Забава
Барак Обама ја објави традиционалната листа на омилени филмови, книги и песни на годината
Поранешниот американски претседател Барак Обама (63) ја објави својата традиционална годишна листа на омилени книги, филмови и песни.
Обама на својот Инстаграм профил ги сподели своите 10 најдобри филмови и книги и 25 омилени песни.
„Секогаш со нетрпение очекувам да ја споделам мојата годишна листа на омилени книги, филмови и музика. Денеска ќе започнам со споделување на некои од книгите кои остануваат со мене долго откако ќе ги прочитам“, напиша Обама.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Над 3.000 аеродромци уживаа во предновогодишниот настан „Аеродром пулсира vol. 3“
Над 3.000 аеродромци во саботата уживаа во прекрасниот предновогодишен настан „Аеродром пулсира vol. 3“, што се одржа пред платото на „Џевахир мол“.
За целиот спектакл да тече беспрекорно се погрижи познатиот водител Марко Новески. Сите генерации во еден глас ги пееја безвременските хитови на легендарните Игор Џамбазов и Гури Харе, кои на свој уникатен начин внесоа посебна топлина меѓу публиката.
Потоа на сцената настапи Тони Зен, кој успеа вистински да ги размрда присутните, а особено воодушевување кај помладата публика предизвикаа Лара и Пајак со своите актуелни хитови.
Безвременската Каролина Гочева донесе посебна магија на вечерта и со својот моќен глас, како и секогаш, никого не остави рамнодушен.
„Аеродром пулсира Vol. 3“ заврши со спектакуларен огномет и со тоа полека ја заокружуваме 2024, со надеж дека 2025 ќе биде уште поуспешна година за сите, соопшти Општина Аеродром.
Забава
Масимо пееше болен на концертот на кариерата: „Никогаш не сум имал толкав страв од сцената“
На денешен ден пред две години почина Масимо Савиќ. Имаше 60 години. Веста што го потресе регионот ја соопшти неговото семејство.
„По кратка, но херојска борба, нè напушти нашиот татко, сопруг, гордост и љубов – Масимо Савиќ. Иако го напушти овој свет, вечно ќе живее во нашите души, насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност. Засекогаш ќе бидеме твоите девојки, Ени и Мирна“, објавија неговата сопруга и ќерката на неговата официјална страница.
На почетокот на ноември 2022 година Масимо одржа концерт на својата кариера во преполната загребска „Арена“. Тој им ги испеа своите најубави песни на илјадниците луѓе.
„Никогаш не сум имал толкава нервоза на концерт, никогаш“, рече тој за време на концертот.
Тој им пееше на обожавателите три часа – и беше болен. Тогаш никој на концертот не знаеше дека Масимо се бори со ракот на белите дробови. Медицинска помош го чекала зад сцената, објавија хрватските медиуми.
Една година подоцна, во чест на Масимо, неговиот животен концерт во загребската „Арена“ беше прикажан во кината „Синестар“ во целиот регион.
Забава
Нов удар за Балдони: остана без Агенцијата за таленти по тужбата на Блејк Лајвли
По обвинувањето на Блејк Лајвли за сексуално вознемирување, актерот Џастин Балдони доживеа нов удар. Агенцијата за таленти William Morris Endeavor (WME), која досега го застапуваше, го отфрли како клиент, пишува „Дедлајн“.
Агенцијата за таленти ја донесе одлуката по жалбата поднесена од Блејк Лајвли. Жалбата е претходник на тужбата и доаѓа неколку месеци по шпекулациите за расправија на сетот на This Ends With Us.
Во него Лајвли го обвинува Балдони дека сексуално ја вознемирувал и ѝ предизвикувал тешка емоционална болка, меѓу другото. WME продолжува да ја претставува Блејк Лајвли.
37-годишната актерка во жалбата тврди дека Џастин импровизирал сцени со бакнување и други физички интимни моменти во филмот и дека често давал непримерни коментари, кои биле од сексуална природа.