Забава
Антонела Меси е речиси двојно побогата од Георгина на Роналдо
Антонела Рокузо Меси и Георгина Родригез се поубавата половина на најпознатите фудбалери во светот, а деновиве некои навивачи и фанови се заинтересираа која од овие две дами има повеќе пари на својата банкарска сметка.
Имено, богатството на Георгина, партнерката ан Роналдо, се проценува на 12 милиони евра, што е речиси половина од богатството на сопругата на Меси, Антонела, чие богатство се проценува на повеќе од 20 милиони евра.
Според неофицијални информации, Лионел Меси, исто така, е побогат од Роналдо. Неговото нето богатството се проценува на 560 милиони евра, а на Роналдо на 470 милиони евра.
И додека Геооргина најмногу зависи од приходите на Роналдо, тоа не е случај со Антонела. Во текот на студентските денови таа потпишала договор со аргентинска компанија, а потоа основала и сопствен синџир на женски чевли.
Роналдо секој месец ѝ плаќа на својата партнерка околу 100.000 евра, а наводно, ова е „џепарлак“ што ѝ го дава во знак на внимание за грижата за нивните деца.
Пред врската со Роналдо, Георгина работела во продавница, каде што го запознала фудбалерот. Заедно, двојката ги има ќерките Алана-Мартина и Беле.
Антонела и Лионел се познаваат од детството, а се венчаа во 2017 година и имаат три сина Тиаго, Матео и Сире.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Си Ен Ен објави вознемирувачко видео на кое раперот Пи Диди брутално ја тепа поранешната партнерка Каси
Вознемирувачки снимки од надзорни камери, на кои се гледа како американскиот продуцент и рапер Шон Комбс (54), познат како Пи Диди, врши брутално насилство врз неговата поранешна партнерка Касандра Вентура (37), позната како Каси, во хотелот Интерконтинентал во 2016 година објави „Си-ен-ен“.
На видеото се гледа како Пи Диди, само со крпа на себе, трча по Каси низ ходникот од хотелот. Додека таа се обидувала да влезе во лифтот, тој ја фатил за глава и ја удрил од подот. Ја удира со нога додека таа лежи неподвижна на земја, па ги зема двете чанти со кои девојката се обидувала да побегне. На крајот Диди ја одвлекува во соба.
Забава
Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи
Победникот на Евровизија, Немо Метлер, ја повика швајцарската влада да признае трет пол во официјалните документи.
Метлер истакна дека е апсолутно неприфатливо таква можност веќе да не постои во Швајцарија, пишува „Гардијан“.
„Треба да бидеме застапени и во политиката. Многу е важно луѓето да се чувствуваат видени“, рече Метлер, кој на прашањето по победата со кого првин би сакал да разговара, без размислување, го именува швајцарскиот министер за правда, Бит Јанс.
Во средата, според неговиот портпарол, министерот му испратил СМС-порака на Метлер, во која му ја честитал победата на Евровизија и го поканил да се видат.
Пред 18 месеци швајцарската влада го отфрли токму овој предлог.
Забава
Џенифер Лопез и Бен Афлек вторпат се соочуваат со развод
Американскиот актер, режисер и продуцент Бен Афлек и пејачката и актерка Џенифер Лопез се на работ на развод вторпат, а според американскиот магазин In Touch Weekly, Афлек веќе се иселил од нивниот заеднички дом.
Обожавателите забележаа дека Бен и Џенифер поминуваат сѐ повеќе време разделени во последните неколку недели.
„Тие имаат намера да се разведат – и овој пат не е виновен Бен“, рекол изворот.