Контакт

Забава

Кралицата Елизабета научи видеоповици со помош на принцезата Ана

Објавено пред

Кралицата Елизабета Втора научи како да ја користи апликацијата видеоразговор со помош на ќерка си, принцезата Ана.

94-годишната кралица е принудена да користи најнова технологија за да комуницира со своите најблиски и да присуствува на социјално дистанцирани кралски ангажмани за време на пандемијата на коронавирусот.

Локалните медиуми открија дека нејзината 69-годишна ќерка, принцезата Ана, ја научила на основите на видеоповикот.

На видеоклип од претстојниот документарен филм „Ана: Кралската принцеза на 70 години“, кој ќе биде прикажан пред роденденот на Ана на 15 август, може да се види кралицата како се приклучува на Вебекс-конференцијата за да ја одбележи Неделата на негуватели претходно оваа година.

Таа им се обраќа: „Добро утро. Многу ми е драго што успеав да ви се придружам“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Том Хенкс во преговори за филмската верзија на Пинокио

Објавено пред

Том Хенкс е во рана фаза на преговори за претстојната фотореална анимација на Дизниевиот Пинокио, објави „Варајати“ во четвртокот. Разговорите очигледно се однесуваат на ликот Џепето.

Порталот додава дека Роберт Земекис ќе го режира проектот. Тој претходно работел со Хенкс на „Форест Гамп“, „Изгнаник“ и „Полар експрес“.

Хенкс неодамна глумеше командант во драмата за Втората светска војна „Грејхаунд“, која сега се емитува на „Епл ТВ“. Тој исто така е подготвен да го прикаже полковникот Том Паркер во претстојниот филм-биографија за Елвис Присли. Ова е филмот што го снимаше во Австралија на почетокот од оваа година, кога тој и сопругата Рита Вилсон беа тестирани позитивни на коронавирус.

Пиникио е уште еден од цртаните на Дизни што ќе добие филмска верзија по „Аладин“, „Убавицата и ѕверот“, и „Кралот лав“. Дизни прави римејк во форма на фотореална анимација на најпопуларните анимирани филмови од својата продукција.

Прикажи повеќе...

Забава

Орландо Блум има ново хоби во карантин – лего-коцки

Објавено пред

Кога ќе се најдете себеси заглавени дома подолг временски период, без никакви работни обврски, обично најдобра идеја за некаква акција е ново хоби, било да е тоа печење или шиење.

За актерот од „Господарот на прстените“ и „Пиратите од Карибите“, Орландо Блум, се чини дека новото хоби е играта што многумина ги потсетува на нивното детство, лего-коцките.

Во неодамнешната епизода на ноќното шоу на Џими Фалон, The Tonight Show, Блум ја откри својата нова карантинска активност и рече дека, всушност, многу се забавува во заедничката активност со својот деветгодишен син Флин.

Прикажи повеќе...

Забава

Вил Смит ќе продуцира драмска верзија на „Принцот од Бел Ер“

Објавено пред

Актерот Вил Смит со својата продукциска компанија „Вестбрук студиос“ ќе работи заедно со „Јуниверзал ТВ“ на римејк на иконската серија „Принцот од Бел Ер“.

Проектот „Бел Ер“ е драма и наводно се наоѓа во фаза на развој повеќе од една година, а Смит ќе биде косценарист со оригиналните продуценти Бени Медина и Квинси Џоунс.

ТВ-серијата „Принцот од Бел Ер“, која траеше шест сезони од 1990 до 1996 година, неодамна беше додадена на понудата на американската стрим-платформа „Ејч-би-о мaкс“.

Римејкот е инспириран од трејлер, направен од еден фан на серијата, а кој постигна голема гледаност на „Јутјуб“ во 2019. На Вил многу му се допаднал трејлерот и решил да направи филм драма, помрачна верзија на оригиналната комедија.

„Дедлајн“ објави дека за новиот проект заинтересирани се најпознатите стриминг-платформи „Нетфликс“, „Пикок“, „Ејч-би-о макс“, „Амазон прајм“ и „Епл“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ11 минута

Воз удри во „цитроен“ во Тетово, две лица се повредени

Две лица се тешко повредени кога воз удрил во „цитроен“ пред влезот на железничката станица во Тетово. Како што информира...

Македонија34 минути

Хелсиншки комитет: Итно да се создадат услови за образование и на децата со попреченост

Надлежните мора итно да создадат услови за образование на децата со попреченост, порачаа од Хелсиншкиот комитет за човекови права, од...

Топ1 час

Убиство во Инџиково – му барале пари, па го застрелале пред сопругата

Четириесет и деветгодишен жител на скопското село Инџиково синоќа бил убиен во својот дом. Според информациите на полицијата, зад убиството...

Македонија2 часа

Апасиев најавува предлог мерки за реформа на банкарскиот сектор, ќе бара и канцеларија во Собранието

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, најави дека партијата во најскоро време ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор, по...

Македонија3 часа

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ3 часа

Уапсен тетовец кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата ЕВН Македонија, на две одвоени...

Свет3 часа

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати глоба од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена со 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет4 часа

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет6 часа

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет15 часа

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Свет15 часа

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат...

Европа16 часа

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест...

Македонија18 часа

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија18 часа

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Македонија19 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита...

Топ20 часа

Женско тело извадено од водите на Пчиња

Безживотно женско тело било забележано во водите на реката Пчиња. Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под...

Македонија20 часа

Американската амбасадорка му го честита мандатот на Заев

Американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, му го честита мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за состав на нова влада....

Економија22 часа

Пропаѓањето на Еуростандард банка го блокира платниот промет во „Македонска пошта“

Поради пропаѓањето на Еуростандард банка, платниот промет во „Македонска пошта“ е блокиран, соопшти генералниот директор Ејуп Рустеми. Тоа значи дека...

Македонија22 часа

141 нов случај на Kовид-19 во земјата, починале 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија23 часа

(Видео) Ахмети: Заев треба да понуди силни аргументи зошто Албанец не би бил премиер

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на брифинг за новинарите денеска рече дека деновиве продолжуваат работните средби со лидерот на СДСМ,...

Досие