Забава
Џони Деп вели дека Холивуд го бојкотира
Џони Деп се осврнува на она што тој го нарекува „холивудски бојкот“ во своето прво интервју по губењето на тужбата за клевета и последователните напори да ја обжали одлуката на судот во врска со британскиот таблоид „Сан“, кој го окаракеризира како тепач на жена.
Со уште една правна битка закажана за следниот април – Деп ја тужи поранешната сопруга Амбер Херд за клевета и бара оштета од 50 милиони долари за нејзината изјава за „Вашингтон пост“ во 2018 година за наводно семејно наилство – тој е спречен да зборува за случајот или за неговиот однос со Амбер.
Но, 58-годишниот актер во зум-интервју за „Сандеј тајмс“, се осврна на „надреалните пет години“ што ги имаше откако беше обвинет за насилство, вклучително и испаѓањето од холивудската заедница.
Откако ја загуби тужбата за клевета минатата есен, Деп објави дека од него е побарано да поднесе оставка од франшизата „Фантастични sверки. Данскиот актер Мадс Микелсен треба да го замени како Гринделвалд. Како што забележува Тајмс, новиот филм на Деп, „Минамата“, нема да излезе во САД.
Деп – кој во филмот го глуми фотографот В. Јуџин Смит, кој го документираше труењето со жива на јапонски селани во раните 1970–ти, вели дека неговите маки се помали во споредба со оние жртви на труење или луѓето кои страдаа од ковид.
Но, се чини дека негодува што неговата поврзаност со филмот, кој тој исто така и го продуцира, резултира во тоа што филмот не го доби вниманието што смета дека го заслужува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Ѕвездата од „Игра на тронови“ го прослави 30-тиот роденден во провокативна облека
Актерката Софи Тарнер се здоби со слава со улогата на Санса Старк во серијата „Игра на тронови“, а имаше само 13 години кога започна снимањето. Се чини дека „времето лета“, а познатата Санса, или поточно, Кралицата на Северот, сега го прослави својот 30-ти роденден.
Таа објави компилација фотографии од гламурозната прослава на Инстаграм, а привлече внимание со својата комбинација на облека.
„Значи, ова е 30… Мислам дека досега ми се допаѓа“, напиша таа во описот на објавата.
Софи за оваа пригода избра „гола“ облека, моделот „Irina Halter Dress“ од брендот Retrofête. Необичната креација е направена од кристали, а отворениот грб е исто така забележлив.
Фустанот ја истакна нејзината витка фигура, но и природната убавина што ја краси уште од самиот почеток на нејзината актерска кариера.
Комбинацијата ја надополни со висечки кристални обетки, блескава чанта и сребрени сандали. Косата ја стилизираше на наједноставен начин – одлучувајќи се за меки бранови што паѓаа по рамената.
Забава
(Фото/Видео) Потресна исповед на Линдзи Лохан за „Вог“: „Зошто никој не ме заштити?“
Откако се врати во светот на познатите личности, актерката Линдзи Лохан не престанува да ја интригира јавноста. Таа привлекува големо внимание со својот физички изглед, или поточно, со пластичното лице за кое плати многу.
Сега, во новиот број на списанието „Вог“, таа размислуваше за своето воспитување, но и за својот бурен живот проследен со бројни скандали и пиење.
„Често размислувам назад и се прашувам: Зошто некој едноставно не ме одведе од тоа место, зошто некој не ме заштити? Бев тинејџерка.“
Таа зборуваше и за своите рани актерски денови.
„Кога бев помлада, не ми беше удобно да го изразам своето мислење за ликот што го играв. Но, сега е друга приказна, сега имам поголема самодоверба да кажам дека нешто ми се допаѓа или не ми се допаѓа“, рече таа.
Таа и нејзиниот сопруг Бадер Шамас имаат син, Луис, кој го добија во 2023 година. Двојката се надева дека ќе го прошири своето семејство, а дотогаш уживаат во родителството.
„Соработуваме одлично бидејќи тој е толку смирен, а јас сум како петарда. Толку сме избалансирани“, рече таа, опишувајќи го својот живот во Дубаи.
„Живеењето во Дубаи беше паметна одлука. Можам само да поминувам време со моето семејство, а самиот град ме тера да се чувствувам како да сум фокусирана на она што е навистина важно за мене“, вели Линдзи Лохан, додавајќи дека повеќе не мора да се грижи за својот физички изглед во јавноста како порано.
Забава
(Фото/Видео) Уште една убавица уништена од операција: „Тажно, беше прекрасна“
Роузи Хантингтон-Вајтли важи за дама со стил и вкус која го негува минимализмот, но и дамскиот стил на облекување. Со години таа му пркоси на трендот на естетската хирургија, а полните усни, експресивните јаболчници и сините очи беа нејзин заштитен знак.
И потоа сè „тргна наопаку“…
Неодамна, таа носеше ревија за брендот „Барбери“, по што започна лавина од коментари на мрежите. Обожавателите почнаа да забележуваат промени на нејзиното лице, а многумина напишаа дека не ја препознаваат.
„Толку многу процедури на нејзиното лице. Тажно, затоа што порано беше убава“, „Што направи со лицето?“, „Изгледа чудно“, „Го уништи лицето“, се само дел од коментарите…
Гласините за естетската хирургија беа дополнително поттикнати од видео објавено од списанието „Вог“. Многумина напишаа дека нејзиното лице е отечено и дека ја „обвинија“ естетската хирургија за оваа состојба.
Моделот не коментираше за овие коментари.

