Контакт

Забава

Слика на Моне продадена за рекордни 110.7 милиони долари

Објавено пред

Слика од Клод Моне е продадена за 110.7 милиони долари, што е светски рекорд за продадено дело на францускиот уметник. Моне ја завршил сликата на масло во 1890 година, како дел од неговата серија монети „Хејстакс“, на која е прикажан руралниот живот во близина на неговиот дом во регионот Нормандија.

За првпат е продадена импресионистичка слика за повеќе од 100 милиони долари. Последен пат беше поставена на аукција во 1986 година, кога достигна само 2,5 милиони долари.

Дотогаш беше во рацете на едно семејство, кое го купило парчето директно од дилерот на уметникот, речиси еден век.

Серијата монети на Моне имаше 25 слики, од кои поголемиот дел висеа во уметнички галерии низ целиот свет.
„Nymphéas en fleur“ претходно беше најскапото сликарство на Моне, продадено за 84,7 милиони долари во мај 2018 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Тони Брекстон облече бикини за домашно селфи

Објавено пред

Тони Брекстон ја покажа својата прекрасна фигура на 52 години во бикини, откако одбра социјална дистанца наместо да оди на плажа.

Една од најголемите аренби ѕвезди од 90-тите во неделата сподели фотографија од себеси во бикини за нејзините 3,3 милиони следачи на Инстаграм.

52-годишната аренби легенда, позната по култната Un-break My Heart, направи селфи во огледало. Таа им пркоси на годините со својата младешки изглед и атлетска фигура. Се чини дека се чувствува убаво и изгледа убаво, без притоа да вложи поголем напор.

Иако изгледа подготвена за на плажа, Тони се реши за безбедната и одговорна опција придржувајќи се кон препораките за социјално дистанцирање за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Под фотографијата напиша „Плажите се отворени и јас сум подготвена … но премногу сум исплашена да одам. Сè уште има КОВИД-19. Останете безбедни!“

Тони реши „да игра на сигурно“ во време кога илјадници луѓе се чекираа на социјалните мрежи како слават на плажите и езерата низ целата земја, дури и откако „Њујорк тајмс“ го привлече вниманието со објавување на некои од имињата на приближно 100.000 Американци кои починаа од Ковид-19.

На почетокот на овој месец, Тони се појави со новиот сингл Do It, со текст што ги повикува слушателите да прекинат безплодна врска.

Објавувањето се совпадна со најавата за нејзиното преселување во дискографската куќа „Ајланд рекордс“, за која снимаат многу современи sвезди, меѓу кои Ариана Гранде, Џастин Бибер и Дрејк, и  класични музичари како Елтон Џон, Боб Марли и „Квин“.

Прикажи повеќе...

Забава

Поддршка за медицинската сестра којашто се појави на работа само со бикини под заштитното одело

Објавено пред

Медицинската сестра Надежда Жукова се фотографираше во ковид-болницата во Тула, Русија, само во бикини под заштитното одело и со тоа стана популарна низ целиот свет.

Таа доби поддршка од жителите на рускиот град Самара, кои се сликаа само во долна облека под заштитните одела и ги споделија фотографиите на социјалните мрежи.

Како што велат, тие сакаа да ја поддржат Надежда, но и да испробаат сами како е да се работи во заштитно одело.

Против Надежда била отворена дисциплинска постапка кога нејзината фотографија се појавила на Интернет, но таа, сепак, нема да биде казнета, затоа што добила поддршка од многумина.

Прикажи повеќе...

Забава

Џон Малкович морал да работи нонстоп изминативе 10 години откако бил измамен од Берни Мадоф

Објавено пред

Актерот Џон Малкович ги загубил своите животни заштеди со шемата на озлогласениот финансиер Мадоф, кој измами илјадници инвеститори за околу 64,8 милијарди американски долари во таканаречената „Понзи“ шема и подоцна беше осуден на 150 години затвор.

Малкович откри дека тој и неговата долгогодишна партнерка Николет Пејран морале да направат големи промени во начинот на живеење, и тој морал да прифати што повеќе улоги во разни филмови за повторно да станат финансиски безбедни.

Во интервју за британски „Гардијан“, актерот вели: Нашиот тогашен бизнис менаџер инвстираше речиси сè што имавме во компанија на некој финансиер Берни Мадоф. Сè што некогаш сум створил го снема.

„Видов слика на Берни Мадоф со лисици на рацете и реков: Одам долу да земам пакет цигари. Мислам дека имаме мал проблем со Мадоф.“

На прашањето колку пари изгубил, тој додаде: „О, не знам. Многу. Го сменивме стилот на живеење и трошење.

„Морав да работам цело време. Престанав да давам пари за многу работи – за бизнис, за забава, за семејството, за пријателите. Претходно трошевме многу пари за продуцирање на филмови. И тоа запре.“

Бернард Лоренс „Берни“ Мадоф е американски финансиер кој ја направи најголема финансиска измама во историјата на САД. Во период од 17 години, можеби и подолго, тој измами илјадници инвеститори за десетици милијарди долари. Исплаќал висока месечна камата на клиентите со нови инвестиции во неговата компанија, користејќи ги парите од другите клиенти. Тој исто така беше и пионер во електронското тргување и претседател на „Насдак“ берзата во раните 90-ти.

