Забава
Адел триумфира на „Брит авордс“
Суперѕвездата на топ-листите, Адел, ги освои првите три награди на „Брит авордс“ во вторникот, во првото безродово издание на британските музички награди.
Ова беше првпат во историјата на годишните награди на британската поп-музика да нема родови поделби во категориите.
Поп-дивата родена во Лондон, или кралицата на Британците, како што ја нарече водителот Мо Гилиган, ја доби првата награда на вечерта Песна на годината за нејзиниот хит-сингл Easy on Me.
Песната е од нејзиниот најнов албум „30“, аудиозапис за кој Адел изјави дека го направила за да му помогне на својот деветгодишен син да сфати зошто се развела од татко му. „30“ воедно е и албум на годината.
„Би сакала да му ја посветам оваа награда на мојот син, и на Сајмон, на неговиот татко. Овој албум беше целото наше патување, не само мое“, рече насолзената Адел, мислејќи на својот поранешен сопруг Сајмон Конецки.
33-годишната пејачка и текстописец, исто така, ја освои наградата Уметник на годината, сега веќе без родова категорија во која беа номинирани и раперите Литл Симз и Дејв, како и Ед Ширан и Сем Фендер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Позната манекенка во Кан за малку ќе откриеше премногу во фустан со висок шлиц
Една од најбараните манекенки во светот, Ања Рубик, го привлече вниманието на Канскиот филмски фестивал со фустан со висок шлиц.
Рубик се појави на премиерата на Horizon: An American Saga, во режија на Кевин Костнер, облечена во фустан од Сен Лоран со висок шлиц. Изгледот го комплетира со едноставна фризура, нагласена шминка и високи потпетици, со кои дополнително ја истакна својата фигура.
Меѓутоа, за разлика од Бела Хадид и руската манекенка Наташа Поли, Рубик доби само пофалби од обожавателите.
„Само вие можете грациозно да го соблечете овој фустан“, „Толку сте жешки“, „Ги надминавте помладите колешки“, беа само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Инаку, Рубик влезе во модната индустрија во 1998 година, а нејзиниот прв ангажман беше на Модната недела во Париз.
Досега има работено со многу луксузни модни брендови, меѓу кои Bottega Veneta, Marc Jacobs, Oscar de la Renta, Dior и многу други. Српскиот модел Саша Кнежевиќ ја побара за жена во 2010 година, а една година подоцна се венчаа на Мајорка. Сепак, тие се разведоа во 2015 година.
Забава
Хороскопски знаци кои не сакаат да останат пријатели по раскинувањето
Раскинувањето на врската е тешко. Без оглед на тоа како завршила врската, останувањето пријатели по раскинувањето може да биде предизвик. Некои луѓе едноставно не можат или не сакаат да одржуваат контакт со поранешните партнери. Причината може да се интензивните емоции, потребата од нов почеток за продолжување или едноставно, нивните лични убедувања кои не им дозволуваат да останат во контакт со поранешните партнери. Во продолжение ви ги откриваме хороскопските знаци кои не сакаат да останат пријатели по раскинувањето.
Овен
Овните се познати по својата страсна и импулсивна природа. Кога врската завршува, Овенот често сака да продолжи понатаму, без никогаш да гледа назад. Нивната силна личност и потребата за независност не оставаат многу простор за одржување пријателски односи со бившите. Овенот сака да се фокусира на новите почетоци, а не на минатото.
Бик
Биковите се стабилни и лојални партнери, но штом ќе одлучат дека врската е завршена, тешко им е да одржуваат контакт со бившите. Поради својата тврдоглавост и потреба од емоционална сигурност, не сакаат да останат пријатели со бившите бидејќи целта им е да избегнат непотребни емоционални турбуленции.
Лав
Лавовите се горди и имаат силно чувство за самопочит. По раскинувањето, Лавовите често чувствуваат дека е најдобро целосно да се дистанцираат. Одржувањето пријателства со поранешните партнери може да им изгледа понижувачки. Лавовите претпочитаат да го задржат своето достоинство и да одат напред со самодоверба.
Шкорпија
Шкорпиите се познати по своите интензивни емоции и страсна природа. Кога врската завршува, Шкорпиите ретко сакаат да останат пријатели. За нив раскинувањето често е болен процес, а пријателството со бившиот може само да ги продлабочи тие рани. Тие претпочитаат целосно да се дистанцираат за емоционално да се опорават.
Јарец
Јарците се сериозни и практични. Кога ќе одлучат дека врската е завршена, Јарците сакаат да го затворат тоа поглавје од својот живот. Одржувањето пријателства може да изгледа како бесмислено трошење енергија. Тие попрво ќе го насочат своето време и напор на идните успеси отколку на одржување на минатите врски.
Забава
Бејби Лазања откри што прави по Евровизија
Бејби Лазања откри што прави по Евровизија.
На „Инстаграм“ објави фотографија од музичко студио. Така стави до знаење дека по евровизиското лудило се фрли на создавање нова музика.
Новиот албум на Бејби Лазања ќе се вика Demons & Mosquitos и ќе излезе оваа есен.