Забава
Трансродовите жени добија забрана да се натпреваруваат на шаховски турнири
Светската шаховска федерација одлучи да ги исклучи трансродовите жени од натпревари.
„На транс-жените им е забрането да учествуваат на женски шаховски турнири до понатамошно известување,“ соопшти Светската шаховска федерација додавајќи дека за транс-жените нема место во нивните најголеми натпреварувања.
Одлуката ќе биде детаљно анализирана, што би можело да потрае и до две години.
„Тајмс“ тврди дека оваа одлука е донесена поради стравување дека транс-жените имаат неправедна, односно нефер предност.
Исто така, се наведува дека на транс-мажите ќе им бидат одземени титулите доколку ги стекнале пред транзицијата.
„Укинатата женска титула може да се префрли на општа титула од исто или пониско ниво“, велат регулаторите.
„Ако играчот го променил полот од машки во женски, сите претходни титули остануваат во квалификација. Играчот може да го користи само објавениот рејтинг во моментот кога е сменета регистрацијата и сите последователни рејтинзи кога се пријавува за женски титули“, додаваат тие.
Новата регулатива, која ќе стапи во сила на 21 август, налути многумина во шаховската заедница. Французинката Јоша Аглесијас, шаховски тренер, која ја носи титулата ФИДЕ-мастер и се идентификува како транс-жена, се огласи на „Твитер“ и остро ја осуди новата промена на правилата.
„Може ли некој да ми каже што се квалификува како официјален настан на FIDE“?, праша таа. Ќе ми дозволат ли за три дена да се натпреварувам во француското првенство? На Европскиот клупски куп во септември?“, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Си Ен Ен објави вознемирувачко видео на кое раперот Пи Диди брутално ја тепа поранешната партнерка Каси
Вознемирувачки снимки од надзорни камери, на кои се гледа како американскиот продуцент и рапер Шон Комбс (54), познат како Пи Диди, врши брутално насилство врз неговата поранешна партнерка Касандра Вентура (37), позната како Каси, во хотелот Интерконтинентал во 2016 година објави „Си-ен-ен“.
На видеото се гледа како Пи Диди, само со крпа на себе, трча по Каси низ ходникот од хотелот. Додека таа се обидувала да влезе во лифтот, тој ја фатил за глава и ја удрил од подот. Ја удира со нога додека таа лежи неподвижна на земја, па ги зема двете чанти со кои девојката се обидувала да побегне. На крајот Диди ја одвлекува во соба.
Забава
Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи
Победникот на Евровизија, Немо Метлер, ја повика швајцарската влада да признае трет пол во официјалните документи.
Метлер истакна дека е апсолутно неприфатливо таква можност веќе да не постои во Швајцарија, пишува „Гардијан“.
„Треба да бидеме застапени и во политиката. Многу е важно луѓето да се чувствуваат видени“, рече Метлер, кој на прашањето по победата со кого првин би сакал да разговара, без размислување, го именува швајцарскиот министер за правда, Бит Јанс.
Во средата, според неговиот портпарол, министерот му испратил СМС-порака на Метлер, во која му ја честитал победата на Евровизија и го поканил да се видат.
Пред 18 месеци швајцарската влада го отфрли токму овој предлог.
Забава
Џенифер Лопез и Бен Афлек вторпат се соочуваат со развод
Американскиот актер, режисер и продуцент Бен Афлек и пејачката и актерка Џенифер Лопез се на работ на развод вторпат, а според американскиот магазин In Touch Weekly, Афлек веќе се иселил од нивниот заеднички дом.
Обожавателите забележаа дека Бен и Џенифер поминуваат сѐ повеќе време разделени во последните неколку недели.
„Тие имаат намера да се разведат – и овој пат не е виновен Бен“, рекол изворот.