Контакт

Забава

Даниел Крег откри дека Спилберг го натерал да го глуми 007

Објавено пред

Даниел Крег откри дека славниот режисер Стивен Спилберг бил тој што го натерал да ја преземе улогата на британскиот таен агент Џемс Бонд.

Овој 53-годишен актер, кој се откажа од улогата на Бонд во „Не е време за умирање“ (2021) по пет филмови, неодамна сподели дека се согласил да ја преземе улогата на култниот шпион за „Казино Ројал“ дури во 2006 година кога случајно налетал на легендарниот филмски режисер во хотел.

„Стивен случајно беше во истиот хотел. Можете ли да добиете подобар холивудски момент? Го прашав: дали би го прочитал ова сценариото те молам? Тој го прочита многу брзо и рече: Мораш да го направиш oва!“ открива актерот во интервју за „Сан“.

Даниел објаснува дека е многу важно некој во шоубизнисот толку високо како Спилберг да биде инспириран од улогата пред тој да одлучи да ја прифати.

Весникот „Сан“ го цитира Даниел: „Ми беше многу важно некој како него да биде подеднакво инспириран од улогата како и јас“.

Сепак, и покрај тоа што ја добил довербата од Спилберг, кој има освоено „Оскари“ за режија на филмови како што се „Шиндлеровата листа“ и „Спасување на војникот Рајан“, Даниел сепак бил нервозен поради преземањето на огромната улога, но знаел дека ќе биде добро.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Почина францускиот дизајнер Тиери Маглер

Објавено пред

Големиот францускиот моден дизајнер Тиери Маглер почина во неделата на 73-годишна возраст, пренесоа светските медиуми.

„Со голема тага соопштуваме дека г. Манфред Тиери Маглер почина во недела на 23 јануари 2022 година“, се наведува во објавата на официјалниот фејсбук-профил на Маглер.

Во друга почест објавена на неговата инстаграм-страница, Маглер е опишан како „визионер чија имагинација… ги поттикна луѓето ширум светот да бидат похрабри и да сонуваат сè поголеми сништа“.

Негов претставник изјави за новинската агенција АФП дека тој починал од природна смрт.

Маглер беше познат по дизајните со нагласени раменици и остар крој, инспириран од гламурот од 1940-тите и 1950-тите години.

Креацииите на Маглер ги носеа ѕвезди од т.н. А-листа како Бијонсе, Лејди Гага, Бела Хадид, Ирина Шајк, Кортни и Ким Кардашијан, Дијана Рос, Дејвид Боуви…

Во подоцнежните години, неговиот бренд стана познат по парфемите Angel и Alien.

Тој создаде култни сценски костими за низа музички ѕвезди, меѓу кои поп-дивата Бијонсе, која беше прва од ѕвездите кои му одадоа почит на големиот моден дизајнер во неделата по неговата смрт. Таа сподели црно-бела троубек фотографија на својата веб-страница.

Прикажи повеќе...

Забава

„Невозможна мисија 7 и 8“ одложени до 2023 и 2024 година

Објавено пред

Седмиот и осмиот филм во франшизата „Невозможна мисија“со Том Круз во главната улога се одложени до 2023 и 2024 година поради пандемијата со Ковид-19“, соопштија продуцентите „Парамаунт пикчрс“ и „Скајденс“.

Mission: Impossible 7 требаше да дебитира во киносалите во септември оваа година, проследено со Mission: Impossible 8 во јули следната година.

Новите датуми за филмовите се 14 јули 2023 година за седмиот и 28 јуни 2024 година за осмиот филм од серијалот.

„По внимателно размислување, Paramount Pictures и Skydance одлучија да ги одложат датумите на објавување на Mission: Impossible 7 и 8 како одговор на доцнењата поради тековната пандемија“, се наведува во соопштението на компаниите.

 

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Новинарка ја удри автомобил среде директен пренос, таа стана и продолжи да известува

Објавено пред

Репортерката на „Ен-би-си“, Тори Јоргеј, ја удри автомобил за време на пренос во живо. Таа потоа станал и заврши со прилогот за студено време.

Додека известувала, автомобил налетал на неа одзади и ѝ ја срушил камерата. Тори неколку моменти не се гледала на екранот, а водителот во студиото бил видно вознемирен обидувајќи се да сфати што се случило.

Но по неколку моменти, Тори повторно се појавил пред камера и продолжи да известува како ништо да не се случило.

