Забава
Бразилскиот мафијаш кој се преправи во својата ќерка пронајден мртов

Бразилскиот мафијаш Кладувињо да Силва, кој се обиде да побегне од затвор преправајќи се во својата ќерка, пронајден е мртво во затворската ќелија.
Затворските власти соопштиле дека Да Силва најверојатно извршил самоубиство со бесење и дека е отворена истрага, пренесе АП.
Водачот на бразилска банда, попознат како Шорти, се обидел да избега од затвор маскирајќи се во својата ќерка тинејџерка, која дошла да го посети во саботата. Ја облекол нејзината облека и ставил маска со нејзиниот лик, но го издала нервозата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Дру Баримор повторно предизвика коментари поради однесувањето кон гостинка во нејзината емисија

Глумецата и водителка, Дру Баримор, неколку пати била мета на критики поради начинот на кој се однесува со гостите во нејзината емисија The Drew Barrymore Show. На социјалните мрежи често се коментира како непримерено ги држи познатите личности за рака или седи премногу блиску до нив.
Сега, гостинка ѝ беше славната глумица Кејт Бланшет, а Дру повторно со својот потег предизвика поделени реакции кај гледачите.
Бланшет зборуваше за својата љубов кон периките кои често ги носи во филмовите. Во еден момент стави кафена перика, а кога ја тргна, неколку прамени од нејзината вистинска коса останаа разџвакани. Дру веднаш реагираше – стана, нежно ѝ ја намести косата и со насмевка рече:
„Само сакам сè да биде совршено. Заслужуваш да изгледаш прекрасно.“
Кејт се пошегува и одговори: „О, фала ти, Дру ме погали.“
Тој момент може да се погледне во видеото на четвртата минута.
Оваа сцена не остави многумина рамнодушни.
„Сакам некој да ме гледа како што Дру ја гледа Кејт“,
„Само јас ли чувствувам некоја хемија овде?“,
„Како да влетав среде љубовна сцена“, се редеа коментари на интернет.
Но, имаше и такви што коментираа дека водителката повторно не ги почитува границите на гостите и дека претерува со физичкиот контакт.
„Ова не е соодветно“, напиша некој.
Да потсетиме, Дру еднаш откри зошто е толку блиска со своите гости: „Знаете ли колку ми беше тешко за време на пандемијата? Бев сама во студиото. Ги сакам луѓето“, рече таа, и додаде: „Ќе се обидам да практикувам физичка дистанца, иако тоа не ми е јаката страна.“
Кон крајот на 2023 година наиде на жестоки критики кога во емисијата ѝ гостуваше Опра Винфри. Во снимка споделена на социјалните мрежи, Дру цело време ја држеше Опра за рака. Во еден момент, Опра се придвижуваше на каучот додека зборуваше и изгледаше како да сака да ја тргне раката, но Дру ја држеше цврсто. Дополнително, со другата рака ја милуваше по раката.
Под видеото, но и на Интернет воопшто, се собраа многу коментари – многумина напишаа дека тој момент од емисијата бил прилично непријатен.
Забава
Моден детаљ што покажува дека сте самоуверени

Изгледот на вашите стапала никогаш не бил поважен, а додека сезоната на сандали е тука, совршено време е да го испробате овој моден додаток што познатите личности веќе го носат.
Заборавениот тренд се враќа со полна сила – ова лето, вниманието се префрла на вашите стапала, и тоа не само поради популарните мрежести балетанки, рибарски сандали или апостолки. На модната сцена се враќаат контроверзните, но неодоливи прстени за нозе.
Се чини дека овој детаљ, некогаш резервиран за естетиката на 90-тите, е подготвен за големо враќање.
Еден бренд кој го препозна потенцијалот на овој тренд е Луис Абел, кој го лансираше својот сребрен спирален прстен Узу во јуни. Основачите Џими Ками и Хана МВ признаа за „The Zoe Report“ дека немале голем план.
„Не беше голем планиран потег, туку повеќе беше љубопитност“, рекоа тие. Нивниот инстинкт се исплатеше – првата серија се распродаде за само неколку дена.
А зошто сега? Одговорот лежи во неисцрпната фасцинација со носталгијата. „Тие имаат чувство од 90-тите и мислам дека оттогаш останаа популарни во одредени кругови“, објаснуваат дизајнерите.
„Тоа е мал детаљ, но дава изјава на тивок, самоуверен начин“, додаваат тие.
@rihannaquiet luxury
Ријана носеше прекрасен прстен на ногата од XIV Karats вреден 600.000 долари на Мет Гала во 2023 година.
Кратко по неа, Карла Бруни беше видена и на Венецискиот филмски фестивал со различни стилови на прстени за ножни прсти.
Последниот во низата што го прифати овој тренд е музичарот Бед Бани. Кон средината на јули, тој го издаде синглот Alambre Púa, а промоцијата беше придружена со фотографија од неговите стапала украсени со дијамантски прстени.
Забава
Три хороскопски знаци со кои треба да излегувате ако барате стабилна врска

Во светот на љубовните односи често трагаме по нешто вистинско, стабилно и долгорочно. Многумина веруваат дека ѕвездите можат да ни помогнат да ги препознаеме потенцијалните партнери кои се сигурни, верни и емотивно постојани.
Ако ви е приоритет стабилноста во врската – некој што знае што сака, држи до својот збор и е подготвен да вложува во односот – одредени хороскопски знаци се издвојуваат како особено пожелни партнери. Во продолжение ги издвојуваме трите знаци со кои би требало да започнете врска ако сакате нешто сериозно и стабилно.
Бик
Биковите се познати по својот смирен и приземен пристап кон животот. Тие сакаат сигурност, ред и удобност, а во љубовта не бараат драма или игри. Ако барате партнер кој знае што значи да се посветиш на некого и кој постојано ќе го гради односот, Бикот е вистинскиот избор.
Во врската се заштитнички и лојални – не се склони кон ненадејни промени на мислење или исчезнување без објаснување. Биковите ќе вложуваат во врската на сите нивоа – емотивно, практично и материјално. Тие ја ценат рутината, но знаат да ја покажат љубовта преку гестови, допир и присуство. Стабилноста не им е само цел, туку и дел од нивниот идентитет.
Девица
Девиците не сакаат да ги покажуваат своите чувства, но се целосно посветени кога ќе ја најдат личноста на која ѝ веруваат. Нивната стабилност лежи во вниманието на деталите, размислувањето однапред и способноста да дејствуваат рационално дури и во емотивни ситуации. Во љубовта не поднесуваат површност –важни им се искреноста, одговорноста и взаемното почитување.
Кога Девица ќе влезе во врска, тоа не е затоа што ѝ било здодевно или затоа што бара краткорочна авантура – тоа е одлука зад која стојат разум и чувства. Иако можеби не се најромантични на прв поглед, нивната доследност и подготвеност да бидат тука кога најмногу треба ги прави идеални за долгорочни односи.
Јарец
Јарците се едни од најсериозните и најодговорните знаци во Зодијакот. Во врските, исто како и во животот, тие бараат стабилност и јаснотија. Не ги интересира губење време, бесцелни игри или односи без подлабока перспектива. Кога Јарецот ќе одлучи да му го даде срцето на некого, тоа го прави со длабоко чувство на обврска.
Тие се тип на луѓе што градат односи – врската не е само емоција што доаѓа и заминува, туку проект во кој се вложува. Можеби нема секојдневно да ги искажуваат чувствата преку големи гестови, но нивната присутност, работа на заеднички цели и верност ги прават партнери на кои секогаш може да се потпрете.