Забава
Канje Вест гласа за себе по непостојаната кампања за Белата куќа
Раперот Канје Вест во вторникот гласаше за себе како следен претседател на САД по неговата кампања обележана со непостојани конфузни изјави и шпекулации дека може да присвои афроамерикански гласови од демократот Џо Бајден.
Пејачот и моден дизајнер напиша на Твитер: „Гласав првпат во мојот живот за претседател на САД и тоа е за некој на кој навистина му верувам … мене.“
Подоцна тој објави видео на кое гласа во Коди, Вајоминг, каде го запиша неговото име на гласачкото ливче.
Вест (43) се појави на гласачките ливчиња во неколку држави, иако не на боиштата како Флорида, Пенсилванија и Мичиген. Последните недели ги поучуваше симпатизерите како да гласаат за него како впишан кандидат на други гласачки места.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Во француско село 30 соседи делат еден автомобил
Во малото француско село Пон-де-Баре, со околу 300 жители, триесетина соседи одлучиле да делат еден заеднички автомобил, наместо секој да има свој. Станува збор за стар Citroën ZX, кој од приватно возило станал заеднички ресурс, пренесува „Ел Паис“.
Проектот не е поддржан од компанија или дигитална платформа, туку функционира врз основа на доверба и солидарност. Соседите плаќаат 25 центи по изминат километар, со што се покриваат само трошоците за гориво и одржување. Нема месечни членарини ниту резервации.
Клучевите од автомобилот се чуваат во локалниот бар, кој станал неформален центар на иницијативата. Освен што ги намалува трошоците и загадувањето, проектот, според жителите, придонел и за зајакнување на меѓусебните односи и чувството на заедништво во селото.
Примерот од Пон-де-Баре покажува дека одржливата мобилност е можна и без скапи решенија – понекогаш е доволно само поинаков начин на користење на автомобилите.
Забава
Со нив нема „само уште 5 минути“: хороскопски знаци што мразат доцнење
Постојат хороскопски знаци кои времето го сфаќаат многу сериозно. За нив доцнењето не е ситница, туку знак на неодговорност и непочитување.
Девица – исклучително организирана и точна. Доцнењето кај Девиците предизвикува фрустрација и ги тера да се прашаат колку сериозно можат да ве сфатат. Точноста за нив е основа на почитта.
Јарец – го цени времето како ресурс. Доцнењето го доживува како губење време и непрофесионалност. Не реагира бурно, но јасно покажува незадоволство и ретко заборава.
Овен – импулсивен и нетрпелив, не сака да чека. Очекува да бидете на време и доцнењето лесно го вади од такт, дури и ако тоа не го каже директно.
Забава
Започнува тридневната „Новогодишна приказна“ во Кисела Вода
Вечерва почнува тридневната манифестација „Новогодишна приказна“ во паркот „Шопен“, во близина на ООУ „Невена Георгиева Дуња“, во Кисела Вода.
Од 19:00 часот ќе настапи Ди Џеј Марио со труба, а од 21:30 часот следи музичкиот проект Пауза за ракија на Игор Димовски. Водител на настанот е Миро Кацаров.
Паркот е празнично уреден и збогатен со новогодишни куќарки со топли напитоци и празнична храна, а организаторите ги повикуваат граѓаните да се приклучат и да уживаат во предновогодишната атмосфера.
Настанот е отворен за јавноста.