Творецот на најголемата финансиска пирамида, позната како „Понзи“ шема, во 2009 година беше осуден на 150 години затвор.

Терминот Понзи стана заштитен знак за измами што подразбираат привлекување нови инвеститори за да го платат профитот на веќе постоечките инвеститори на одреден проект. Оваа пирамидална шема името го доби по италијански имигрант Чарлс Понзи, „татко“ на класичната пирамида-шема. Тој барал од луѓето да инвестираат во неговиот бизнис, ветувајќи им 50 отсто од профитот за 45 дена. Шемата на Понзи почнала да се разоткрива во 1919 година кога “Бостон пост“ започнал истрага за неговиот бизнис.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Двајцата пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег се во добра здравствена состојба

Двајцата пациенти на кои во саботата им беше изведена трансплантација на бубрег од починат донор се во добра и стабилна...

Македонија4 часа

Потврден 21 нов случај на коронавирус, нема починати пациенти

Во изминатите 24 часа потврден е 21 нов случај на коронавирус, а Министерството за здравство соопшти дека не се регистрирани починати...

Свет4 часа

Психијатар со српско потекло со торта отрул колеги во Австрија

Психијатар вработен во затвор со српско потекло е уапсен недалеку од Виена под сомнение дека на колегите им дал торта...

Регион5 часа

Албанија од 1 јуни ги отвора границите и плажите

Албанскиот премиер, Еди Рама, рече дека на хотелите во таа земја ќе им биде дозволено да ги отворат своите плажи...

Македонија5 часа

Претседателот на Стопанската комора за енергетика: Измамници нечесни, вирусот не е смртоносен

Претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков, тврди дека коронавирусот не е смртоносен и дека е обичен...

Македонија6 часа

Филипче: Коронавирусот ниту е мртов ниту е заминат

Фотографиите и прилозите од вчерашното празнување во верските храмови и пред нив се повторно загрижувачки. И покрај апелите на здравствените...

Економија6 часа

Најбогатите луѓе во светот го зголемија богатството за 255 милијарди долари за два месеца

Вкупното богатство на 25-те најбогати луѓе во светот се зголеми за 255 милијарди американски долари за два месеци, пишува „Форбс“....

Регион6 часа

Храповиќ: Црна Гора е прва „корона фри“ држава во Европа

Црногорскиот министер за здравство, Кенан Храповиќ, соопшти дека Црна Гора последна во Европа го регистрира првиот случај на Ковид-19 и...

Свет19 часа

САД ѝ се заканија на Кина поради ситуацијата во Хонгконг

Aмериканскиот советник за национална безбедност Роберт О’Брајан се закани дека Вашингтон ќе воведе санкции за Кина и Хонгконг доколку Пекинг...

Европа21 час

Австрискиот претседател го прекршил полицискиот час, полицијата го нашла во ресторан по полноќ

Австрискиот претседател, Александер Ван дер Белен, се извини денеска откако полицијата во друштво на неговата сопруга Дорис Шмидауер, по полноќ...

Европа22 часа

На миса во Франкфурт се заразиле 107 лица

Најмалку 107 лица се заразиле со коронавирус на миса на Баптистичката црква во Франкфурт, објави денеска локалниот министер за здравство....

Свет1 ден

„Њујорк Тајмс“ на насловната страница ги објави имињата на починатите од Ковид-19

Весникот Њујорк Тајмс на насловната страница ги објави имињата на починатите од Ковид-19. Вообичаени текстови, фотографии и цртежи се заменети...

Македонија1 ден

Нови 37 случаи на коронавирус во земјава, нема починати

Во последните 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на коронавирус и тоа: – Скопје...

Спорт1 ден

Мечот Ливерпул-Атлетико е „одговорен“ за 41 починат од коронавирусот

Анализата на податоците на Британската здравствена служба (НХС) открива дека мечот од осминафиналето од Лигата на шампионите на Ливерпул против...

Свет1 ден

Десетдневна жалост поради жртвите на коронавирусот во Шпанија

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека во јули ќе се отворат граници за странските туристи и најави дека ќе се...

Македонија1 ден

Филипче: Иван е добар, следува најважниот период од неговото закрепнување

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово во Клиниката за Државна Кардиохирургија го посети пациентот на кого му беше...

Регион1 ден

Хрватска од идната недела ја отвора летната туристичка сезона

Откако хрватскиот министер за туризам го претстави планот за отворање на летната туристичка сезона, во кој се предвидува дека до...

Европа1 ден

Португалски град ќе ги тестира сите жители за коронавирус

Крајбрежниот град Каскаис во близина на Лисабон планира да биде првиот во Португалија којшто ќе ги тестира сите 200 000...

Спорт1 ден

Тајсон: Сите ќе бидете шокирани од името на мојот прв противник (видео)

Мајк Тајсон тврди дека договорот за неговиот камбек во боксерскиот ринг ќе се потпише следната недела и додава дека мистериозниот...

Регион1 ден

Бугарски новинар пронајден мртов во езерото Варна

Бугарскиот новинар Георги Александров бил пронајден мртов, удавен во езерото Варна во езерскиот канал близу Аспарухово, додека работел на сторија...

Досие