Забава
Новиот албум на AББА предизвика поделени реакции
Voyage, новиот студиски албум на АББА, прв по распадот на бендот пред речиси четириесет години, доби и поволни и критички оценки.
Британскиот весник „Гардијан“ не е задоволен од албумот и дава само две ѕвезди за камбекот на шведскиот бенд. „Нема убаво носталгично чувство, музиката попрво предизвикува мачнина“, се вели во рецензијата, која беше позитивна за двата сингла од албумот – I Still Have Faith in You и Don’t Shut Me Down, кои се појавија претходно.
Исто и британскиот портал „Њу мјузикал експрес“ (NME) не е импресиониран од Voyage. „Музиката на албумот е помалку изненадувачка од самиот камбек“, пишува NME.
За разлика од британските рецензии, американскиот музички магазин „Ролинг стон“ искажа многу повеќе почит. Ова списание е полно со пофалби за новиот албум на шведските легенди, кои в година ќе одржат серија концерти, на кои ќе се појавуваат како холограми. Ова влијателно списание даде четири ѕвезди и ги пофали дека сè уште се еднакво добри во правењето песни.
Што се однесува на фановите, кои едвај дочекаа да ги чујат новите песни, нивните коментари на социјалните мрежи се исто така поделени.
Додека некои беа воодушевени, на други не им се допадна толку многу албумот, а своето мислење го споделија на социјалните мрежи.
„Звучи како промашување. Ништо посебно“, напиша еден корисник.
„Набрзина го преслушав нивниот нов албум на ‘Јутјуб’. Многу е разочарувачки за разлика од класиците на кои сме навикнати од нив“. Ништо повеќе од проект на суета што тргнал наопаку, каква штета“, напиша друг.
„Добро, на сите ни е мило што се врати AББА и прекрасно е да се слуша нова музика од нив, но мора да признаеме: Voyage не е баш добар.“.
„Како некој што платил однапред за да ја гледа АББА на концерт следното лето, жал ми е што морам да кажам дека новиот албум е шокантно лош“.
За потсетување, Voyage беше објавен на веб-страницата на бендот во четвртокот на полноќ во разни временски зони.
Покрај албумот со 10 песни, шведските легенди ќе претстават и дигитални аватари т.н. абатари на концертот во Лондон во мај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.