмет – челично сечило што вообичаено е прицврстено на ногата на петлите во овие борби.

Сечилото го пресекло во пределот на левиот бут, притоа погодувајќи клучна артерија. Тој бил итно пренесен во болница, но по пристигнувањето, бил прогласен за мртов.

На Филипините борбите со петли се забранети со цел да се спречи групирање луѓе за време на пандемијата.

Пред пандемијата тоа беше дозволено на лиценцирани места, и тоа само во недела и на празници, како и за време на локални прослави што траат најмногу три дена, јави Филипинската новинска агенција (ПНА), а пренесе Би-би-си.

Началникот на покраинската полиција, Арнел Апуд, за АФП изјавил дека инцидентот бил несреќен случај нарекувајќи го бизарен настан, каде што работите тргнале во погрешна насока и е тешко да се објаснат.

„Не можев да верувам кога првично ми пријавија. Ова е првпат во моите 25 години како полицаец да загубам човек прободен од сечило на петел“, рекол тој.

Началникот на полицијата исто така испратил длабоко сочувство до семејството на жртвата, соопшти ПНА.

Прикажи повеќе...

Забава

Серена Вилијамс и ќерката пеат во дует на „Инстаграм“

Објавено пред

Серена Вилијамс и нејзината тригодишна ќерка Олимпија се здружија во симпатичен дует овој вторник.

39-годишната легенда на тенисот и нејзиното слатко првородено дете ја отпеаја тематската песна од детскиот цртан филм PAW Patrol.

Во услови на самоизолација и двете се дотераа за големиот перформанс како мислиш ќе излезат на сцена.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Узо Адуба ќе глуми во новата сезона на „На терапија“

Објавено пред

Десет години по третата и навидум последна сезона, „На терапија“ се враќа со нова sвезда, Узо Адуба („Портокаловата е новата црна“).

39-годишната Адуба е подготвена да глуми во новата сезона на популарната серија портретирајќи ја новата психијатарка Брук Лоренс, се вели во соопштението за печатот на Ејч-би-о.

Получасовната драмска серија ќе ја следи Лоренс додека таа управува со тројца пациенти и на сето тоа се занимава и со свои проблеми.

Продукцијата е предвидена да почне оваа есен под строги правила и протоколи за снимање во услови на пандемија, а сезоната треба да се појави во 2021 година на Ејч-би-о.

Серијата првично дебитира на Ејч-би-о во 2008 година следејќи го Габриел Брн како психотерапевт, д-р Пол Вестон, кој се здружи со својата стара психијатарка, д-р Џина Тол (Дајан Вист), која не ја видел веќе 10 години, за да ги реши своите проблеми.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

МОН го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „Во...

Македонија3 часа

Пауновски: Нови вработувања ќе има в година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека в година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија4 часа

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице што било во контакт со министерот за...

Македонија4 часа

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија5 часа

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија5 часа

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Македонија6 часа

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Свет6 часа

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирусот

Куба официјално регистрира втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да почнат набргу, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија7 часа

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет8 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Македонија9 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет9 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет9 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет9 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Европа10 часа

Ватикан најави божикна прослава на папата на интернет

Божикната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет20 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија21 час

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа22 часа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија23 часа

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија1 ден

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Досие