Забава
Канје Вест: „Уништен сум и никој не одговара за тоа“
Канје Вест вели дека е уништен до срж откога неколку големи компании го отфрлија, што го чинеше 1 милијарда долари. Сè почна со неговите антисемитски коментари.
Раперот и дизајнер се пожали на својот инстаграм-профил: „Мојата империја се распаѓа, пишувам на ‘Инстаграм’ затоа што сè уште ми е дозволено да бидам на платформата на Марк Цукерберг“.
Канје побара ревизија на договорите со компаниите што му ја откажале соработката. „Да ги видиме договорите за да можеме да правиме подобар бизнис“, напиша Канје.
„Јас сум уништен до срж и сè уште никој не е повикан на одговорност за тоа“, пишува Канје. „Непознати сили се обидуваат да ми го уништат животот поради твит“, вели тој мислејќи на твитот што го почна сето ова.
Вест, всушност, на „Инстаграм“ инсинуира дека раперот Диди е контролиран од Евреи. Објавата на Вест се состоеше од снимки од неговиот разговор со Диди за контроверзните маици White Lives Matter, што ги претстави на модна ревија во Париз.
Тој исто така твитна дека набргу ќе се впушти во defcon3 против Евреите алудирајќи на скалата на подготвеност на американската војска позната како DEFCON. Објавата набргу беше отстранета, а профилот на Вест на социјалните мрежи е привремено блокиран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Концерт на „Нокаут“ на 9 мај во СЦ Јане Сандански
„Нокаут“ ќе слави 30 години постоење со концерт на 9 мај, со почеток во 21 часот, во СЦ Јане Сандански.
Пере и дружината ќе ја прошетаат публиката со својата “временска машина“ низ историјата на нивното постоење, преку концертната изведба на нивните најголеми хитови… Од Еј Би Си, Временска машина, Би се викал те сакам, Телефонскиот број не постои, Hi Fi, Мене ми припаѓаш, Сонувам Диско, Илјада причини за крај, Позитиво, Да си тука вечерва, Кога ме сакаш ти, Лебедот бел, Знаеш каде да ма најдеш…..
Бендот најавува фантастично аудиовизуелно шоу, збогатено со специјални ефекти и „луда“ забава до максимум. Фасцинантната овална сцена, концертен ринг сместен на самиот центар во средината на салата, моќно озвучување кое создава звучна магија, лајт шоу и светлосни ефекти кои приредуваат волшебство од бои и голем лед екран сместен на плафонот од сцената, за прв пат СЦ Јане Сандански ќе го претворат во вистинска музичка арена. Нокаут – 360 степени, концертен спектакл во кој ќе можете подеднакво да уживате со поглед од сите трибини.
Концертниот јубилеј со своите настапи ќе го збогатат и специјалните гости на бендот, Игор Џамбазов, Дарко Гелев Брејк, Дупер, Дарко Димитров, Дамјан Пејчиновски и уште многу други музички изненадувања.
Билетите знаете каде да ги најдете од среда, 18 февруари на www.wayin.mk.
Забава
(Фото/видео) Џипот од 500.000 евра на Бака прасе изгоре во Белград
Луксузниот Мерцедес вреден половина милион евра, во сопственост на еден од најпознатите регионални инфлуенсери, Богдан Илиќ, попознат како Бака прасе, изгоре во Белград синоќа околу 3:30 часот, јавија српските медиуми.

Пожарот бил изгаснат во рок од пет минути, но има голема материјална штета.
Според достапните информации, внатрешноста на возилото е целосно уништена, а топлината ги скршила и прозорците. Бака прасе го купи скапиот автомобил, кој го нарече „бесна машина“, пред три години, и еднаш изјави дека се кае за купувањето.

Кратко по инцидентот, инфлуенсерот објави видео од уништеното возило. Тој се обиде целата ситуација да ја претвори во шега, објавувајќи лажен оглас за продажба на автомобили.
„Оглас за автомобил, Brabus 800 4×4. Прв сопственик, баба го возеше на пазар. Година 2022, малку исполиран и како нов. Во возна состојба, ентериер по нарачка. Заинтересиран сум за DM“, рече тој.
@bakaprase Hitna prodaja 🙏
Причината за пожарот сè уште не е позната, но Telegraf.rs пишува дека првите резултати од истрагата укажуваат дека пожарот бил подметнат. Се сомнева дека автомобилот бил полеан со запалива течност, а потоа запален.
Истрагата е во тек.
фото/депозитфотос
Забава
(Видео) Раскошните облини на бразилските жени повторно го освојуваат светот: И никој не е имун на нив
Магичниот Рио де Жанеиро привлекува голем број туристи секоја година, особено за време на традиционалниот карневал во Рио, кога брзо станува центар на светот, но и на добрите забави.
Овогодинешниот карневал започна на 13 февруари и ќе трае до 21 февруари, а посетителите на овој спектакл ќе имаат можност да уживаат во звуците на самбата, огнените и енергични танцови движења на учесниците, како и во раскошните облини на познатите бразилски жени.
Во овој период, танчерките ќе парадираат по улицата Маркес де Сапука секоја вечер, а жителите на Бразил, како и бројните туристи, внимателно ќе ги следат од сите страни.

