Забава
На премиерата на „Не е време за умирање“ Бен Афлек нема да стапне на црвениот тепих
Шефовите на новиот филм за најпознатиот таен агент Џејмс Бонд сакаат актерката Ана де Армас, една од Бонд девојките, да присуствува на црвениот тепих без нејзиното момче Бен Афлек.
Де Армас (32) ќе го краси сребрениот екран како зрела сирена Палома во новиот филм „Не е време за умирање“, кој ќе почне да се прикажува во киносалите на 20 ноември.
И, со цел сите погледи да бидат свртени кон sвездата на филмот Даниел Крејг (52), шефовите на серијалот за британскиот агент 007, сакаат момчето на Ана, харизматичниот Бен, да не ја придружува на црвениот тепих.
„Би било катастрофа доколку било какво јавно изразување чувства на Бен кон Ана го засенат настанот“, објасни извор за британски „Сан“ во саботата.
Премиерата на долгоочекуваниот нов филм беше одложувана поради светската здравствена криза, така што „шефовите на серијалот сакаат ѕвездите на филмот да бидат во центарот на вниманието на црвениот тепих“.
„Да му кажете на вашето момче да остане дома на вашата голема филмска премиера може да биде незгодно, но Бен прави сè што може за да ја израдува Ана, извор близок до парот неодамна изјави за „ЈуЕс викли“.
„Бен е толку мил спрема Ана. Таа може да спомне било што – ручек, патување или слично. И тој ќе го стори тоа “, додава инсајдерот
„Не е време за умирање“ првично требаше да почне да се прикажува во киносалите во април, но, како и многу претстојни филмови, тој беше одложен.
Даниел Крејг по многу шпекулации потврди дека за последен пат ја игра улогата на Бонд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Никола Роквиќ Велигден го помина во Македонија, се огласи на 14. ден од подвигот
Српскиот пејач Никола Роквиќ веќе 14 дена патува пеш до Грција. Крајната дестинација на пејачот е манастирот Нектариј Егински, каде пејачот ќе се поклони и ќе го заврши подвигот кој го почна за хуманитарни цели.
Никола Велигден го помина во Македонија. Пејачот веќе објави фотографии и видеа на кои покажа како е пречекан во Куманово и Свети Николе.
„Стигнав на денешната дестинација. Голема радост е со мене, на местото Свети Николе, во храмот Свети Никола. Нашите драги домаќини ми кажаа дека ова место е токму местото каде што св. Никола му го вратил видот на Стефан Дечански. Вечерва овде ќе го славиме Велигден, многу сум среќен“, рече Никола.
Забава
Марко Новески објави прва фотка со близначињата: „Мојата дупла среќичка“
Водителот Марко Новески на својот Инстаграм профил објави прва фотографија со новородените близначиња Веда и Вања.
Новески, на 23 април 2024 откри дека заедно со сопругата станале родители и тогаш на неа и се заблагодари на сопругата што му го остварила најголемиот сон.
View this post on Instagram
10-тина дена по раѓањето, Марко објави фотографија, а во прегратка му се двете дечиња.
„Мојата дупла среќичка“, напиша тој,
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.