Контакт

Забава

Тајванска авиокомпанија нуди лет без дестинација

Објавено пред

Тајван продолжува да се грижи за своите жители желни да патуваат нудејќи ново искуство – лет без дестинација, јавува Си-ен-ен.

По понудата во која Тајванците беа во можност да се најават и да се качат на приземјените авиони на аеродромот „Сонгшан“ во јули, една авиокомпанија отиде чекор подалеку и понуди лет без дестинација.

„ЕВА ер“, една од најголемите авиокомпании на Тајван, понуди лет на 8 август на Денот на татковците за да ги задоволи потребите за патување. Летот трае околу три часа и тргнува од аеродромот „Таојуан“ во Тајпеј и потоа се враќа на истото место.

„Меѓународниот воздушен сообраќај е приземјен повеќе од половина година“, се наведува во веб-страницата на „ЕВА ер“. „Желбата на граѓаните да заминат во странство е сè посилна. За да им се исполнат желбите на патниците, ‘ЕВА ер’ одлучи да понуди алтернативно патничко искуство на 8 август на Денот на татковците“.

Доколку денот биде ведар, патниците ќе може од воздух да ги видат атракциите, како што се островот Гуишан и живописното крајбрежје на Хуадонг, како и од околните острови.

Тие ќе летаат со суперпопуларниот авион „Хелоу Кити“ и патниците може да очекуваат дека понудата во летот ќе биде поврзана со бела фиктивна мачка, ќе имаат бесплатен интернет и други електронски услуги што обично се нудат само на долги летови.

Оброкот до осмисли готвачот Мотоказу Накамура, добитник на три ѕвезди „Мишелин“. Билетот во економската класа ќе чини 150 евра, а патниците ќе може да доплатат уште 30 евра за повисока класа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Почина мајката на Силвестер Сталоне

Објавено пред

Џеки Сталоне, мајката на холивудскиот актер Силвестер Сталоне, почина на 98-годишна возраст, како што потврди нејзиниот најмлад син Френк, пренесува „Дејли мејл“.

Во објавата споделена на Инстаграм, Френк напиша „мајка ми почина во сон, како што посакуваше, во понеделник наутро“.

„Утрово, јас и моите браќа ја изгубивме нашата мајка Џеки Сталоне. Таа беше мајка на четири деца, Томи, Силвестер, Френки и мојата покојна сестра Тони Ен“, напиша 70-годишниот добитник на  наградата „Греми“.

Прикажи повеќе...

Забава

Ева Лонгорија ги повика фановите да гласаат на изборите во ноември

Објавено пред

Ева Лонгорија Бастон ги повика своите следачи на социјалните мрежи да гласаат на претстојните претседателски избори.

Ева ја отвори виртуелната Демократска национална конвенција уште во август, имајќи предвид дека таа со години беше отворен политички активист на Демократите во САД.

А во понеделникот, 45-годишната актерка која глумеше во популарната серија „Очајни домаќинки“ докажа дека и во слободните денови, па дури и кога вежба во сала, продолжува со политички активизам – со селфи и порака.

Латино-убавицата, покажувајќи ги затегнатите стомачни мускули, им се обрати на своите осум милиони следачи на Инстаграм и ги повика да гласаат во ноември.

Прикажи повеќе...

Забава

Џенифер Лопез со свршеникот Алекс на егзотичен одмор на Туркс и Кајкос

Објавено пред

Таа работи напорно, но слободните денови сака да ги ужива на плажа.

Џенифер Лопез помина романтичен летен викенд со свршеникот Алекс Родригез на песочните плажи на егзотичните острови Туркс и Кајкос.

51-годишната пејачка и актерка ги покажа своите убиствени облини и златен тен во неонски розови бикини.

Архипелагот Туркс и Кајкос на исток од Бахамите, омилена дестинација на познатите личности, е составен од шест главни острови. Секој од нив е познат по кристално чистите води и бели песочни плажи, а многумина ги сметаа за најубави острови во светот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

(Видео) Филипче: Состојбата со вирусот повторно се влошува, ако е потребно ќе има рестрикции

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека за есенва се размислува за воведување на повеќе мерки како...

