Забава
Македонскиот бенд „Визија“ со два концерти во Грција
Македонскиот бенд Визија продолжува со своите интернационални настапи. Откако во мај годинава настапија пред француската публика во градот Дижон, сега во рамките на „Europe Convergence” ќе одржат и два концерти во градот Патра, кој се наоѓа во јужниот дел на Грција. Концертите се закажани за 28. и 31. август, а покрај Визија, во периодот меѓу 26. август и 2 септември ќе настапат и бендови од Франција и Грција кои ќе го претстават својот материјал пред публиката во третиот по големина град во Грција.
Бендот „Визија“ постои неполни 8 години, го сочинуваат Марко Џамбазоски, Марко Гапо, Лилјана Јанкова и Синиша Ѓорѓевиќ, а зад себе имаат настапи на звучни регионални фестивали како што се „Егзит“, „Заечарска гитаријада“, „Миксер“, „Јелен Демофест“, „Лејк фест“, „Таксират“, „Земјотрес“ итн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Секој би сакал да има тело како Марго Роби, а тоа сега е можно: тренерот откри како
Марго Роби веќе некое време привлекува внимание од јавноста, а причината е нејзината нереална убавина. Се зборуваше и за можните козметички процедури што ги направила на лицето за да го зачува својот изглед, а сега и нејзиниот личен тренер Дејвид Хигинс се огласи пред медиумите.
Тој нагласи дека зад нејзината убавина стои сериозна работа, труд и посветеност, и откри како изгледа фитнес рутината на актерката, како и каква храна консумира.
Посебен вид пилатес + тренинг за сила
Дејвид истакна дека Марго комбинира тренинг за сила и реформаторски пилатес, кој неодамна доби голема популарност. Тренингот започнува со вежби за загревање кои траат 5 минути, по што следат вежби за сила.
Во зависност од тоа како се чувствува, вели тренерот, Марго избира помеѓу тренинг за сила и пилатес. Таа го прескокнува класичниот кардио тренинг, а еве зошто:
„Кога правите вежби за целото тело, срцето мора интензивно да пумпа крв од еден дел од телото до друг – на пример, од горниот до долниот дел – што дополнително го зголемува пулсот“, објасни тој.
Тој става посебен акцент на зајакнување на стомачните мускули, а неговите тренинзи често завршуваат со предизвик од 100 стомачни. Исто така, открил дека може да држи планк четири минути и десет секунди без тешкотии.
Диета „сè или ништо“
Марго признава дека обожава нездрава храна, но дека е ригорозна во врска со исхраната пред снимањето.
„Не можам да бидам умерена. Станувам мрачна ако не јадам што сакам. Не можам само да јадам салата секој ден и да пијам половина чаша вино секој втор ден. Едноставно не функционира“, изјави таа за „Emirates Woman“.
Таа исто така отворено признава дека е склона кон крајности: „Немам идеална диета. Обожавам пиво, помфрит и бургери. Но, ако треба да скокнам во бикини, ќе јадам стапчиња морков три дена. За мене е или едното или другото.“
Кога се придржува до строг режим, за појадок избира овесна каша со капини или зелено смути со кељ и јаболко. Ручекот обично е пилешко со лимон и интегрален ориз или салата од скуша со домати и краставици. За вечера јаде стек од туна со сладок компир или зеленчукова чорба.
Пред важни настани, таа избегнува заситени масти, брза храна, газирани и засладени пијалоци и чоколадо.
Забава
(Видео) Интернетот полуде по нејзиниот фустан: Но – зошто?
Кејт Хадсон неодамна присуствуваше на доделувањето на Costume Designers Guild наградите во Лос Анџелес. Наградите ги доделува Здружението на костимографи на филмски и ТВ продукции за годината.
На доделувањето на наградите оваа година присуствуваа бројни познати личности од различни области на уметноста, а меѓу оние кои привлекоа најголемо внимание беше и актерката Кејт Хадсон.
За оваа пригода, таа одлучи да носи лаванда фустан од Валентино. Креацијата на прерамки е изработена од сатен и совршено ја следи женската фигура. Се одликува со дискретно деколте и отворен грб што го нагласува женското тело.
Додаде дијамантски чокер од брендот BVLGARI, кој совршено го надополни овој аутфит, кој многу потсетува на стариот холивудски гламур.
Косата ја стилизираше на наједноставен начин – ја пушти слободно да паѓа по рамената, а кога станува збор за шминка, се одлучи за едноставни, земјени тонови.
Насмевката на лицето на Кејт беше исто така забележлива, која ја покажуваше цело време за време на фотосесијата на црвениот тепих.
Забава
(Фото) Македонски шмек на синоќешниот All Star натпревар – Најдобриот NBA играч во моментов, носеше патики од Сатја Грабулоски
Викендов во Лос Анџелес се одржа најголемиот кошаркарски настан во годината, натпреварот на најдобрите кошаркари од NBA лигата, познат како NBA All Star Weekend.
А на All Star натпреварот, еден од најдобрите NBA кошаркари во моментов, Џејлен Браун од Boston Celtics, носеше патики дизајнирани од нашиот Сатја Грабулоски и неговото SWithADot студио.

Патиките се изработени по директна комуникација на Грабулоски со Браун, кој самиот ги даде насоките за уникатните патики што ги носеше.
Браун ги носеше овие патики и за официјалното фотографирање на играчите пред нивниот настап на All Star викендот.

За патиките кои ги изработи за кошаркарот и комуникацијата со него, Грабулоски вели:
„Да соработуваш со еден од најдобрите кошаркари во моментот во светот е уживање – посебно кога се работи и за одличен човек и интелект. Сигурно многу луѓе не знаат, но Џејлен, меѓу другото е и предавач на Универзитетот MIT, па неговата љубов кон бројките и космосот се пресликани во еден пар патики кој ноќеска ги носеше на NBA All Star Weekend. Разговараме и на тема Македонија, па при некоја следна посета на Европа, се надевам ќе го прошетаме низ Скопје“.

Ова не е прва соработка на Грабулоски со луѓе кои се меѓу најзначајните во NBA. Во деловната биографија на SwithADot се запишани и имињата на Шекил О’Нил, Леброн Џејмс, Никола Јокиќ, Јанис Антетокумпо, Двејн Вејд, Ален Ајверсон, Кармело Ентони, Богдан Богдановиќ и многу други.

