Забава
Дали Џејмс Корден ја заменува Елен Деџенерис како домаќин на шоуто изложено на скандал?
Бидејќи ток-шоуто на Елен Деџенерис станува сè повеќе вовлечено во скандал и е на работ на колапс, Британецот Џејмс Корден, водител на популарното „Лејт лејт шоу“ на телевизијата Си-би-ес, наводно е во преговори да ја замени.
Цитирајќи инсајдер, британски „Сан“во саботата објави дека Корден (41) одамна се сметаше за долгорочен наследник на 62-годишната Деџенерис, дури и пред да се појават наводите за непријателска работна атмосфера зад камерите.
Корден, британски актер и комичар, стана популарен со своето ток-шоу, кое вклучува сегменти, како што е „карпул караоке“ – домаќинот Корден пее заедно со гостинот музичар додека се возат во автомобил, како и Drop The Mic-сегмент – во кој Корден и гостите се вклучуваат во рап-битки.
Истиот извор изјави за „Сан“: Џејмс и неговиот тим се иноватори во модерната телевизија, а нивниот производ стекнува сè поголемо глобално признание.
Изворот додаде дека Корден веќе има огромна посветена публика, глобална привлечност и Холивуд го сака“.
„Замената на Елен секогаш ќе биде тежок предизвик, но тој е природно фит за лесна транзиција. Џејмс го освежува утрото и потоа во текот на денот со слободна рака ќе му биде дозволено да гради нова попладневна ера“.

Проблемите за Деџенерис почнаа минатиот месец кога „Баз њуз“ објави експлозивен извештај во кој беше изложена реалноста на работењето зад камерите во „Шоуто на Деџенерис“. Телевизијата „Ворнер Брос“, која го продуцира шоуто од 2003 година до денес, спроведе интерна истрага по поплаките за наводно малтретирање на вработените и за расизам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Како да ја исчистите микробрановата печка за 5 минути без триење и мака
Британска новинарка откри како ги отстранила маснотиите и непријатниот мирис од микробрановата печка побрзо отколку што очекувала.
Чистењето на микробрановата печка е една од оние домашни работи што многу луѓе ги одложуваат до последен момент – обично додека не почнат да се шират непријатни мириси од неа, а внатрешноста е покриена со слој маснотии и суви остатоци од храна. Иако често се чини дека темелното чистење бара силни хемикалии и многу триење, има сè повеќе совети што покажуваат дека решението може да биде изненадувачки едноставно и природно.
Токму ова е трикот што британската новинарка Софи Лоу, заменик-уредник на рубриката „Слободно време“ во издавачката куќа Reach Plc, која пишува за патувања, недвижности, домашни трикови, градинарство, готвење и рецепти, реши да го проба.
Нема хемија
„Без спрејови, без хемикалии, без триење – само лимон и сад со вода. Звучеше речиси премногу добро за да биде вистина“, забележа таа.
Сепак, со оглед на состојбата на нејзината микробранова печка, таа решила да се обиде.
Таа го опиша процесот како многу едноставен. Прво, пресекла лимон на половина, го исцедила сокот во сад со вода погоден за микробранова печка и ги ставила двете половини од лимонот во водата. Потоа го ставила садот во микробрановата печка и ја вклучила на полна моќност три минути.
„По само неколку секунди, кујната беше исполнета со свеж мирис на лимон“, вели таа.
Откако завршила програмата, ја оставила вратата од микробрановата печка затворена уште неколку минути, што се покажало како клучен чекор. Во тој период, пареата останала во внатрешноста и дополнително ги омекнала стврднатите наслаги.
Таа ја потопила крпата во топлата вода со лимон, осигурувајќи се дека не е премногу жешка, и ја избришала внатрешноста само еднаш.
„Маснотијата буквално се лизгаше, без никаков отпор“, напиша таа.
Дури и тврдокорните дамки на горниот дел од микробрановата печка, за кои вообичаено се потребни неколку обиди, исчезнале за неколку секунди.
За особено тврдокорната нечистотија, таа открива дополнителен трик: можете да додадете лажичка сода бикарбона во водата со лимон, која, како блага киселина, дополнително помага во разградувањето на маснотиите без оштетување на површините.
На крајот, таа заклучи дека овој едноставен трик пријатно ја изненадил, бидејќи микробрановата печка била чиста за само неколку минути, без триење или користење агресивни средства за чистење.
фото/Depositphotos
Забава
Памела Андерсон испрати силна порака на црвениот тепих: едноставноста може да биде поефикасна од гламурот
Памела Андерсон испрати силна порака на 83-то доделување на наградите „Златен глобус“, придржувајќи се до ставовите за природниот изглед, дека едноставноста може да биде поефикасна од гламурот.
Овогодинешното доделување на наградите „Златен глобус“ одржано во Лос Анџелес беше успешно и за познатата Памела Андерсон, која ја имаше улогата на презентерка на наградата за најдобра актерка во комедија, а со нејзиното појавување на црвениот тепих привлече внимание поради нејзиниот ненаметлив стил.
Во последните години, Памела промовира едноставен и природен изглед, далеку од сè што сме виделе од неа со децении и по кое беше препознатлива кога ја носеше титулата секс симбол, па во морето од гламурозни и драматични изданија се појави во бела, „обична“ и сосема ненаметлива комбинација што совршено ѝ одговара во ерата кога негува само минимализам.
Таа носеше бела, мека, лелеава кошула со широк крој и макси здолниште со спуштен струк од модната куќа Ferragamo, и покажа дека едноставноста може да биде исто толку ефикасна како и смелата комбинација.
Таа го заокружи изгледот со едвај видливи сандали и црвен лак за нокти, како и елегантен накит Pandora. Покрај тоа, таа имаше незабележлива шминка, доволно за да се каже дека е нашминкана, а нејзината фризура предизвика посебен ентузијазам. Таа повторно ја има својата препознатлива руса коса по нејзиното „патување“ кај црвенокосите, која едноставно беше стилизирана во ниска пунџа и накратко го оживеа духот на стариот Холивуд.
фото/епа
Забава
(Видео) Василичарски оган под вода во Охридското Езеро
Нуркачите од Нуркачкиот центар АМФОРА традиционално кај Музејот на вода го запалија василичарскиот оган под вода и ја најавија Стара нова година.
Со ова нуркачите од АМФОРА на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица и се вклучуваат во организацијата во празнување на претстојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован крстител – денот на рибарите во Охрид.
фото/facebook/Diving Center Amfora

