Забава
Бритни Спирс и Сем Асгари се разведуваат по 14 месеци брак
Бритни Спирс и Сем Асгари се разведуваат по нешто повеќе од една година брак.
Асгари поднел барање за развод во средата вечерта, неколку часа по објавувањето на веста за нивната разделба.
Манекенот, кој се ожени со поп-ѕвездата во јуни 2022 година, во своето барање за развод наведува непомирливи разлики.
Според ТМЗ, кој прв ја објави веста, Асгари и Спирс имале жестока расправија, во која тој ја обвинил пејачката за неверство. Асгари наводно се иселил од куќата.
„Јаху ентертејнмент“ се обрати до претставниците на Спирс, но не доби веднаш одговори.
Претходно и „Пипл“ потврди дека се наѕира крајот цитирајќи извор, кој откри: веќе долго време меѓу нив е многу токсично.
„Нивниот брак е проблематичен со месеци“, тврди инсајдер близок до Спирс. „Постојано има драма. Тажно е, но сепак разводот би бил поразувачки за Бритни“.
Во март парот беше забележан без бурмите. Со месеци кружеа озборувања дека бракот е во големи проблеми, но Спирс и Асгари покажаа обединетост кога беа забележани заедно во јавност. Тој објави посвета на Спирс – нарекувајќи ја „жената од моите соништа“ – во јуни на својата „Инстаграм приказна“ за да ја одбележи нивната годишнина.
Моделот исто така ја поддржа својата сопруга минатиот месец по фијаското со Виктор Вембањама – кога Спирс рече дека ја удрил еден од телохранителите на НБА-ѕвездата.
Сепак, и двајцата не беа толку сакани на социјалните мрежи во последните недели.
Ова ќе ѝ биде трет развод на Спирс доколку документите официјално бидат поднесени. Во 2004 се венча со Џејсон Александар, пријател од детството, и беа во брак само 55 часа. 10 месеци подоцна Спирс се омажи со Кевин Федерлајн.

Спирс и Асгари го врзаа јазолот минатото лето. На венчавката присуствуваа голем број ѕвезди, вклучувајќи ги Селена Гомез, Парис Хилтон, Мадона и Дру Баримор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Бојана Скендеровски: Подготовките за Филхармонија и концертот насловен „Бесмртна“ се во тек
Како што се приближува датумот за првиот солистички концерт насловен „Бесмртна“, така возбудата околу Бојана Скендеровски расте од ден во ден. Подготовките се во полн ек, а Бојана со голема посветеност работи на секој детал од вечерта која ќе го обележи нејзиниот дводецениски музички пат.

„Со нетрпение го очекувам овој концерт. Секој ден сум во сала, во студио, во процес на доработки… Сакам публиката да го почувствува тоа што го носам во себе и сакам сите да имаме една посебна и, пред сѐ, вечер која ќе биде уживање за сите сетила. Во меѓувреме подготвувам и едно мало, музичко изненадување“, открива Бојана.
На 13 декември, во 20:00 часот во Филхармонија, публиката ќе ја доживее Бојана во едно ново светло – искрена, емотивна, уметнички зрела, подготвена да ја отвори својата душа на сцена. „Бесмртна“ ветува вечер исполнета со песни што допираат длабоко, чувства кои траат и моменти кои се паметат.

Овој концерт не е само уште едно појавување на сцената, тоа е голем чекор, затворање на 23-годишното поглавје и почеток на ново, уште посилно. Публиката ќе ужива во репертоар што ги спојува најубавите спомени со сегашноста и она што допрва доаѓа.
Забава
(Фото) Меланија Трамп воодушеви во гламурозна креација во боја на смарагд
Меланија Трамп важи за дама со стил и вкус. Деловната елеганција е нејзин заштитен знак и ретко избира раскошни креации за средби со официјални претставници на земјите. Сепак, таа знае и како да направи исклучок…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го прими саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, неофицијалниот лидер на Саудиска Арабија, во Белата куќа.
На церемонијалниот пречек се придружи и Меланија Трамп, првата дама на САД, но и жена која ја знае добитната модна комбинација кога станува збор за официјални посети.

Иако деловната елеганција е нејзин заштитен знак, Меланија овој пат одлучи да направи исклучок и избра гламурозна креација за да го пречека саудискиот принц.
Станува збор за макси фустан во смарагдна боја кој ја нагласува фигурата. Со оглед на тоа што првата дама на САД ја краси тело на модел, таа немаше проблем со леснотија да ја носи оваа креација од либанскиот дизајнер Ели Саб.

Својот стил го комплетираше со дискретни додатоци, впечатлива шминка и едноставна фризура која слободно паѓаше по нејзините рамена.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Емина Јаховиќ ги расплака посетителите на нејзиниот концерт, а потоа му порача на Ковачевиќ: Ќе мораш да ми го кажеш тоа во лице
Пејачката Емина Јаховиќ синоќа, 18 ноември, го одржа својот втор концерт по ред во Сава Центар во Белград, на кој расплака многумина.
Најемотивниот момент од концертот беше кога Емина на сцената се сети на својот покоен колега Халид Бешлиќ.
Таа го отпеа неговиот хит „Први полљубац“, кој публиката го поздрави со аплауз, а многумина се расплакаа.
По концертот, Емина Јаховиќ даде изјава за медиумите, а новинарите ја прашаа за Саша Ковачевиќ, на што таа рече:
– Никогаш не сум имала ништо лошо во животот со ниту еден од моите колеги, никакви негативни вибрации. Моите колеги се мои пријатели пред сè. Саша и јас имаме безвременска песна. Напишав безвременска песна за нас двајца. Никогаш немавме никакви проблеми, никакви караници, кажување лоши работи еден на друг… – ја започна приказната Емина Јаховиќ, откривајќи дека го поканила на својот прв концерт, но дека тој одбил.
На прашањето што има да одговори на неговиот коментар „дека не е џентлеменски да каже што е проблемот“, Емина му порача дека ќе мора тоа да и го каже во лице.
фото: принтскрин

