Забава
Розенкранц и Вулф промовираат ТВ-мрежа за забавни вести

Клодија Розенкранц и Едријан Вулф, двајцата ветерани од ТВ-индустријата кои го претворија квизот „Кој сака да биде милионер?“ во глобален феномен, промовираат телевизиска мрежа за шоубиз вести во стилот на „Си-ен-ен ентертеинмент“, како дел од нивната продукцијата на Студио 1, објави „Дедлајн“.
Нивниот проект „ЛИТ“ се емитува во живо на Јутјуб, Инстаграм, Фејсбук и Твитер, а сега двајцата планираат вестите од светот на шоубизнисот, филмот, модата и слично да се емитуваат на специјален телевизиски канал – како дестинација за млади луѓе кои не користат социјални мрежи а сакаат да дознаат новости во врска со нивните омилени ѕвезди од телевизијата, филмот, музиката, како и онлајн инфлуенсери.
„Лит“ во моментов се емитува во живо по еден час секој ден, но амбиција е во наредните три години да прерасне во 24-часовна програма со шоубиз вести кои ќе се емитуваат низ целиот свет.
Додека оди во живо на социјалните медиуми, „ЛИТ“ е во преговори со неколку големи стриминг-платформи во врска со дистрибуција, а веќе стана партнер со индонезискиот стример Каскус, пренесува „Дедлајн“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Некои луѓе имаат вродена способност да бидат грижливи, трпеливи и полни со разбирање: овие хороскопски знаци се најдобри родители

Некои луѓе едноставно имаат вродена способност да бидат грижливи, трпеливи и полни со разбирање – особини што ги прават идеални родители.
Астрологијата тврди дека одредени хороскопски знаци се истакнуваат кога станува збор за родителски инстинкт, емоционална поддршка и способност да им обезбедат на децата стабилна и топла средина.
Рак – нежност и безусловна љубов
Раковите се познати по својата емоционалност и длабока поврзаност со своето семејство. Нивната интуиција им помага да ги препознаат потребите на своите деца и да одговорат со големо разбирање. Децата се чувствуваат безбедно и сакано околу нив.
Лав – гордиот заштитник
Иако може да изгледаат доминантно, Лавовите се исклучително посветени родители. Тие сакаат да бидат модели на улоги за своите деца и ги охрабруваат да бидат најдобрите верзии од себе. Нивната енергија и ентузијазам создаваат инспиративна семејна средина.
Риби – Сочувство без граници
Рибите се емпатични и интуитивни, што ги прави исклучително грижливи родители. Нивната способност да се поврзат со емоциите на детето помага да се изгради длабока доверба. Децата учат како да ги изразуваат чувствата и да бидат сочувствителни покрај родителите во знакот на Риби.
Бик – стабилност и трпение
Биковите се сигурни и доследни, што им дава на децата чувство на сигурност. Нивната трпеливост и практичност ги прават одлични во решавањето на секојдневните предизвици на родителството. Децата покрај родителот Бик растат во стабилна и организирана средина.
Девица – организација и внимание на детали
Девиците се аналитични и внимателни, па затоа не пропуштаат ниту еден аспект од родителството. Тие ја сакаат рутината и редот, што им помага на децата да развијат одговорност и независност. Нивната посветеност на здравјето и образованието ги прави исклучително корисни водичи низ детството.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Кралицата Летиција има илјада од најубавите фустани и секој од нив е подобар од претходниот

Кралицата Летиција го поминува летото на Мајорка со своето семејство, а нејзините најнови фотографии се само уште еден доказ дека таа е најдобро облечената жена во Европа.
Иако е на одмор, Летиција извршува и некои кралски должности, па посети изложба и ги шармира сите со своето модно издание.
View this post on Instagram
Дури и кога е во лежерни, секојдневни комбинации, Летиција држи лекција по стил. Овој пат се појави во розов фустан од модната куќа „Хуго Бос“, а интересно е што претходно не сме ја виделе во овој фустан, со оглед на тоа што кралицата е позната по тоа што го рециклира својот гардеробер.
View this post on Instagram
Овој модел на фустан беше во А-крој, беше памучен и лелеав, а деколтето во форма на срце го правеше уште поинтересен.
View this post on Instagram
Фустанот на кралицата Летиција одговара на секоја жена бидејќи совршено ги крие сите недостатоци, а воедно создава илузија на подигната половина, со што секоја фигура ја прави да изгледа послабо.
View this post on Instagram
Таа го комбинира со едноставни еспадрили и уште еднаш ги покажа своите модни вештини.
фото: принтскрин
Забава
Почина Габи Новак

Легендарната хрватска пејачка Габи Новак почина на 89-годишна возраст, објавија хрватските медиуми.
По загубата на сопругот Арсен Дедиќ, кантавтор и композитор, со кого беше во брак повеќе од четири децении, на 17 август 2015 година, Габи Новак се соочи со уште една тешка лична трагедија на почетокот на јуни оваа година – смртта на нивниот син Матија Дедиќ, еден од најистакнатите хрватски џез-пијанисти, кој почина на 8 јуни во Загреб на 52-годишна возраст.
Таа целосно се повлече од јавниот живот пред смртта.
Во текот на богатата кариера таа снимила голем број албуми и синглови и соработувала со врвни композитори и музичари. Нејзините уметнички достигнувања се потврдени со многубројни награди, меѓу кои и неколку „Порин“ – во 2002 година за најдобра џез-изведба, во 2003 година за албум на годината, најдобар женски вокал, најдобар поп-албум и најдобра вокална соработка, а во 2006 година ја доби наградата „Порин“ за животно дело.
Габи Новак честопати е нарекувана прва дама на хрватската поп-музика, а нејзината интерпретација, емоционален израз и уметнички стандард оставија траен белег врз музичкото наследство на Хрватска и поширокиот регион.
фото: принтскрин