Забава
Кој ќе ме глуми? Бој Џорџ во потрага по актери за биографски филм
Британскиот пејач Бој Џорџ најави во вторникот дека бара актер кој ќе го портретира во музички биографски филм, кој треба да почне да се снима ова лето.
Фронтменот на „Калчр клаб“, еден од најпознатите бендови од осумдесеттите години на минатиот век, чие вистинско име е Џорџ О’Дауд, се огласи на социјалните мрежи за да ја обелодени својата намера.
Во видео, тој рече дека актерот од Line of Duty, Даниел Мејс, ќе го игра неговиот татко, и додаде „има шпекулации дека ќе се појави и Киану Ривс“.
„Со голема возбуда ви најавувам дека филмот за мојот живот и за Culture Club, со наслов Karma Chamelеon, ќе се снима ова лето во Лондон и низ целиот свет“, напиша тој.
„Има само еден проблем, и е доста голем – кој ќе ме глуми? Бараме храбар млад актер од кое било место во светот, кој ќе ја преземе улогата на неговиот живот “.
Филмот, насловен по мегахитот „Карма Камелеон“, е во режија на Саша Џервази. Ќе ги следи „скромните почетоци на пејачот во ирско работничко семејство, преку неговото издигнување на врвот на меѓународните топ-листи со ‘Калчр клаб’“, гласи соопштението за печат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Објави „селфиња што никој не ги споделува на социјалните мрежи“ и предизвика лавина од коментари
Канадската инфлуенсерка Спенсер Барбоса се смета за една од највлијателните личности на социјалните медиуми. Таа често прикажува реалистична слика за животот на социјалните медиуми, што вклучува објавување фотографии и видеа без филтри и дополнително разубавување.
Таа исто така се залага за идејата за прикажување реалистична слика за женското тело, прифаќање на сопствениот изглед и често зборува за самодовербата.
Сега објави серија фотографии под наслов „Селфиња што никој не ги споделува на социјалните медиуми (освен мене)“ и со тоа го привлече вниманието на обичниот свет.
Станува збор за компилација од фотографии на кои се гледа нејзиното лице без трага од шминка и во опуштен изглед. Без позирање, со разбушавена коса и маска за убавина на лицето, Спенсер уште еднаш покажа колку може да биде лажен животот на социјалните медиуми.
Нејзините реалистични фотографии предизвикаа лавина од коментари, а многумина беа воодушевени од нејзиниот потфат.
„Те сакаме Спенсер“, „Ова е толку точно“, „И затоа сите те сакаме“, се само дел од коментарите…
Забава
„Никогаш не сум била наметлива девојка“: Кејт Хадсон го откри своето правило во љубовните врски
Актерката Кејт Хадсон во последно време воодушевува со своите модни изданија, како неодамна на доделувањето на наградите БАФТА, но тоа не ја спречи да открие посебно правило во една од нејзините изјави кое го почитува во секоја врска, со што го одвлече вниманието од својот совршен изглед.
Кејт беше гостинка во „Шоуто на Хауард Стерн“ и многу весело одговори на сите прашања, едно од нив беше дали некогаш ѝ било скршено срцето.
„Секако дека да, но моето правило отсекогаш било дека ако маж ви каже дека не сака врска или дека не е заинтересиран, за мене е готово. Никогаш не сум била наметлива девојка, само велам дека сè е во ред“, рече актерката.
За подобро да објасни што навистина мисли, таа зборуваше и за својата ситуација по едно раскинување.
„Тој дечко ме праша дали сакам да зборуваме за тоа, но за што да зборуваме кога раскинавме. Готово е, раскинавме, а ти би сакал да зборуваш за тоа сега. Не, меѓу нас е готово“, појасни таа.
Забава
(Фото) Педро Паскал повеќе не го крие своето момче
Миленикот на жените, актерот Педро Паскал, се чини дека има дечко и ова би бил прв пат да се знае нешто повеќе од обична шпекулација за неговиот љубовен живот.
Иако со години е посакуван, Педро неодамна ги разочара жените кога беше виден во прегратката на Рафаел Олара, бизнисмен кој поседува синџир хотели во Флорида и Аргентина. Ниту еден од нив не коментираше за природата на нивната врска, но се чини дека работите стануваат појасни.
Паскал првпат беше виден како се држи за раце со Олара, и како што сега ексклузивно објавува TMZ, тие повторно беа видени во повеќе од интимна прегратка. Тие одеа така цело време, а во еден момент Олара дури и го држеше задниот џеб од панталоните на Педро.
EXCLUSIVE: 👀 Pedro Pascal was seen getting handsy with pal Rafael Olarra in Los Angeles.
Photos: https://t.co/DYd0ovbnog pic.twitter.com/fGvTu4iHhx
— TMZ (@TMZ) February 24, 2026
Иако сè уште нема официјална потврда од актерите во приказната, се чини дека не е потребен поголем доказ од овие папарацо фотографии.
Педро Паскал речиси сигурно е во некаква врска со Олара, која воопшто не е пријателска. Патем, Рафаел Олара е поврзуван и со актерот Лук Еванс, а што се однесува до Паскал, ова се првите информации за неговиот љубовен живот.