„Сè е во ред, сите сме добро“, повтори новинарката обидувајќи се да ја смири шокираната жена возач што удри во неа.

„Ова е мојата последна недела на работа, па се разбира дека ова се случи“, се пошегува 25-годишната Тори.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Вкупно 22 починати и 718 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.044 теста, а регистрирани се 718 нови случаи на...

Македонија2 часа

(Видео) Премиерот Ковачевски во Софија пречекан со највисоки почести

Со највисоки државнички почести и церемонија што се одржа попладнево на плоштадот Александар Невски во Софија, бугарскиот премиер Кирил Петков...

Македонија4 часа

(Видео) Митрески: Предвремени избори нема да има

За укинување на техничка Влада потребен е консензус, предвремени избори нема да има, ВМРО-ДПМНЕ прави театар изјави на денешната прес-конференција...

Македонија6 часа

Османи за БТВ: Резултати се очекуваат и од Македонија и од Бугарија

Резултати се очекуваат и од Северна Македонија и од Бугарија, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во ексклузивно интервју...

Економија6 часа

Повторно поскапување – од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените...

Македонија6 часа

Мицевски: Поднесовме предлог за укинување на техничката Влада

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ до Собранието денес поднесе предлог на Законот за изменување и...

Македонија7 часа

Работна група од македонски и бугарски експерти ќе работи на железничкото поврзување

Владата го прифати усогласениот текст на Меморандумот за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република...

Свет7 часа

Бродови и авиони во базите на НАТО – алијансата испраќа дополнителни сили во Источна Европа

Сојузниците на НАТО денеска ја ставија својата армија на подготвеност и ќе испратат дополнителни бродови и борбени авиони во нивните...

Македонија8 часа

Зимското одржување на патиштата оваа сезона ќе чини осум милиони евра

Државните институции склучиле договори за јавни набавки со приватни фирми за механизација, работници, сол и ризла за одржување на улиците...

Свет8 часа

Тедрос: Светот е во клучна пресвртница, земјите мора да работат заедно

Во екот на уривањето на рекордите на новозаразени луѓе во светот, СЗО ги повика сите земји да работат заедно за...

Македонија8 часа

(Видео) Јанакиески спроведен на судење со полициско возило

На патерици, легнат во полициско возило, Миле Јанакиески е земен од дома со судска наредба и спроведен на судење. Денеска...

Свет9 часа

По САД и Британија повлекува дел од персоналот во амбасадата во Киев

Велика Британија почна да го повлекува персоналот од амбасадата во Украина поради предупредувањата за руската инвазија. Според извештајот, официјалните лица...

Свет9 часа

Kазнети 3.600 долари зашто на една минута го напуштиле карантинот

Тајванските здравствени власти казнија индонезиски рибари со 3.610 долари затоа што ги напуштиле хотелските соби за време на карантин за...

Свет10 часа

СЗО најавува крај на пандемијата во Европа

Сојот омикрон на коронавирус, кој би можел да зарази 60 отсто од Европејците до март, започна нова фаза на пандемијата...

Македонија21 час

Локализиран пожарот во „Жито Битола“

Локализиран е пожарот што избувна околу 17 часот во „Жито Битола“. Пожарникарите остануваат на терен, до целосно гасење на огнот....

Македонија23 часа

Нови 1.424 случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 5.604 тестови, а регистрирани се 1.424...

Свет1 ден

НАТО испраќа се’ повеќе оружје во Украина

Во последните денови, членките на НАТО испраќаат оружје и воен персонал во Украина, како и во блиските европски земји, во...

Македонија1 ден

„Преговорите ги диктира Софија, ова е пазар дипломатија“ – опозицијата со критики за начинот на кој Владата преговара со Бугарија

Остри критики за начинот на којшто се водат преговорите со Бугарија упатија говорниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на трибината насловена „Заштита...

Економија1 ден

Ковачевски: Сите работници кои работат во недела мора да добиваат најмалку 50 отсто повисока дневница

„Денешната посета на „Дура Аутомотив Системс“ е одлична можност да се види како изгледа примената на законското решение „Недела неработен...

Топ1 ден

Прегазен малолетник на улица во Тетово, возачот избегал

Седумнаесетгодишно момче било прегазено од автомобил вчера на улицата Благоја Тоска во Тетово. Возачот кој управувал со возилото избегал од местото,...

Досие