Македонија2 часа

Мицкоски ги повика граѓаните утре да излезат на протест против неправдата и мафијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на нов протест што ќе се одржи утре во 18.30 часот. Како што порача...

Економија2 часа

(Видео) Бектеши: Субвенциите за етнички вработувања се дел од изгласаната владина програма

Вработувањата кои ќе поттикнат добри меѓуетнички односи се вметнати во Владината програма која е изгласана од Собранието, изјави министерот за...

Свет3 часа

Русија очекува до 15 октомври да регистрира втора вакцина против коронавирус

Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата ТАСС повикувајќи...

Европа4 часа

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го...

Спорт5 часа

Италијански судија убиен во својот дом

Италијанскиот фудбалски судија Даниеле Де Сантис (33) и неговата девојка Елеонора Манта (30) биле убиени во домот на судијата во...

Македонија5 часа

Училишниот час ќе трае пократко од 40 минути, постои можност и учебната година да заврши порано

Собранието вчера вечерта ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на...

Македонија5 часа

Од почетокот на пандемијата во Македонија починаа 700 лица

Од почетокот на пандемијата досега починаа 700 лица, откако вчера беше потврдена смртта на уште 7 пациенти. Меѓу починатите вчера...

Свет6 часа

„Сите мораме да соработуваме“, порачаа светските лидери на годишнината на Обединетите нации

Светските лидери за време на специјалната сесија на ООН посветена на 75-годишнината од основањето на таа организација се согласија дека...

Македонија6 часа

Собраниска седница за избор на заменик-министри во Владата

Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменик-министри во Владата....

Македонија6 часа

Пендаровски: Неопходни се силни Обединети нации, реформирани и прилагодени на новата реалност

Претседателот Стево Пендаровски преку видеопорака се обрати на настанот на високо ниво, што по повод 75-годишнината од формирањето на Организацијата...

Македонија8 часа

Димитров во прва работна посета на Брисел од формирањето на новата Влада

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска ќе престојува во работна посета на Брисел, што всушност е...

Македонија17 часа

Игор Јанушев се повлече од функцијата

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва избра нови членови на Извршниот комитет на партијата. Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, се...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски: Предложив вонреден конгрес на кој јас нема да бидам претседател, но предлогот беше одбиен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер, каде што тој нема да се кандидира,...

Македонија23 часа

Седум лица починаа од коронавирус, потврдени се 45 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на...

Свет23 часа

СЗО ѝ се заблагодари на Русија за напорите за развој на безбедна и ефикасна вакцина против коронавирусот

Првата официјално регистрирана вакцина против Ковид-19, развиена од Институтот за епидемиологија и микробиологија при Научноистражувачкиот центар „Гамалеја“, сега се наоѓа...

Македонија23 часа

Пратениците на Беса го напуштија СДСМ во Собранието, но договорот за коалиција не се растура

Четворицата пратеници на партијата Беса од денеска во Собранието нема да дејствуваат како дел од коалицијата со СДСМ туку како...

Македонија24 часа

Станиците Битола 1 и Миладиновци не мерат ПМ10 оти дотраените инструменти биле извор на радијација

Мерните станици се во функција, но дел од инструментите кои ги мерат ПМ10-честичките не работат, велат од Министрството за здрава и...

Македонија1 ден

Драма во Струмица: Роднини насилно го однеле телото на починат пациент, заедно со болничкиот кревет

Роднини и пријатели на пациент кој починал во струмичката болница насилно го зеле телото сосе болничкиот кревет и преку оградата...

Економија1 ден

Наместо карго-аеродром во Штип, ќе се градат училишта, водовод и канализации, соопшти Бектеши

Министерството за економија лани направило измени на Законот за јавно приватно партнерство со кој се отвора можноста средствата предвидени во...

Досие